Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Социјалната мрежа „Твитер“ е најдобра меѓу американските технолошки гиганти во примената на Европскиот кодекс на добра практса во сузбивањето на деформациите, дури и доколку тоа го прави само делумно, пишува бриселскиот портал „EУОбсервер“. -Никој во целост не го почитуваше кодексот, вели еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон. „Но, од „Гугл“, „Фејсбук“,„Твитер“,„Мајкрософт“ и „ТикТок“, еден работеше подобро од другите“. „ЕУОбсервер“ дознава дека тоа е Твитер. Сите пет технолошки гиганти го прифатија доброволниот код за борба против дезинформациите, кој Европската комисија го состави во 2018 година. Поради недоволно добри резултати ЕК на 26 мај презентираше нови упатства за подобрување на кодексот, за…
Лидерот на малата, крајно деничарска израелска партија „Јамина“, Нафтали Бенет, изјави дека ќе се обиде да формира влада на единство со противниците на поранешниот израелски премиер Бенјамин Нетанјаху. Бенет кажа дека ќе стори се што може за да формира влада со лидерот на израелската опозиција, Јаир Лапид, од партијата на центарот Јеш Атид (Постои иднина). Бенет, исто така, кажа дека идејата за коалиција на само десни партии не е вистинската опција. „Или петти избори или влада на единство. Нетанјаху добро го знае тоа“, рече Бенет и додаде дека “одговорноста мора да се преземе во клучен момент”. Според американските медиуми, ваквото…
Антикризните мерки за поддршка на стопанството ќе траат се додека економијата не застане на здрави нозе, пишува во колумна министерот за финансии Фатмир Бесими. Тој посочува дека неопходно е да се продолжи со поддршката на фирмите, но и на граѓаните, пред се од социјален аспект, за да може да продолжи заздравувањето на економијата. „Настојувањата, секако, ќе бидат во насока новите мерки кои ќе се носат да имаат истовремено и развоен карактер, односно покрај поддршката која ќе ја даваат да поттикнуваат и нови инвестиции, проширување на капацитетите и нови вработувања“ , вели Бесими. Оценува дека новите мерки ќе создадат потреба за…
Автор: Аделина Марку Долго време сум размислувала за феноменот на отфрлање на реалноста дури до степен на себеанакроност, бунејќи се дали е изворен или контекстуален. Разбирањето на оваа дилема мораше да ми стане читлива бд метадимензијата што ми ја создаваше уште повеќе втурнеше денијализм. Дури покасно, кога го искусив денијализмот , сватив дека од личниот- изворниот феномен не мора да се плашиш бд ако самиот не успеваш да го процесуираш, постојат специјални установи што помагаат. Да, и кај овој феномен , исто како кај секој во науката , се става еден ‘’изм’’ на крајот од зборот . Значи денијализмот ти…
„Убеден сум дека и во Бугарија со време ќе сфатат дека правото на различна интерпретација на историјата е исто толку важно право, како што е правото на слободна мисла и говорот“, вели во интервју за НОВА ТВ, поранешниот дипломат и екс амбасадор во Бугарија, Ѓорѓи Спасов. Според него, секогаш при ваков вид недоразбирање било од помош посредништвото. Потребна е трета страна на која двете земји ќе и веруваат и која ќе успее да ја заштити пред се послабата страна од страна на помоќниот во судирот. Какви се, според Вас, перспективите на македонско-бугарските односи? Нема причина да немаме добри односи…
Ако оптимизмот на Пендаровски се должи на дополнителни национални отстапки со Бугарија, ги предупредувам и него и Заев дека ВМРО-ДПМНЕ таква работа нема да поддржи и веднаш по формирањето на новата влада тој договор ќе биде напуштен, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на денешниот настан во Охрди кој го организира партијата заедно со фондацијата Конрад Аденауер. Мицкоски вели дека очекува кога Пендаровски ќе се врати од Рим, во духот на добрите односи да го повика и информира што се разговарало со Радев и на што се должи оптимизмот. „Ако оптимизмот се должи на дополнителни национални…
Предлогот за референдум на Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ на чекор до реалзација. Откако Парламентарниот комитет за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија го прифатија предлогот поднесен во Собранието, останува конечниот збор да го каже собранискиот спикер. Доколку и претседателот на Парламентот Талат Џафери даде зелено светло, тогаш ќе почне постапката за собирање на 10.000 потписи за распирување на референдум на ниво на целата држава. Драгана Спасовска, иницијатор на „Учебници и настава мора да има“ вели оти по одговорот од Џафери ќе имаат рок од 30 дена да ги соберат потписите. „Кога Државната изборна…
Претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција Васил Серјовски, како учесник на настаните кои се одржуваат во општина Пустец го честиташе Денот на македонската азбука и 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. „Ова година одбележуваме 77 години од донесувањето на решението за утврдување на македонската азбука со 31 буква. Во исто време одбележуваме и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, кој е еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и значајна личност во македонската книжевност“, рече Стерјовски. Тој му се заблагодари на македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски за неговата иницијатива за одбележување…
Дали децата на возраст од 12 до 16 години во земјава ќе треба да ја примат вакцината на „Фајзер“ пред да се вратат во училишните клупи? Ваква анализа летово ќе прават експерти од Комитетот за имунизација, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој вели дека епидемиолозите од Комисијата за заразни болести пак ќе треба да ги подготват протоколите за враќање на учениците во училишните клупи. „Комисијата за заразни болести во текот на следните месеци ќе изготви протокол со препораки за тоа како ќе се одвива следната учебна година, како ќе се одвива наставата во една училница, со колкав број на…
„Иновативните идеи го движат светот напред, а јас сум убеден дека сите заедно ќе направиме уште поуспешен деловен амбиент со посветена трансформација на македонскиот стартап еко систем. Заеднички да придонесеме земјава да стане стартап хаб на Балканот зашто веруваме дека тоа е вовед во четвртата индустријализација кон која се стремиме“, порача премиерот Зоран Заев, отворајќи го првиот национален старт-ап самит што се одржува во Скопје под мотото „Заеднички влијаеме“. Заев упати силна поддршка за иновативните идеи на македонската стартап заедница и нејзината голема улога во економскиот раст на локално и национално ниво. Воедно им упати честитки на сите претприемачи кои,…
Се поизвесно е оти граѓаните од 1-ви август ќе плаќаат повисоки сметки за струја. Од информациите кои претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, ги сподели со новинарите на утринскиот брифинг се поизвесно е оти цената на струјата ќе се покачи за најмалку пет отсто, но конечната одлука, според РКЕ, сепак ќе зависи од цената што ЕСМ ќе ја понуди на следниот тендер што ќе се одржи во втората половина од јуни. Бислимовски вели оти компаниите веќе ги доставиле своите барања, но тие допрва ќе се разгледуваат. „ РКЕ нема да прифати никакви дополнителни трошоци кои не се однесуваат…
Историјата на тетоважата засега длабоко во древноста, но нивното значење, суштина и смисла се менува и еволуира, заедно со општеството… Неодамнешно истражување, предводено од проф. Вирен Свами од Универзитетот „Англија Раскин“, открива дека оние кои си го украсуваат телото со цртеж или натпис имаат три одлики што значително ги разликуваат од оние кои не се определиле за таков потег. Тие се: Екстровертни Луѓето со тетоважи се поотворени, имаат повеќе енергија, сакаат да се дружат и да разговараат. Околината ги смета за забавни и љубезни. Единствени Тие сакаат да се изразат, да го кажат својот став, мислите, чувствата и да си…