Победнички вовед на Новак Ѓоковиќ на завршниот Мастерс во Лондон. Српскиот тенисер, кој е прв фаворит за титулата, во првиот настап го совлада Џон Изнер со 6:4, 6:3. Меѓу присутните во „О2 арена“ беше и ѕвездата на Јувентус и петкратен освојувач на Златната топка, Кристијано Роналдо во друштво на неговата девојка Георгина Родригез и неговиот син. Португалецот има слободно време на претек со оглед дека не е во комбинација за претстојните дуели на националниот тим во УЕФА Лигата на нации.
„Роналдо е еден од најдобрите спортисти во светот во последната деценија и беше одлично да се види на трибините“, рече Ѓоковиќ по мечот.
Во вториот меч во групата „Густаво Кернтен“, Александар Зверев славеше над Хрватот Марин Чилиќ со 7:6, 7:6.
Вторник ги носи мечевите од второто коло во групата „Лејтон Хјуит“ во кои од 15 часот ќе Кевин Андерсон и Кеи Нишикори додека Роџер Федерер од 21 часот ќе атакува на прва победа на турнирот во дуелот со Доминик Тим.