Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
Без конкретен договор заврши двочасовната средба во Владата помеѓу Сојузот на синдикати на Македонија и преставници на Владата, на која се разговараше за зголемување на мининалната плата на 18.000 денари. Првиот човек на ССМ, Дарко Димовски, веднаш по средбата рече оти биле разочарани од текот на разговорите, бидејќи не добиле конкретни рокови, туку само ветувања дека проблемот ќе се реши. „Не сме задоволни од денешната средба во Владата, по основ на нашите барања, минимална плата од 18.000 денари и скалесто покачување на сите останати плати во државата, како и по однос на регрес за сите вработени во јавниот сектор“, рече…
Сали вели поканата e јавна и се однесува на сите експерти. „Сега не е време да гледаме на кој начин и во каков формат била упатена поканата до професорите експерти, туку во услови на пандемија мора сите да ги засукаме ракавите и да дадеме свој придонес за што поскоро да излеземе од оваа здравствена криза“, вели министерот за здравство Беким Сали. Изјавата на Сали доаѓа по вчерашната реакција на тројцата лекари, Драган Даниловски, Никола Пановски и Вело Марковски, кои му забалежаа на министерот дека не ги повикал лично да бидат дел од Комисијата за заштита од заразни болести, туку поканата…
Индустриското производство лани во декември е намалено за 4,9 отсто во споредба со истиот месец од 2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, во привите 12 месеци од 2021 година е повисоко за 1,4 отсто во споредба со истиот период од претходната година. Индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2021 година, во однос на декември 2020 година, бележи пораст од 2,5 тсто, во секторот Преработувачка индустрија има опаѓање од 9,1 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 20,5 отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика,…
Месец февруари и оваа година ќе биде одбележан како месец на ретките болести. Од здруженијата „Ретко е да си редок“ и „Живот со предизвици“, по повод месецот на ретки болести ја изработија четвртата сезона од проектот „Ги запознаваме ретките болести“ преку која е достигата респектабилна бројка од 111 обработени дијагнози. „Како новитет годинава е и официјалната веб страна на кампањата, на која се поместени сите податоци и материјали од претходнит кампањи. На овој начин ќе се продолжи континуитетот со запознавањето на општата популација со ретките дијагнози кој би довел до саканите ефекти на истиот“, велат од здружението „Ретко е да…
Минатата година до Државната комисија за спречување и заштита од дискриминација бил доставен само еден поднесок за дискриминација поради бугарско самочувство. Претседателката на Комисијата, Весна Бендевска изјави дека институцијата има високо ниво на самостојност и е важна во моментов, поради изјавите на припадници на бугарското малцинство во Северна Македонија кои велат дека им се загрозени правата а нема каде да се жалат. „При крајот на минатата година беше поднесена само една постапка од граѓанин кој се пожали дека е дискриминиран на работното место – вработен во мала рурална локална самоуправа – поради неговото лично чувство дека има бугарско потекло. Ние…
Министерката информираше дека инспекциските служби будно ја следат имплементацијата на Законот за работни односи и на Законот за трговија во врска со законското решение недела да биде неработен ден со кој 92% од работниците нема да работат. Трудот на работниците мора да се почитува, особено во делот на унапредувањето на работничкиот статус и квалитетот на живеење во услови на економска и здравствена криза. Затоа Владата преку дијалог со работниците и работодавачите ќе ја зголеми минималната плата на 18.000 денари а до крајот на мандатот на 20.000 денари, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска во интервју за утринската…
Грција од денеска ги олабавува дел од мерките за угостителските објекти воведени пред Нова година и дозволена е музика во нив, се укинува ограниченото работно време до полноќ, но и натаму ќе биде забрането стоење. Олабавувањето на мерките, минатата седмица го соопшти министерот за здравство на Грција Танос Плеврис, кој објасни дека одлуката доаѓа по препораката од надлежната комисија на епидемиолози, но и со оглед на тоа дека во изминатите седмици има намалување на бројот на новозаразени, иако здравствениот систем и натаму е под притисок, но „постои рамнотежа меѓу примањата и отпуштањата на пациенти“, јави дописничката на МИА од Атина.…
Бектеши бара цените на производите да останат замрзнати и во февруари. Министерот за економија Крешник Бектеши побарал од Владата да ја продолжи мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи. Ова тој го објави преку статус на Фејсбук. „Министерството за економија достави одлука до Владата со која се предлага мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени производи да се продолжи до крајот на февруари 2022 година“, пиша Бектеши. Во декември лани, Владата донесе одлука да бидат замрзнати цените на лебот, шеќерот, брашното, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8 отсто, 3,2 отсто и од 3,5…
Сојузот на синдикати на Македонија го формираше главниот штрајкувачки одбор, а од исходот на средбата во понеделник во Владата, ќе зависат натамошните чекори на синдикатот. „Штрајкувачкиот одбор во вторник по состанокот во Владата ќе утврди време и начин на изразување на работничкото незадоволство преку спроведување на штрајкот и разните облици за притисок и изразување на работничкото незадоволство, а во зависност од резултатот на преговорите“, информира ССМ по денешниот состанок на Претседателството и Советот како највисоки тела. Синдикатот бара веднаш да биде зголемена минималната плата на 18.000 денари во нето износ и таа да не биде пониска од 60 проценти од…
Бурна дебата во рамки на Комисијата за надворешна политика во Собранието на РСМ поттикната од нововоспостановените односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија. Пратениците од опозицијата со низа критики за новиот тек на преговорите помеѓу Северна Македонија и Бугарија, за кои велат оти „се воделе зад затворени врати, под превезот на некаква наводна транспарентност од страна на Владата“. Дел од нив му забележаа на министерот за надворешни работи Бујар Османи дека ниту тој, ниту неговиот претходник, не им ги доставил на увид сите договори и нон пејпери кои власта ги испраќала во Софија. Прашаа како пратениците и јавноста би…
Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини очекува наскоро да биде одобрен заемот од ЕБОР за изградба на локални депонии во земјава. „Изградбата на регионалните депонии е многу битна за нашата држава, бидејќи од прогласувањето на независноста до сега за жал не сме имале ни една инвестиција во регионален систем за отпад. Конечно имаме проекти истовремено сме во процедура со ЕБОР. Минатата недела се сретнавме со директорот на ЕБОР, а следната недела ќе дојдат во земјава нивните експерти за животна средина и за отпад. Мислам дека сме на крај тие да го одобрат заемот“, рече Нуредини на денешната…
Исплатен е вториот дел од платата за декември лани во Железници на РСМ Транспорт со што машинскиот и извршниот персонал го прекина бојкотот. Душко Чакаровски, претставник на машинскиот и извршниот персонал, вели дека со исплатата на платата е исполнето нивното барање и тие се на работните места, а за половина час ќе тргнат возовите согласно дневниот распоред од возниот ред. Претходно во соопштение од кабинетот на генералниот директор на ЖРСМ Транспорт наведоа дека „прекинот на работата односно штрајкот не е организиран согласно Законот за работни односи и Колективниот договор на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје и оти не е предизвикан…