Author: Ана Василевска

Поранешниот француски премиер Едуар Филип основаше партија, наречена „Хоризонти“, со цел да ја прошири поддршката за претседателот Емануел Макрон кон десно пред претседателските избори закажани за пролетта 2022 година. Филип, кој е градоначалник на Авра на север, беше премиер од мај 2017 до јули 2020 година. Тој пред неколку пратеници ги претстави основните насоки на новата партија и вети дека ќе го поддржи центристот Макрон доколку се кандидира на претседателските избори. Според него, партијата ќе има логика на партнерство и собирање со јасна поддршка за Макрон, така што следните пет години, колку што трае претседателскиот мандат, ќе бидат „корисни години“…

Read More

Протекување на кровот на сцената и проток на вода во близина на струјните кола е причина да се откаже вечерашната претстава,  соопштуваат од Драмскиот театар. „Поради протекувањето на кровот над сцената и проток на вода во близина на струјните кола кои се наоѓаат во овој дел од театарот проценивме дека е небезбедно да не се изведуваат претстави додека истото не се санира. Водата може да предизвика сериозни проблеми, пожар, струен удар и слично, за што мора да консултираме експерти кои би дале дозвола за понатамошна работа“, информираат од Драмски Театар. И покрај нив нивните планови да ги вратат на репертоарот…

Read More

Во текот на изминатите 24 часа како последица на Ковид-19 починале 9 лица: 6 починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште 9 починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се 5 лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, 6 се…

Read More

Претстојниот Самит на Движењето на неврзаните, кој ќе се одржи на 11 и 12 октомври во Белград, ќе го обезбедуваат 3.243 припадници на Министерството за внатрешни работи, а се очекува да пристигнат 117 делегации со 572 членови, соопшти денеска српското МВР. Министерот за внатрешни работи Александар Вулин денеска изјави дека сите организациони единици во рамките на тоа Министерство се подготвени за почеток на настанот „Неврзаните 2021“ и дека сите меѓународни делегации ќе бидат обезбедувани на највисоко ниво, пренесе агенцијата Бета. По посетата на Оперативниот штаб во Единицата за обезбедување одредени лица и објекти, формиран во пресрет на 60-годишнината од основањето…

Read More

„Акцијата на незадоволните граѓани“ (АНО), предводена од премиерот на Чешката Република Андреј Бабиш, победи на изборите за Долниот дом на Парламентот, кои завршија денеска напладне. По пребројувањето на првите 4 отсто од гласовите, АНО води со 31 процент од гласовите. Според излезните анкети, Движењето убедливо води над своите ривали. Разликата е значајна и според политиколозите, што сериозно ќе влијае на конечниот резултат и ќе го потврди успехот на Бабиш, кој се обидува да ја задржи премиерската функција. Долниот дом на парламентот ќе влез и партиската коалиција Заедно, која ја вклучува десничарската Граѓанско-демократска партија, Демохристијанските демократи и партијата „Традиција, одговорност, просперитет…

Read More

Советот за човекови права на Обединетите нации го прогласи пристапот до чиста и здрава животна средина како основно право, додавајќи на формалната важност за борба против климатските промени и катастрофи. Одлуката беше изгласана без противење, и покрај претходните критики од земји како што се САД и Велика Британија, пренесува Хина. Оваа резолуција беше дискутирана во 1990-тите. Не е правно обврзувачки, но може да влијае на глобалните стандарди. Адвокатите кои се занимаваат со климатските прашања тврдат дека може да им помогне во процесите што вклучуваат еколошка проблематика. Документот беше предложен од Костарика, Малдиви, Мароко, Словенија и Швајцарија, и беше изгласан со…

Read More

Напаѓачот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ, може да го напушти мадридскиот клуб, објави Николо Шира. Според италијанскиот новинар, агентот на 23-годишниот Србин работи на заминување на играчот од Реал Мадрид во зимскиот преоден рок. Во исто време, Интер е заинтересиран да го изнајми фудбалерот во јануари. Во тековната сезона, Јовиќ одигра пет натпревари за Реал Мадрид, на кои оствари една асистенција. Србинот го помина вториот дел од сезоната 2020/21 во Ајнтрахт Франкфурт, постигнувајќи четири гола на 18 натпревари во Бундеслигата.

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска најави дека ќе ја рестартира борбата за, како што рече, универзално укинување на смртната казна и дека ќе организира состанок на највисоко ниво за да ги „убеди“ лидерите на земјите кои се уште ја применуваат „итно да ја укинат“. „Ви објавувам овој 9 октомври 2021 година, дека Франција ќе ја продолжи борбата за универзално укинување на смртната казна“, рече Макрон во говорот во Париз по повод 40 -годишнината од укинувањето на смртната казна во таа земја. Тој рече дека во рамките на француското претседателство со Европската унија во првата половина на 2022 година, Франција ќе…

Read More

Талибанците денеска отфрлија можност за соработка со САД во сузбивањето на екстремистичките групи во Авганистан, изразувајќи таков став пред првите директни разговори меѓу двете страни откако Американците се повлекоа од таа земја. Високи претставници на талибанците и американски претставници треба да се состанат денеска и утре во Доха, главниот град на Катар. Официјални лица од двете страни рекоа дека прашањата за кои се разговара ќе вклучуваат спречување на екстремистичките групи и евакуација на странски државјани и Авганистанци од земјата. Талибанците посочија дека ќе бидат флексибилни во однос на евакуацијата. Портпаролот на талибанците Сухаил Шахин за американски медиуми изјави дека нема…

Read More

Власта нема план за енергетска стабилност, паметот им е во лоповлук и не знаат како да се справат со енергетската криза која не очекува. Наместо да направат план за ископ на јаглен, тие увезуваат, наместо да направат набавка на гас тие прават егзибиции, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Прилеп, одговарајќи на новинарско прашање во врска со инфлацијата и енергетската криза. Мицкоски посочи дека инфлација веќе има затоа што, ако ги погледнете цените во малопродажба ќе видите дека цената на зејтинот е зголемена, и цената на млекото, брашното, бензините поскапуваат, а можно е зголемување и корекција…

Read More

Скопје веќе не е најзагаден град во Европа, а веќе не ниту најзагаден град во Македонија, истакна кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петре Шилегов на дебатата на телевизија Алсат. Тој откри дека за четири години успеал просечната вредност од 71 микрограм на метар кубен да ја намали на под 40, што претставува намалување за една третина. -Децениските депонии беа исчистени и успеавме да исчистиме и осум илјади оџаци, поделивме над пет илјади инвертер клими, изработивме 110 километри велосипедски патеки, купивме 33 еколошки автобуси. Изработивме целосно нов систем на јавен транспорт, еколошки, кој треба да биде имплементиран во наредните две години…

Read More

Затворените простори на угостителските објекти, кафулињата, баровите, ноќните клубови во Грција, кои примаат само вакцинирани или лица кои прележале Ковид-19, како и кината и театрите, кои ќе ја одберат оваа опција, од денеска работат регуларно, односно се укинуваат сите досегашни ограничувања. Паралелно, во земјата нема повеќе да се воведуваат рестрикции на локално ниво, во црвените зони со влошена епидемиолошка состојба, како што беше случај досега, кога во одредени региони имаше полицискиот час и забраната за музика во угостителските објекти во текот на целиот ден. Црвени зони ќе постојат и понатаму, но само од информативен карактер за епидемиолошката состојба во земјата,…

Read More