Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апел од Ќучук: Новата влада да изготви патоказ за ЕУ реформи

0
By Нова ТВ on August 31, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Известувачот за Северна Македонија во Европскиот Парламент, Илхан Ќучук утрово го поздрави стапувањето на должност на новата македонска влада и нејзиното „брзо формирање“ во услови на глобална пандемија, јави дописничката на МИА од Брисел.

„Треба да потсетиме дека Заев ги истакна и договорот со Бугарија и Преспанскиот договор со Грција како основа за продолжување на реформите. Новата влада во Скопје, која е јасно проевропска, сега ги има сите алатки за продолжување на напредокот што го направи Северна Македонија во последните години. Сметам дека една од првите задачи на новата влада е да изготви патоказ за пристапување, врз основа на широк консензус во земјата, а во меѓувреме Советот на ЕУ треба да го усвои финалниот текст од преговарачката рамка за да може да се свика првата меѓувладина конференција најбрзо што може“, порача Илхан Ќучук во неговата писмена реакција до медиумите.

Илхан Ќучук е известувач за Северна Македонија во Европарламентот, што значи дека тој го подготвува мислењето на оваа институција за реформите во земјата. Иако овој извештај не е правно обврзувачки, тој се зема предвид при носењето одлуки за ЕУ патот на земјата во другите институции. Ќучук е бугарски пратеник од редовите на Либерал-демократите „Обнова“ во ЕП.

Претседателот на „Обнова“, Дачиан Чиолос, изрази увереност дека македонската влада целосно ќе им се посвети на ЕУ реформите во наредниот период „за да обезбеди процес кој ќе има трансформативен ефект врз општеството, отворено и транспарентно инволвирајќи ги сите чинители“.

Влада Европски парламент ЕУ Известувач Илхан Ќучук Македонија Патоказ реформи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.