Author: Ана Василевска

Годинешен добитник на високото државно признание „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието е проф. д-р Атанас Вангелов, филолог. За животно дело во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на Павле Кузманоски, академски сликар, Бедиа Бегова, актерка и Махи Несими, политиколог. Оваа одлука стапува во сила од денот на донесувањето и ќе биде објавена во „Службен весник на РСМ“. Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 11 октомври 2021 година (понеделник) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија. Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври“ Џевдет Хајредини. (А.В)

Read More

„Кај нас физичко насилство кон луѓето кои што не изгледаат како „вистински мажи“ или “вистински жени“ се случува редовно, а овде на исток, ситуацијата станува се пострашна. Во еден значителен дел од светот, се уште луѓето од ЛГБТ+ заедницата се изложени на брутално насилство не само од околината, туку и од репресивните закони во нивните земји“. Еден од авторите кои се дел од новиот бран во македонската кинематографија е Андреј Илиевски Волкашин кој со своите два краткометражни филма „Коливо“ и „Змија“ го сврте вниманието, по храбрите теми. Го провоцира менталитетот на “провинцијата“ како извор на лажниот морал, вкоренетите вредности кои…

Read More

Истражувањето почна пред 10 години и досега произлегоа неколку проекти на самостојни изложби со скулптури и принтови, инсталации со перформанс на отворен простор, колекција светилки и колекции на накит“. – вели Нина Нинеска. По пауза од речиси две години, изложбата на македонска мода и дизајн „Slowscapes” ќе се одржи во Kултурно-социјалниот простор „Центар – Јадро“ на улица „Алберт Ајнштајн“, број 2 во Дебар маало, Скопје. Изложбата ќе даде приказ во работата на современите македонски дизајнери, истакнувајќи ги нивните практитки што придонесуваат кон заштита на нашата средина и подобра иднина. Спротиставувајќи се на „брзата мода“ и прекумерното потрошување, изложбата ќе има…

Read More

Еден од основачите на македонската скулпторска уметност Драган Попоски-Дада почина денес на 88 години. Попоски-Дада е роден во Прилеп, 1933 година, а Академија за ликовни уметности (1961) и постдипломски студии (1964) завршил во Белград. Работел како професор на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1965 година реализирал повеќе самостојни изложби и учествувал на бројни групни претставувања во земјава и во странство. Автор е на повеќе монументални дела и е добитник на повеќе награди, меѓу кои во 1981 година највисоката републичка награда „11 Октомври”. Неговата последна изложба беше во 2018 во Даут пашин амам.

Read More

Филмот „М“ во режија на македонскиот режисер Вардан Тозија ќе учествува на сесијата Филмови во изработка на филмскиот фестивал во Котбус, Германија. Од стотиците апликанти, само шест проекти се одбрани да бидат презентирани пред заинтересираните агенти, дистрибутери, ТВ и фестивалски едитори и секако е одлична можност за промоција на филмот, кој е во финалната фаза на постпродукција, соошти продуцентот Дарко Попов. Инаку, филмот М е фантастична бајка која ја раскажува приказната за осумгодишниот Марко, кој во дистопискиот и опасен свет на нашата блиска иднина е во потрага по својата мајка. Сценариото е потпишано од Вардан Тозија и Даријан Пејовски, кинематографер…

Read More

На синоќешното доделување на наградите „Тони“ новата сценска адаптација на мјузиклот „Мулен Руж“ победи во 10 категории на престижните театарски награди „Тони“. По едногодишна пауза заради пандемијата, синоќа во Њујорк се одржа четиричасовната церемонија што ја слави американската театарска индустрија. Преставата „Мулен Руж! Мјузикл“ освои награди за сценографија (сценски дизајн), костими, осветлување, дизајн на звук, додека Дени Бурстајн ја освои наградата за најдобар спореден актер . Соња Таје ја освои наградата за кореографија во своето деби на Бродвеј, а Алек Тимберс го освои трофејот за најдобра музичка режија. „Поминаа повеќе од една година, но наградите „Тони“ се тука, пееше ѕвездата…

