Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Наследство“, претставата за хомосексуалците во 21 век најдобра на церемонијата на њујоршките награди „Тони“, мјузиклот „Мулен Руж!“ победник во десет категории

0
By Ана Василевска on September 27, 2021 КУЛТУРА, СВЕТ
Од церемонијата за наградите „Тони“, извор: Variety
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, September 27, 2021 14:56

На синоќешното доделување на наградите „Тони“ новата сценска адаптација на мјузиклот „Мулен Руж“ победи во 10 категории на престижните театарски награди „Тони“.

По едногодишна пауза заради пандемијата, синоќа во Њујорк се одржа четиричасовната церемонија што ја слави американската театарска индустрија.

Преставата „Мулен Руж! Мјузикл“ освои награди за сценографија (сценски дизајн), костими, осветлување, дизајн на звук, додека Дени Бурстајн ја освои наградата за најдобар спореден актер . Соња Таје ја освои наградата за кореографија во своето деби на Бродвеј, а Алек Тимберс го освои трофејот за најдобра музичка режија.

„Поминаа повеќе од една година, но наградите „Тони“ се тука, пееше ѕвездата на „Хамилтон“ Лесли Одом, отворајќи специјална телевизиска емисија со наслов „Бродвеј се врати“, во која се појавија ѕвезди како Џон Леџенд, Џејк Гиленхол и други.

Копродуцентката на мјузиклот „Мулен Руж!“ , Кармен Павловиќ рече дека секоја представа заслужила награда по овие тешки 18 месеци.

„Наследство“ („The Inheritance“), портретот на животот на хомосексуалците во 21 век е прогласена за најдобра претстава и освои уште две награди „Тони“ а драматургот Метју Лопез кој е со португалско потекло на присутните им упати апел.

„Ова е 74. издание на наградите „Тони“ а јас сум првиот латино писател кој победи во оваа категорија. Ова мора да се смени. Ние сме енергична заедница, имаме толку приказни да раскажеме. Тие се во нас, сакаат да излезат надвор“, рече Лопез.

„Војничка игра “ („Soldier’s Play“), претсавата за убиството на афроамерикански војник во американската воена база во 1944 година, ја освои наградата за најдобра повторна изведба.

Сепак, разочарувањето стигна за „Игра на робови“ („Slave Play“), провокативна представа за расите и сексуалноста, која на церемонијата влезе со водечки 12 номинации, но не освои ниту една.

Невладиното, антирасистичко здружение „Broadway Advocacy Coalition“, кое се бори за зголемување на различностите во театарот, доби почесна награда.

„Божиќна приказна“ („A Christmas Carol“), сценската адаптација на романот на Чарлс Дикенс, освои пет награди, а Ејдрен Ворен ја освои наградата за најдобра актерка во улогата на Тина Тарнер во мјузиклот „Tina – The Tina Turner Musical“.

Ниту една претстава номинирана за наградите „Тони“ моментно не се игра на Бродвеј, ниту пак ќе се врати таму.

(А.В)

мјузикл Њујорк театар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Од долгите редици во Белград до високата излезност: ЦИВИЛ МЕДИА со теренски извештаи, видеа и анализи за изборите во Србија

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.