Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
„СДСМ и во новата 2023 година продолжува со успешните економски мерки и политики, со постојана грижа за македонската економија и македонските граѓани. Веќе во март месец, следува покачување на пензиите помеѓу шест и седум отсто за сите 330.000 пензионери“ соопштија од владејачката СДСМ. Оттаму посочуваат дека „создадени се услови за ново зголемување на минималната плата за 10 отсто со што таа ќе изнесува безмалку 20.000 денари, што ќе придонесе за усогласување, односно раст на платите во сите сектори“. „Во Буџетот за 2023 година, предвидени се 800 милиони евра за капитални инвестиции со што ќе се поттикне економскиот раст, кој според…
Иранскиот Корпус на чувари на исламската револуција (ИРГЦ) ќе биде прогласен за терористичка организација од страна на Британија по 10 заговори за киднапирање или убивање луѓе на британско тло минатата година, пишува Дејли Телеграф. Се очекува овој потег да биде објавен во наредните недели. Одлуката ја поддржаа британската министерка за внатрешни работи Суела Браверман и државниот министер за безбедност Том Тугендхат. Означувањето на ИРГЦ како терористичка организација значи дека ќе биде кривично дело да се припаѓа на групата, да се присуствува на нејзините состаноци, да се носи нејзиниот амблем во јавност или да се поттикнува поддршка за нејзините активности. На овој начин ИРГЦ ќе се изедначи од правен аспект со организациите Ал…
Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години. Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција. „Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и…
Бугарскиот претседател Румен Радев го врачи вториот мандат за формирање влада на Николај Денков, номиниран за премиер од „Продолжуваме со промената“, јави дописникот на МИА од Софија. Радев рече дека Денков овој мандат го добива на првиот работен ден од новата година, кога традиционално си посакуваме здравје, мир и бериќет и кога на него се гледа со надеж и очекување за повеќе разум, дијалог и разбирање. Тој изрази надеж дека Денков и партијата што ја претставува „Продолжуваме со промената“ ќе ја побараат потребната собраниска поддршка. Денков рече дека во име на „Продолжуваме со промената“ го прифаќа вториот мандат со јасна…
Службата за безбедност на Украина (СБУ) покрена обвинение против гувернерката на Централната банка на Русија Елвира Набиулина, објави прес-службата на одделот на Телеграм. Според извештаите, тие имаат докази дека Набиулина „учествувала во финансирањето на руската армија и воено-индустрискиот комплекс“, објави Спутник. „Тоа беше таа што го организираше воведувањето на рубљата во регионите на југот и на истокот на Украина“, се вели во соопштението на СБУ.
Култното списание „Ролинг стоун“ објави листа на 200 најголеми пејачи на сите времиња – „вокалисти кои ја обликуваа историјата и ги дефинираа нашите животи – од госпел до панк“, како што се вели во написот. „Кога ’Ролинг стоун‘ првпат ја објави својата листа на 100 најдобри пејачи во 2008 година, користевме подробен процес на гласање што ги вклучуваше мислењата на познатите музичари. Резултатите ги фаворизираа класичниот рок и пејачите од 60-тите и 70-тите. Оваа нова листа, составена од страна на нашите вработени и клучните соработници, опфаќа 100 години поп-музика како тековен разговор на светско ниво, при што легендарната индиска пејачка…
На барање на белгиското правосудство, Европскиот парламент денеска ја започна процедурата за одземање на имунитетот на двајца пратеници кои се под истрага за наводна корупција поврзана со работите на ЕУ и Катар. По барање на белгиските правосудни органи, покренав итна постапка за одземање на имунитетот на двајца пратеници во Европскиот парламент. Нема да има неказнивост. Нема такво нешто“, објави претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола на нејзиниот Твитер профил, пренесува Танјуг. Прес-службата на Европскиот парламент не ги објави имињата на двајцата европратеници за кои ќе се одлучува, но според Асошиејтед прес (АП), кој се повикува на два анонимни извори запознаени…
Фондацијата „Заев – Едно општество за сите“ преку своите претставници г-ѓа Зорица Заева и д-р Венко Филипче, во пресрет на Новата 2023 година, донираше исклучително значаен апарат за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника по гинекологија и акушерство – Скопје. Станува збор за нов апарат – Resusci Flow neonatal and infant resuscitator, без вграден AIR/Oxygen Blender, наменет за реанимација на новороденчиња, особено на предвремено родени бебиња, со едноставен принцип на давање кислород. Донацијата дополнително опфаќа и две стојки за инфузија од Titanox – Италија и два Spo2 сензори за на прст. Имајќи во предвид дека Универзитетската клиника по гинекологија и акушерство…
Следната 2023 година да биде уште поуспешна година, да останеме доследни на стратешките цели и Северна Македонија да ги продолжи преговорите, порача заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во неговата новогодишна честитка до граѓаните. „Во периодот кој следи мудро да ја искористиме наклонетоста која ја имаме кај европските институции, геополитичките случувања и доброто ниво на подготовка на земјата за побрзо да напредуваме во процесот на евроинтеграциите. Сето ова ми дава реален оптимизам дека 2023 ќе биде уште подинамична, но и поуспешна. Очекувам, во позитивна атмосфера, со заеднички консензус и обединување околу евроинтеграциите, да ги направиме и…
Вработените во авиокомпанијата Рајанер (Ryanair) во Белгија денеска почнаа тридневен штрајк, поради што претстојниот новогодишен викенд ќе бидат откажани десетици летови. Се претпоставува дека штрајкот во Белгија нема да влијае врз сообраќајот на Рајанер во другите држави. Аеродромската служба на Шарлроа, вториот по големина аеродром во Белгија, од каде што голем број летови одат кон Медитеранот, соопшти дека денеска се откажани 48 летови на Рајанер, додека од тридневниот штрајк ќе бидат погодени 22.000 патници. Вработените во Рајанер во Белгија годинава неколкупати штрајкуваа, жалејќи се, меѓу другото, дека менаџментот на компанијата илегално повремено ги праќа на работа на друго место низ Европа, особено во…
Холандскиот суд одлучи дека властите треба да издаваат визи на роднините на луѓето кои добиле статус на бегалци во земјата. Највисокиот управен суд во Холандија тврдеше дека интересот на семејствата е поважен од оној на државата. Одлуката донесена вчера е во согласност со меѓународното право за обединување на разделените семејства. Според новата политика, роднините на бегалците кои легално престојуваат во Холандија ќе добијат виза по 15 месеци или ако можат да докажат дека обезбедиле стан. Десничарската влада на премиерот Марк Руте како причина за мерката го наведе недостигот на станови за бегалците.
Пред Министерството за надворешни работи од утрово се поставени знамињата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Знамињата се поставени во пресрет на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата од 1 јануари 2023. Министерот за надворешни работи Бујар Османи неделава кажа дека претседавањето со ОБСЕ идната година ќе биде одлична можност за земјава, додавајќи дека „имаме што да ѝ понудиме на ОБСЕ и не случајно нѐ избрале за претседавачи“. ОБСЕ е најголема безбедносна организација во која членуваат САД и Русија.