Author: Biljana

Владата е со полн легитимитет и пред пратениците стојат сите деловнички можности. Нормално дека очекувам дебата и таквата дебата е добредојдена, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. И во СДСМ, како што истакна Спасовски во денешното гостување во Утрински брифинг, се водела дебата за кадровската политика на мандатарот Димитар Ковачевски, посочувајќи дека на седницата на партискиот Централен одбор овој предложен состав поминал едногласно и без ниту еден воздржан. За неприсуството на неколкуте министри, кои нема повеќе да бидат членови на Владата, на седницата на Централниот одбор, Спасовски вели дека нивните отсуства биле од оправдани причини и однапред најавена. „Демократскиот…

Read More

Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски се сретна со добитничката на трета награда на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио,  Лара Станчева.  Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Лара Станчева, ученичка во седмо одделение во ООУ „Лазо Трповски“ – Скопје, добитничка на трета награда на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, Јапонија. На реномираниот натпревар во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија, што се одржа во рамките на одбележувањето на „Деценијата на Обединетите Нации за одржлив развој на образованието“, Станчева наградата ја освои во конкуренција на 28.217 учесници од 161 држава. Претседателот Пендаровски…

Read More

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД. Шекеринска е првиот наш министер на кој му е врачено американско знаме како симбол и признание за одличната соработка и зајакнато партнерство и сојузништво со САД. „Благодарение на вашата визија и влијание, Армијата на Северна Македонија брзо се модернизираше и се движеше напред во целосна НАТО интеграција. Како најнов член на Алијансата, Северна Македонија веќе е значителен придонесувач кон стабилноста и безбедноста. Под вашето лидерство, САД и Северна Македонија дополнително ја продлабочија…

Read More

„Договорот од Преспа со Грција е историски успех на кој сум посебно горд бидејќи тој ни ги отвори вратите на НАТО. Сликата за нас во светот е светлина на надеж на Балканот“, рече на денешната прес конференција вицепремиерот за Европски прашања во заминување, Никола Димитров. „Преспанскиот договор на кои работев од 2003 година е Договор што ја дефинираше Македонија географски, го потврди процесот на самоопределување на македонскиот народ и го тргна привремениот назив БЈРМ. Затоа членството во НАТО е директен резултат на Договорот од Преспа. Преспа беше можна затоа што Грција прифати кои сме и каков јазик зборуваме е само…

Read More

Холандскиот визуелен уметник Јонас Стаал и рускиот колектив од уметници, критичари, филозофи и писатели „Что делат“ (Што да се прави?) подарија уметнички дела на Музејот на современата уметност – Скопје. Уметникот Јонас Стаал ја подари својата инсталација „Нови Сојузи“ (New Unions 2016 – 2019), која е дел од изложбата „Се што ни е заедничко“ курирана од Мира Гаќина и Јованка Попова. Додека, рускиот колектив „Что делат“ го подарија нивното видео „Becoming With the Museum“ за постојаната поставка, која ќе се отвори годинава во МСУ. Ова видео беше продуцирано од „Контрапункт“ и развиено преку перформанс во рамки на „Крик фестивалот“, кој…

Read More

Денеска во просториите на Општина Битола, претставници на Владата, предводени од вицепремиерот Љупчо Николовски ќе одржат средба со локалната самоуправа за да се утврдат штетите од земјотресот.  Заменик-претседателот на Владата за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски, денеска во просториите на Општина Битола ќе одржат работен состанок со градоначалникот на…

Read More

Долготрајната изложеност на загаден воздух во Западен Балкан може да ја намали плодноста на жените за повеќе од 10%; шансите за зачнување се намалуваат во деновите со високо загадување, а се зголемува можноста за спонтан абортус, констатира Европскиот фонд за Балканот, кој со партнерите во регионот ја спроведува кампањата „Oбединет Балкан за чист воздух“. Овој месец, втората фаза од кампањата се фокусира на информирање на граѓаните за падот на плодноста и се повисоките стапки на стерилитет кај жените и мажите низ Западен Балкан, предизвикани од загадениот воздух. Земјите во регионот бележат постојан пад на населението. „Научните истражувања потврдија дека зачестеноста…

Read More

Најмалку 19 лица, вклучително и девет деца, загинаа по пожар во станбена зграда во Њујорк. Пожарот започнал на вториот или третиот кат од 19-катната зграда во Бронкс, објави Би Би Си. Најмалку 54 лица се повредени денеска во голем пожар во Њујорк, од кои 32 се здобиле со повреди опасни по живот, јавија американски медиуми. Повеќе од 200 пожарникари пристигнаа на местото на пожарот што избувна во дуплекс на третиот кат од зграда лоцирана во Бронкс, соопштија официјални лица. Многу од повредените биле на горните катови во моментот на пожарот, додаваат официјални лица. На местото на несреќата лекарска помош добиле…

Read More

Претседателот на државата, Стево Пендаровски и собранискиот спикер Талат Џафери попладнево присуствуваа на традиционалниот божиќен ручек во МПЦ-ОА.  Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан по повод божиќните празници и својот именден – празникот на архиѓакон и првомаченик Св.Стефан, денеска приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На божиќната трпеза присуствуваа претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Собранието Талат Џафери. Божиќниот ручек традиционално се одржува во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан, а присуствуваа и дел од членовите на Светиот синод на МПЦ-ОА.

Read More

Во Словенија во изминатите 24 часа се потврдени 3349 нови инфекции со коронавирус Според тамошните медиуми, речиси секој втор тест бил позитивен, а починале уште шест лица. Со 7416 тестови, откриени се 3349 заразени лица, односно 45,2 отсто позитивни наоди, што е значително полошо од пред седум дена кога имало 2529 новозаразени со 41,8 отсто позитивни тестови, потврди Националниот институт за јавно здравје. Според експертите од Медицинскиот факултет во Љубљана, бројот на откриени инфекции се удвојува во една недела.

Read More

Лидерот на грчката опозиција и претседател на левичарската партија Сириза, Алексис Ципрас, на социјалните мрежи објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој на „Твитер“ напиша дека досега имал благи симптоми, додека неговата сопруга и децата се негативни на вирусот, објави „Катимерини“. „За среќа, Бети и децата се негативни. Засега имам благи симптоми и се надевам дека наскоро ќе бидам здрав“, напиша Ципрас. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис му посака среќа и брзо закрепнување на претседателот на Сириза. Ципрас прими бустер доза од вакцината против коронавирус на 13 ноември минатата година.

Read More

Денес се регистрирани 1.396 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, со што вкупната бројка на дијагностицирани лица со КОВИД-19 изнесува 233.464. Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 11.479 тестови, а регистрирани се 1.396 новислучаи на КОВИД-19: Скопје – 790, Битола – 164, Прилеп – 80, Кавадарци – 41, Куманово – 31, Охрид и Гевгелија – 26, Гостивар – 24, Кичево – 22, Велес – 21, Ресен – 19, Тетово – 18, Неготино – 17, Штип и Кочани – по 16, Струга – 12, Крушево – 9,…

Read More