Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анѓушев: Моите компании нема да учествуваат на државни тендери

0
By Нова ТВ on September 19, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 19, 2017 11:46

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, најави дека „Фероинвест“ и другите компании кои се во негова сопственост, а законски имаат други управители, нема да учествуваат на државни тендери.

Тој рече дека тендерот на ЕЛЕМ на кој конкурираше неговата фирма „Фероинвест“ бил распишан во февруари уште пред да се знае дека тој ќе биде дел од новата влада.

„Тендерот за ЕЛЕМ беше распишан во февруари кога јас не разговарав за вицепремиерско место и никој не знаеше кога ќе има влада. Ние дадовме понуда во рамките на законскиот рок од 60 дена. Понудата е дадена на 14 април, кога повторно воопшто никој не знаеше дали ќе има нова влада и дали ќе бидам составен дел од неа. Потоа постапката продолжи, заврши со две наддавања кои беа распишани од претходното раководство на ЕЛЕМ, во кои „Фероинвест“ доби одредени делови од тендерот, но истите беа поништени. Кога станав потпретседател на Влада, немаше начин како „Фероинвест“ и партнерот да се откажат од тендерот. Вистината е дека „Фероинвест“ не доби ништо на тендерот“ рече Анѓушев.

Тој додаде дека „Фероинвест“ не само на овој тендер, туку нема да добие на ниту еден друг тендер, каде што од другата страна ќе биде партнер државата.

„Фероинвест“ ќе си работи како што знае да работи на интернационалниот пазар. Фирмите 96 проценти извезуваат. Компаниите имаат 800 вработени кои и понатаму треба да продолжат да живеат и ќе бидат активни во економскиот живот во државата“ рече Анѓушев.

Вицепремиерот претходно негираше конфликт на интереси бидејќи тој е сопственик, но не и управител на „Фероинвест“, фирмата која се појави на милионскиот тендер на ЕЛЕМ за набавка на гумени траки за РЕК Битола. Тој тогаш не гледаше ништо спорно фирмата да учествува на тендери, бидејќи биле запазени сите законски процедури и бидејќи е назначен друг управител.

 

вицепремиер ЕЛЕМ Кочо Анѓушев тендер Фероинвест
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.