Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Гасификација и субвенции за возила за чиста животна средина

0
By Нова ТВ on December 28, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 28, 2017 13:52

Одговарајќи на денешните пратенички прашања, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев констатираше кои се конкретните мерки на кои државата треба да се фокусира за да го спречи загадувањето на животната средина и воздухот.

Како што рече тој, студиите забележуваат дека најголем загадувач е загревањето на домовите, потоа втор најголем извор на загадување се автомобилите, а третата е индустријата.

„Како да се реши проблемот? Со дејствување на причините а не на последиците. Мораме да го измениме начинот на греење. Не може на дрва, сецкан ќумур или гуми да се греат домаќинствата. Единствен начин како да се реши тоа е да се заменат горивата. А како тоа? Така што секаде каде што има горива кои прават полуција на ПМ10 честици, да се заменат со горива кои не го прават тоа. Зато е гасификацијата важна. А таа треба да тргне од надворешните прстени на градот Скопје а да тргне кон центар, а топловодната мрежа од центар кон надвор. Изворите се јасни, треба на нив да се дејствува“, рече Анѓушев.

Во однос на автомобилите тој даде забелешка дека најштетен елемент на државата досега и било што дозволила увезување на стари автомобили. Спротивно на тоа, тој вели, државата треба да субвенционира возила на гас или возила на електрична енергија.ж

„Најштетен елемент беше дозволата за увезување на половните возила кои загадуваат. Разбирам дека граѓаните немаат пари да купуваат скапи автомобили. Подобро е да најдеме начин да субвенционираме автомобили кои возат на гас или електрична енергија. Ние треба да помогнеме граѓаните да дојдат до субвенционирана помош. Да се откажеле на времето од четири лава, ќе имаше веќе пари за тоа“, тврди Анѓушев.

Во однос на индустријата, тој го посочи неработењето на Југохром без филтри.

„Третиот сегмент или индустријата…Југохром не е пуштен без филтри. Се договоривме дека филтер ќе се стави, поради Тетовскиот регион кој е еден од најзагадените региони и тука во индустријата не смее да има алтернатива при издувните гасови. Треба да има нулта толеранција за тоа. Филтерот на Југохром веќе се гради. Треба да се средат и котлите на РЕК Битола“, рече тој меѓу другото.

Тој потенцира дека треба да се дејствува на изворите, бидејќи се останато е само санирање на штетите што нема да биде доволно, а даде и детално образложение за средствата од Буџетот наменети за гасификацијата на цела Македонија.

аерозагадување Гасификација животна средина Кочо Анѓушев пратенички прашања Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.