Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Атомски фудбал на „Енфилд“: Ливерпул и ВАР посилни од Манчестер сити (Видео)

0
By Нова ТВ on November 10, 2019 СПОРТ
Фото: liputan6.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, November 10, 2019 20:24

Атомски фудбал на „Енфилд“ и голема победа на европскиот шампион над англискиот во дербито на 12. коло во Премиерлигата. Но, одличната претстава, головите на Фабињо, на Мохамед Салах и на Садио Мане за „црвените“ на Јирген Клоп, како и на Бернанрдо Силва за „граѓаните“ на Пеп Гвардиола паднаа во сенка на арбитражата на Мајкл Оливер.

Ливерпул поведе уште во шестата минута со погодокот на Фабињо на кој му претходеше очигледно играње со рака на Арнолд во сопствениот казнен простор. Реакција од ВАР собата изостана, нем остана и судијата Оливер, па ниту беше поништен голот на Бразилецот ниту, пак, беше досуден пенал за Сити.

https://www.youtube.com/watch?v=AvhXMsKMWNM

Седум минути подоцна, асистенцијата на Робертсон, Салах ја претвори во гол за комформа предност на домашните на полувреме. Шест минути подоцна, Ливерпул веќе имаше 3:0 по нафрлувањето на Хендерсон и ударот со глава на Мане кој практично ги растера дилемите околу тимот славеник во дербито.

Манчестер сити до крајот, сепак, успеа до погодокот во 78. минута на Бернардо Силва за потоа да не биде досуден уште еден пенал за „граѓаните“. Ново играње со рака од Арнолд, ново игрнорирање од Оливер на ВАР мониторот за дополнителна доза на гнев кај Гвардиола по натпреварот.

Премиерлига, 12 коло

Ливерпул – Манчестер сити 3:1

Вулверхемптон – Астон Вила 2:1

Манчестер јунајтед – Брајтон 3:1

Лестер – Арсенал 2:0

Тотенхем – Шефилд јунајтед 1:1

Саутемптон – Евертон 1:2

Њукасл – Борнмут 2:1

Барнли – Вест Хем 3:0

Челзи – Кристал Палас 2:0

Норич – Вотфорд 0:2

Табела: Ливерпул 34, Лестер 26, Челзи 26, Манчестер сити 25, Шефилд јунајтед 17, Арсенал 17, Манчестер јунајтед 16, Вулверхемптон 16, Борнмут 16, Барнли 15, Брајтон 15, Кристал Палас 15, Њукасл 15, Тотенхем 14, Евертон 14, Вест Хем 13, Астон Вила 11, Вотфорд 8, Саутемптон 8, Норич 7.

ВАР Ливерпул Манчестер Сити Премиерлига фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.