Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Аселборн: Ако Франција заземе позитивен став, тоа ќе го следат и другите земји членки

0
By Нова ТВ on March 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 9, 2020 11:22

Како земја направивте големи напори на патот на интегрирање во ЕУ, го потпишавте Договорот од Преспа, го донесовте Законот за јавно обвинителство, клучен фактор, поради кој одредени земји не дадоа зелено светло“, порача министерот за надворешни и европски работи на Луксембург, Жан Аселборн на денешната заедничка прес-конференција во Скопје со шефот на дипломатијата, Никола Димитров. Високиот гостин притоа нагласи дека земјата е подготвена за отворање на преговорите, беа спроведени реформи и додаде дека и Договорот од Преспа, но и реформите треба да продолжат да се спроведуваат и по изборите.

„Уверен сум дека се движите во добар правец и сето тоа е во интерес на оваа земја. Вратата на ЕУ е отворена. Ви посакувам среќа и ќе сториме се за да добиете шанса во Брисел и ЕУ и Северна Македонија да можат да се движат во ист правец наредните неколку години“, рече Аселборн, кој нагласи дека тоа е во интерес не само на Северна Македонија, туку и на целиот регион и на самата ЕУ.

Во врска со резервираниот став кон проширувањето и на други земји членки на ЕУ, освен Франција, како Холандија и Данска, Аселборн истакна дека доколку Париз ја промени својата позиција, тогаш веројатно и останатите држави ќе го следат тој пример. Тој потсети дека на минатиот Самит на Унијата, Франција „изврши притисок“ за промена на методологијата за проширување и рече дека ќе ги чека извештаите на Европската комисија за земјите кандидати.

„Европската комисија даде позитивен извештај за Северна Македонија и за Албанија. Ако Франција заземе позитивен став, тоа ќе го следат и другите земји членки. Ако сега не успееме, освен што ќе биде штетно за вашата земја, тоа ќе ја наруши и европската политика на Балканот“, оцени Аселборн, додавајќи дека секоја држава има свои принципи, но треба да биде свесна за заедничките интереси.

Шефот на луксембуршката дипломатија ја нагласи и потребата и од засилување и интензивирање на соработката меѓу земјите од Балканот.

„Брисел е подалеку од сите вас, но вие сте овде во ист регион и соработката треба да биде засилена“, посочи Аселборн.

Тој со пофални зборови за неговиот колега Димитров, за кого рече дека имал голема заслуга за приближувањето на Северна Македонија кон Унијата, кој пак, од своја страна нагласи дека нема министер во Европа, кој има поголемо паметење за европскиот пат на земјава, како што е Аселборн. Нагласувајќи дека е свесен оти и Европа има свои грижи, Димитров изрази благодарност до Аселборн што издвоил време да ја посети земјава, со како што рече „една порака – заслуживте да почнете претпристапни преговори со ЕУ“.

На средбата, како што рече Димитров, разговарале за нашата кандидатура, за реформските задачи дома, за последниот извештај на ЕК , за расположението на другите земји-членки.

„Се надевам дека ќе помогне сега за неколку денови на Советот за општи работи на 24 март и ЕУ да испорача“, истакна шефот на македонската дипломатија.

Во рамки на посетата, предвидено е министерот Аселборн да биде примен и од страна на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски.

ЕУ Жан Аселборн Македонија Никола Димитров преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 5, 2026Updated:May 5, 2026

5-ти мај – ден на македонскиoт јазик

ВЕСТИ May 5, 2026

Пораки за македонскиот јазик, неговата вредност и потребата за зачувување на аманетот од постарите генерации…

123 години од смртта на Гоце Делчев

May 4, 2026

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.