Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на Галуп: Во случај на војна би се бореле 38 отсто Македонци

0
By Нова ТВ on May 26, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија беше една од 64. држави во заедничкото истражување на Галуп и на Ворлдвајд Индепендент Нетворк. Во секоја учествувале по околу 1.000 граѓани (вкупно 62.398) кои одговораа на единствено прашање „дали би се бореле за својата земја и би го дале животот за неа ако има војна“ пришто позитивно се изјасниле 38 отсто од анкетираните Македонци. На просторите на поранешна Југославија биле опфатени и Косово (58 отсто се изјасниле „за“), БиХ со 55 отсто и Србија со 46 отсто „воинствени“.

Во глобален просек, 61 отсто испитаници изразиле подготвеност за борба за сопствената држава додека 27 отсто одговориле негативно. Очекувано, поголем е процентот на мажи (67 отсто) за разлика од жените – 52 отсто.

Најподготвени за војна за својата држава доаѓаат од Блискиот исток и во северна Африка, дури 93 отсто, а најниско е расположението во Западна Европа – 25 отсто.

Најмалку за својата земја би се бореле Јапонците – само 11 отсто. Следуваат во Холандија (15 отсто), Германија и Белгија (19 отсто), Италија 20 отсто, итн. Најпоготвени за борба за својата држава се Мароканците и граѓаните на Фиџи – 94 отсто. Следуваат Пакистанците со 89 отсто, Виетнамците со 89 отсто, Бангладеш со 86 отсто, Азербејцан – 85 отсто, итн.

Во Европа предничи Финска со 74 отсто подготвени за војна за одбрана на својата држава. Следува Турција со 73 отсто, Украина со 61 отсто додека во Русија тој процент е 59 отсто.

Муслиманите се најподготвени за војна – 78 отсто, хиндуисти – 77 отсто, будисти – 66 отсто, а по нив – атеистите и агностици – 57 отсто. Меѓу христијаните – 53 отсто се православни, а католици – 52 отсто. Евреите се подготвени 51 отсто.

борба Галуп истражување Македонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.