НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Апелација укина пресуда за екс шефот на УБК: Мијалков ќе исплива од „Титаник“?

0
By Нова ТВ on December 23, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Екс шефот на тајната полиција, некогашниот страв и трепет, Сашо Мијалков, веројатно отворил ново шампањско по веста дека Апелацискиот суд Скопје ги укина пресудите за предметот „Титаник 2“ за изборни нерегуларности против него, Мендух Тачи, Бедредин Ибраими и тројца поранешни членови на Државната изборна комисија од ВМРО-ДПМНЕ. Без оглед што тоа не значи официјален крај, туку случајот се враќа на повторно судење. Неофицијално причината се суштествени повреди на постапката на Основниот кривечен суд. Портпаролот на скопска апелација, Сафет Кадриу, не ја потврди информацијата дека второстепениот суд ја укина првостепената пресуда против екс шефот на тајната полиција Сашо Мијалков и лидерот на ДПА Мендух Тачи. Првиот доби три години затвор, а вториот два месеца повеќе за влијание врз одлука на ДИК.

„Одлуката е донесена, но не е напишана. До крајот на неделава ќе излеземе со официјално соопштение“ рече Кадриу утрово.

Сепак во попладневните часови поради, како што велат, голем интерес на јавноста и многуте различни информации што протекле во тек на денот, Апелациониот суд Скопје го соопшти следното:

„По одржана јавна седница на ден 04.11.2019 година, Апелацискиот суд Скопје, донесе одлука со која ги уважи жалбите на обвинетите, изјавени преку нивните бранители, со што ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд Скопје на повторно постапување и одлучување. При разгледување на пресудата, констатира дека првостепениот суд при постапувањето по овој предмет сторил бројни суштествени повреди на постапката од апсолутен карактер, поради кои одлуката е во целост незаконита и неправилна. Во таа насока жалбениот совет констатираше дека утврдените факти што го чинат законското обележје на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите во целост противречат на содржината на изведените докази, а воедно првостепениот суд неосновано се впуштил и утврдувал факти за постоење на кривична одговорност за лица кои немаат својство на обвинети во конкретната постапка“, се наведува во дописот од Апелација во кој се додава дека определените мерки на претпазливот изречени кон обвинетите, остануваат во сила.

Случајот во Основниот Кривичен суд во Скопје го водеше судечки совет на чело со судијата Огнен Ставрев, а во советот беа и судијата Осман Шабани и тројца поротници. Освен Мијалков и Тачи, затворска казна од четири години и шест месеци доби и членот на ДПА во ДИК, Бедредин Ибраими додека Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска добија по три години затвор.

Советот не го прифати предлогот за злоупотреба на службената положба да одговараат и петте судии од Управниот суд. Претходно Судскиот совет им го одзеде имунитетот на управните судии Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула, кој ги штитеше од кривична одговорност.

Предметот „Титаник 2“ се однесува на местење резултати на локалните избори во 2013 година. Според „бомбите“ што ги објави опозицијата, Мијалков и Тачи се договарале за гласање во однос на поднесени приговори до ДИК. Според обвинението на СЈО, односно пресудата што ја изрече судијата Огнен Ставрев, Мијалков нарачал преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

За време на судскиот процес во судницата одекнаа „бомбите“ кои тогашната опозиција, а сега власт, започна да ги објавува во 2015 година. Една од бомбите која веќе беше објавена во јавноста, открива разговор меѓу Мијалков и Тачи кој му ветува лојалност „до смрт“. Поранешниот директор на УБК му се јавува на Тачи и бара услуга од него, односно бара ургенција за гласање на седница на ДИК.

„Ало, итна ургенција. Можете ли да гласате за нас за да се усвои приговорот за Струмица, му вели Мијалков на Тачи на што тој одговара „Може, одма!“

Потоа следува втор разговор меѓу Тачи и Бедредин Ибраими, во кој Тачи му вели: „Сега ја имате Струмица, ќе гласате за да се поништи, зошто сме договорени за Чаир”.

