Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Biljana
САД и Русија денеска во Женева ќе започнат разговори за растечките тензии околу Украина. Москва бара нов сеопфатен безбедносен аранжман со Западот, но се соочува со силен притисок да ги повлече силите. Преговорите на високо ниво ја отвораат дипломатската недела во која Русија ќе се сретне со НАТО и Организацијата за европска безбедност и соработка, а САД се обидуваат да ги уверат европските сојузници дека нема да бидaт изоставени од преговорите. Русија собра десетици илјади војници на границата со Украина до крајот на минатата година и бара гаранции дека НАТО нема да се шири кон исток или да постави нови…
Нова варијанта на коронавирусот, хибрид меѓу соевите Делта и Омикрон, беше откриена на Кипар од група локални научници кои работат во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирологија на Универзитетот во Кипар, јави ТАСС. Леондиос Кострикис, професор по биолошки науки на Универзитетот во Кипар, го нарече новиот хибрид „Делтакрон“ и во петокот предупреди дека светот „во иднина ќе види дали овој вид е попатолошки или заразен или ќе преовладува“ над сегашните варијанти. Според него, новата варијанта има генетска основа на сојот Делта, но и голем број мутации во сојот Омикрон. Кострикис, сепак, рече дека хибридот најверојатно ќе биде совладан од варијантата…
Годишната конференцијата за информации и комуникации на НАТО, најголемиот настан во доменот на стратегиските комуникации на Алијансата, наесен оваа година ќе се одржи во Северна Македонија. Како што информира Министерството за одбрана, на конференцијата во Скопје ќе пристигнат околу 500 НАТО-експерти за стратегиски комуникации од сите земји членки на Алијансата и од околу 40 партнерски земји. Конференцијата претставува годишен форум на кој се разговара за комуникациските функции и планови на Алијансата, а се разменуваат и искуства и научени лекции за актуелните и идните предизвици во областа на стратегиските комуникации. -Организацијата на овој значаен настан во нашата земја е потврда за…
Европската унија до 2050 година треба да инвестира 500 милијарди евра во нуклеарни централи од новата генерација, изјави комесарот за внатрешен пазар на Унијата, Тиери Бретон, во интервју објавено викендов. „Само на постојните нуклеарни централи ќе им требаат 50 милијарди евра инвестиции од сега до 2030 година. А на новите генерации ќе им требаат 500 милијарди“, изјави Бретон за Журнал ду Диманш. Бретон, исто така, вели дека планот на ЕУ да ги означи енергијата од нуклеарните електрани и природниот гас како „зелен“ извор е важен чекор кон привлекување капитал. ЕУ се консултира со своите земји-членки за овој предлог околу тоа…
Мексико во саботата постави рекорд по бројот на потврдени дневни случаи на инфекција со коронавирус, бидејќи, според официјалните податоци, се регистрирани повеќе од 30.000 нови случаи. Министерството за здравство во саботата соопшти дека 30.671 нови случаи биле заразени со коронавирус, откако во претходните три дена биле пријавени повеќе од 20.000 нови случаи. Сепак, бројот на починати од коронавирус не покажа слично зголемување во последните неколку дена. Во саботата 202 лица починаа од коронавирусот. Во Мексико, 4.113.789 луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а 300.303 починале. Тоа е петти најголем број на починати во светот. Мексиканските здравствени власти…
Во немирите во Казахстан загинаа 16 припадници на безбедносните сили, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Министерството за внатрешни работи. Прес-службата соопшти за повеќе од 1.300 ранети полицајци, војници и борци од Националната гарда. „Во немирите се приведени повеќе од 5.100 луѓе. Полицијата приведе околу 300 луѓе кои се обиделе да го напуштат Казахстан“, соопшти Министерството за внатрешни работи. Казахстанското Министерство за трговија истакна дека нема проблем со снабдувањето со храна. Сепак, на берзите им се советува да не продолжуваат со работа додека не се стабилизира ситуацијата во земјата. Ситуацијата во главниот град Нур Султан е мирна, јавниот превоз…