Read More

Во меѓународна полициска акција координирана од „Европол“, разбиена е балканска група на трговци со кокаин и започната истрага против повеќе од 61 осомничени членови на таа криминална организација. Во заедничка акција на припадници на полицијата од Шпанија, Хрватска, Србија, Германија, Словенија, БиХ, САД и Колумбија, спроведена истовремено на повеќе локации во Европа, припадниците на оваа криминална организација беа лишени од слобода, претежно државјани на Хрватска, Црна Гора, Србија и Словенија, се наведува во соопштението на Европол. За време на полициската акција, запленети се 2,6 тони кокаин, 324 килограми марихуана, девет луксузни автомобили и пет мотоцикли, како и 612 илјади евра…

Read More

Студена атмосфера во која контрасно се случуваат страсни и интензивни превирања на женскиот и машкиот идентитет во раната фаза на адолесценција, снимен со голема посветеност и авторство е накусо оценката за краткометражниот филм „Северен Пол“ на режисерката Марија Апчевска-Петровска. Строгите критериуми на престижниот кански филмски фестивал се стопија пред ова филмско остварување и филмот стигна до официјалната конкуренција за „Златна палма“ за краткометражен игран филм. Иако е карактеристично за младите режисери понекогаш со нагласената емотивност да покриваат произволност во драматуршката конструкција, или пак рационална функционалност на филмската приказна, сепак „Северен Пол“ покажува авторска зрелост која не е дел од ова…

Read More

„И покрај сите препреки и предизвици со кои се соочивме во изминативе неколку месеци, вечерва можам конечно да кажам и покрај се успеавме да ја продолжиме магијата и да ја отсонуваме нашата приказна до розов хепиенд. Искрено би сакал да ви заблагодарам вам за тоа. Зошто се чини дека токму со доаѓањето во вашето и наше пристаниште Битола, како да запреа сите бури коишто дотогаш жестоко ни се закануваа и му се закануваа на нашиот фестивалски брод. По 16 септември нашата пловидба одеднаш стана мирна и потоа со вас, битолската публика, со вашите и наши прекрасни лауреати и со извонредниот…

Read More

Пред кариерата како композиторка на филмска музика во 80-тите години Пук членувала во поп-бендови: листата меѓу останатите ја сочинуваат „ABC“, „Meat Loaf“ и „The Communards“, а била и сешн-музичар на проектите на ѕвездите Питер Габриел, Ник Кејв, Пол Макартни, Марк Нопфлер, Лори Андерсон, „Massive Attack“… Светот на филмот слушна повеќе за Џослин Пук и нејзината музика откако легендарниот режисер Стенли Кјубрик ја ангажирал да напише музика за неговиот последен филм „Очи широко затворени“ („Eyes Wide Shut“) во 1999. Новиот милениум и донел нови предизвици и успеси: авторството на музиката на „Венецијанскиот трговец“ на Мајкл Редфорд и „Бандите на Њујорк“ на Мартин Скорсезе сигурно е најмаркантно меѓу триесеттината играни филмски, телевизиски…

Read More

Интернационалното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција на годинешното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ e предводено од Суки Меденчевиќ , американски кинематографер со потекло од Босна и Херцеговина. Меденчевиќ, меѓу останатите педесетина филмски проекти во неговата досегашна кариера, е кинематографер на филмовите „Големата вода“ и „Берлин проект“ на Иво Трајков и „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски. -Прв пат дојдов на Фестивалот пред 17 години, а претходно во 2002 година работев овде, бидејќи дел од снимањето на филмот „Големата вода“ се одвиваше токму во Битола и добро сум запознаен и со опкружувањето и со самиот фестивал. Филмот беше…

Read More

Од Битола за НОВА ТВ, Ана Василевска По вчерашната проекција на филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума на отворањето на 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, дел од екипата денеска се претстави на прес конференција. На прашањето дали интенција на филмот е да допре до целната група, односно до тинејџерите за свесноста околу можноста со споделувањето на компромитирачки материјали да се уништи нечиј живот, режисерката Дума вели: „Овој филм го развивав 5 години. Сниман е 6 недели на локации во Скопје. Инспирацијата е од автентичен настан што се случи кога бев во средно улилиште. Се надевам дека…

Read More