По бомбите, во судница се слушна и снимка од одржана седница на ДИК, на која се усвојува приговорот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, по што следуваше прегласување во Струмица.
Судот на барање на обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи, по соопштување на пресудата за „Титаник 2“, во март годинава им одреди мерка притвор на Мијалков и Ибраими, поради постоење опасност од бегство. За Тачи, Срцев, Стефановска и Сајковски, беше изречена мерка за претпазливост. Против сите беше поднесено обвинение за злоупотреба на службената положба и овластувања, а против Мијалков беше поднесен обвинителен предлог за примање награда за противзаконито влијание, кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години. Во ваков случај се поднесува обвинителен предлог и се води т.н. скратена постапка.

Бидејќи против Мијалков, кој најпрвин од притвор беше префрлен во куќен притвор, бил поднесен обвинителен предлог и се водела скратена постапка, тој може да биде во притвор најмногу 60 дена. По тој рок тој беше на слобода за овој предмет. До правосилноста на пресудата, Мијалков има обврска еднаш неделно да се јавува во суд, привремено му е одземен пасошот и има забрана за издавање на нов. Судот овој пат беше повнимателен поради бегството на поранешниот премиер, Никола Груевски, и на неговиот братучед му забранил да ја преминува државната граница со лична карта.

Од „Коалицијата за правично судење“ уредно ги мониторираат сите случаи на СЈО. Од таму за Нова ТВ велат дека присуствувале на жалбената постапка на засегнатите страни во случајот „Титаник 2“, но во моментот не знаат на што конкретно се однесуваат забелешките на Апелацискиот суд во делот на „суштествените повреди на постапката на Основниот кривечен суд“.

„Од Апелација рекоа дека до крајот на неделава ќе излезат со официјално соопштение. Да ги видиме деталите па потоа ќе го кажеме нашиот став во врска со забелешките“, велат од „Коалицијата за правично судење“.

Краток рекапитулар на рочиштата од официјалната интернет страница на „Коалицијата за правично судење“

22.05.2018 година

Воведни говори на обвинетите и нивните бранители.

06.07.2018 година
Започна доказната постапка, при што беа изведени материјални докази од страна на Специјалното јавно обвинителство односно аудио снимки и видео снимка од седница на ДИК.

27.08.2018 година

Сослушани четворица сведоци предложени од СЈО

Фото: ЦивилМедиа

06.09.2018 година

Претставник на Државното правобранителство даде исказ дека предјавуваат оштетно побарување во износ од 197.574 денари. Рочиштето се одложи поради отсуство на повикан сведок.

01.10.2018 година

Сослушан еден сведок на СЈО и четворица сведоци по предлог на одбраната.

31.10.2018 година

Се утврдуваше листата на докази на одбраната, СЈО приговараше на одредени сведоци дека не треба да се испитаат затоа што биле нерелевантни за ова обвинение.

13.11.2018 година

На рочиштето се утврдуваше натамошниот тек на постапката, односно кои докази ќе бидат изведувани од страна на одбраната и обвинетите.

27.11.2018 година

Рочиштето беше одложено по барање на странките.

03.12.2018 година

Сослушан еден сведок по предлог на одбраната, а потоа беа изведени и материјалните докази на одбраната и обвинетите.

18.12.2018 година

Сослушан еден сведок и еден вештак предложени од одбраната.

24.12.2018 година

Пуштени аудио снимки како дополнителни докази на СЈО

23.10.2019 година

Рочиштето беше одложено поради тоа што вештачењето не е преведено на албански јазик.

29.01.2019 година

Рочиштето е одложено поради отсуство на обвинет.

08.01.2019 година

Со оглед дека доказната постапка заврши, на ова рочиште започнаа да се даваат завршните зборови. Специјалното јавно обвинителство ги изнесе своите завршни зборови.

19.02.2019 година

Одбраната и обвинетите даваа завршни зборови. Рочиштето беше прекинато поради влошена здравствена состојба на една обвинета.

28.02.2019 година

Завршни зборови дадоа тројца бранители и една обвинета. Судот ги извести странките дека пресудата ќе биде објавена на 8 март во 2019 година.

Апелација Мендух Тачи пресуди Сашо Мијалков Случај „Титаник 2“ укинување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.