Претседателот на Асоцијацијата на странски компании со технолошко напредно производство Виктор Мизо, во интервју за МИА, говори за влијанието на пандемијата врз производствениот процес, времетраењето на испораката, но и зголемените трошоци за транспорт и репроматеријали. Предизвиците наметнати од пандемијата, енергетската криза, одливот на стручен кадар се само дел од тешкотиите со кои се соочуваат странските компании во земјава. И во услови на криза, кога се соочуваат со пад на производството, овие компании ги задржаа вработените, а работат и на доедукација на нов стручен кадар. „Инфлацијата полека, но сигурно ги еродира и оние веќе намалени профитни маргини заради драстичниот пад на…
Соработка имаше, а според најавите и ќе има и во 2022 година, но сепак двете страни имаат и обврски што се очекуваше да бидат завршени во 2021 година, а сега се префрлаат оваа година. Низа средби и посети на највисоко ниво, некои од нив и со историски карактер, потпишани договори за соработка, заложби за продлабочување на соработката, ја одбележаа 2021 година во македонско – грчките односи, кои се чини дека влегоа во нормален тек, се движат во нагорна линија, мразот веќе одамна е скршен, а довербата сѐ повеќе се зајакнува, но во исто време Грција останува и силен поддржувач на…
Надминати се девет илјади (9539) активни случаи на КОВИД-19 во земјава со новите потврдени 632 од вчерашната статистика за поминати 24 часа. Над половина активни односно 5558 се во Скопје. Трицифрени бројки на заразени во моментов имаат уште 12 града, најмногу се во Битола – 755 и Прилеп – 546, а над 300 активни имаат Охрид – 396 и Кавадарци – 301. Од новите 632 случаја, потврдени од направени 6531 тест, 470 се во Скопје. Од последици од КОВИД-19 во последното деноноќие починале седум лица и со нив вкупниот број луѓе кои ја загубија битката со коронавирусот е 8023. Од…
Капитални инвестиции во вредност од 10 милијарди и 885 милиони денари во делот на патната мрежа, железницата, гасификацијата и комуналната инфраструктура најавува Министерството за транспорт и врски за годинава. Планирани се активности за изградба на автопатски делници на Коридор 8 и Коридор 10 д, со 6,1 милијарда денари, интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и на експресните патишта, како и продолжување на изградбата на железницата кон Бугарија со 2,5 милијарди денари. Кичево-Охрид ќе се гради до крајот на 2023, најавени три нови автопатски делници И за годинава се најавува интензивирање на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, проект на две влади, а…
Новата Влада во Бугарија има историска можност да подаде рака да изградиме мост на доверба и пријателство, сметаат аналитичари од С.Македонија. „Изминатата 2021 година е неискористена можност за Унијата да го поправи својот кредибилитет во регионот и особено во Северна Македонија, и консеквентно на тоа, година на слабеење на привлечноста на Европската Унија за младите генерации. Немаме право да се откажеме од зацртаните стратешки цели, пролонгирање на датумот за почнување на преговорите не е нешто ново и непознато и не може да нѐ обесхрабри и демотивира, а што се однесува до реформите, треба да ги сфатиме како наша потреба, а…
Посетата на висока бугарска делегација, предводена од премиерот Кирил Петков, е најавена за 18 јануари. Посетата на премиерот Кирил Петков ќе означи нов почеток во развојот на билатералните односи меѓу Бугарија и Република Северна Македонија и ќе ги претстави следните чекори што двете влади ќе ги преземат за решавање на отворените билатерални прашања, соопшти бугарското МНР најавувајќи ја посетата на бугарскиот премиер на земјава за 18 јануари. „Треба да го промениме нашето разбирање за тоа што значи Република Северна Македонија да преговара со ЕУ и да биде дел од неа во иднина. Ајде да зборуваме за сите придобивки што ќе…