Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Разговор со Марија Апчевска-Петровска режисерка на „Северен Пол“: Важно е да се покаже дека и женскиот род исто така ги поминува сите младешки бури како и машкиот

0
By Ана Василевска on September 23, 2021 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Марија Апчевска-Петровска, режисерка
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, September 23, 2021 14:01

Студена атмосфера во која контрасно се случуваат страсни и интензивни превирања на женскиот и машкиот идентитет во раната фаза на адолесценција, снимен со голема посветеност и авторство е накусо оценката за краткометражниот филм „Северен Пол“ на режисерката Марија Апчевска-Петровска. Строгите критериуми на престижниот кански филмски фестивал се стопија пред ова филмско остварување и филмот стигна до официјалната конкуренција за „Златна палма“ за краткометражен игран филм.

Иако е карактеристично за младите режисери понекогаш со нагласената емотивност да покриваат произволност во драматуршката конструкција, или пак рационална функционалност на филмската приказна, сепак „Северен Пол“ покажува авторска зрелост која не е дел од ова тврдење. Од друга страна, женскиот сензибилитет и проникливата перспектива на Апчевска дава една нова димензија на “читање“ на скандинавскиот интимистички филмски манир и отстапува од секаков локален контекст.

Доследноста во секој сегмент на креирање на овој филм е очигледна, од идејата до севкупната продукциска реализација. „Северен Пол“ комуницира со универзален јазик и како што вели режисерката, еден од најдобрите комплименти што ги добиле во Кан е дека овој филм е вонвременски и ќе го има истото влијание врз публиката и по двесетина години. За подготовките, реализацијата, за идните проекти со Апчевска разговаравме по македонската премиера на овогодишното 42. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Таа вели дека идејата за филмот била јасно дефинирана и имала голема желба да работи со аналогна технологија и да снима на 16 мм лента.
„Од почеток ја замислував таа естетика со магловита и студена атмосфера. Инсистирав да работам со филмска лента на 16 мм. Мислам дека мојата искрена замисла во која влегов со чисто срце ја препозна целата екипа која безпоштедно се вложи во филмот. Голема е заслугата на снимателот Влатко Самоиловски но и на целата екипа воопшто. Со Мете Ковачевски и Славко Ѓорѓиевски ја свртевме целата држава за да ги најдеме потребните локации па чекавме временски услови за да има снег. Работевме во време на пандемија и воопшто не беше лесно. Продуцентот максимално ја толерираше секоја моја замисла и веруваше во проектот.“, раскажува Апчевска.

Од снимањето на „Северен Пол“
Од снимањето на „Северен Пол“

Режисерката верува дека филмот е дијалог меѓу публиката и авторите.

“Би сакала да создавам такви дела кои продуцираат дијалог и се надевам дека „Северен Пол“ успева во тоа. Во рецензиите кои ги добивме од Кан пишуваше дека особено ги пленила сцената на нападот на девојчето врз момчето, бидејќи сметам дека премногу се говори за жените како жртви, а всушност тоа не е она што доведува до рамноправност, до зајакнување на правото за еднаквост. Мислам дека е многу важно да се покаже дека и женскиот род исто така ги поминува сите тие бури како и машкиот и ги има тие предизвици и тоа ќе доведе до еднаквост“, вели Апчевска.
За женскиот лик немала дилема дека тоа ќе биде талентираната Антонија Белазелкоска, но за да го најдат Лука Митев сепак поминале долги кастинзи.
„Со машкиот лик се помачивме. Во таа средношколска возраст машките се или се уште деца или пак веќе делуваат многу возрасно. Но среќа се појави Лука на еден од последните кастинзи и после пробното снимање немавме дилема“, вели таа.

Иако македонската кинематографија бележи огромни успеси и ни се отворија вратите на најголемите филмски фестивали, Апчевска вели дека условите во кои работат се тешки.

„Ние работиме со мали буџети, не сме комотни да бидеме посветени. Сите филмаџии мораат да се снаоѓаат со тезги за да преживеат. Тоа секако влијае на квалитетот на филмовите, и затоа сметам дека постигнавме неверојтен успех. Се недевам дека Кан ќе биде заинтересирани за нас како земја, ќе очекува што доаѓа следно, и сметам дека во нашата дејност е многу важна сплотеноста и работењето за заедничко добро. Голема сатисфакција е што „Северен Пол“ дојде до Кан без никакви лобирања, едноставно беше препознаен, се случи тоа што за нас изгледаше невозможно“, вели Апчевска.

Апчевска со режисерите на филмовите во официјлна конкуренција за кратметражен флм во Кан
Апчевска со режисерите на филмовите во официјлна конкуренција за кратметражен флм во Кан

По искуството со краткометражен, таа се подготвува за долгометражен игран филм. И во следниот проект вели дека ќе се заниимава со темата на тоа ослободување по себепронаоѓањето со отворени одговори.

„И во уметноста што ја конзумирам, сакам дела што што оставаат отворени повеќе одговори, затоа што ниту една вистина не е дефинитивна. Ниту една состојба не трае вечно ни тагата, ни среќата. Во новиот филм се занимавам повторно со овие теми, ама жанровски ќе биде малку различен. Темата е повторно идентитетот и припадноста. Раскажува за една млада жена која се враќа од странство во родната земја, во куќата на нејзината неодамна почината мајка. Куќата ќе биде опседнат од духови на мртвите што ќе комуницираат со жената за заеднички да разјаснат некои прашања, ќе видиме на која страна ќе отиде.“, вели Апчевска.

Северен Пол“ е сниман во продукција на „Кино око“ Работен е на локации во Скопје и во Македонска Каменица. Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев.

Сценографијата е на Кирил Спасески, костимограф Билјана Гргур, шминкер Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуќа и кастинг-директор Киријана А. Николоска.

„Северен Пол“ вечерва ќе има скопска премира а наскоро ќе биде прикажан во Тирана, Грузија, Исланд и во многу други земји.

Ана Василевска

Битола кански филмски фестивал филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
ФОКУС
April 23, 2026Updated:April 23, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

ВЕСТИ April 23, 2026

Под мотото „Договорите не се поништуваат. Уметниците не се понижуваат“, Синдикатот на култура иницира нов…

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026

Трамп: Без договор со Иран, продолжуваме со нападите- нема пролонгирање на прекинот на огнот

April 21, 2026

Избори во Бугарија: гласачите го лизнаа Бојко Борисов – генерален победник е Румен Радев

April 20, 2026
ТИКЕР

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026

Кијив: Полицајци избегале за време на нападот – сите се суспендирани

April 19, 2026

Пукање во Кијив – има загинати и повредени

April 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.