Author: Biljana

По петчасовна операција на преговарање полицијата денеска го уапси мажот кој тврдеше дека има бомба во неговиот пикап, паркиран во близина на Капитол Хил во Вашингтон. Шефот на локалната полиција Ј. Томас Магнер изјави дека човекот претпладнето, околу 9,25 часот, го паркирал своето возило пред библиотеката на Конгресот и на полицаецот кој му пришол му кажал дека има бомба, држејќи уред што личи на детонатор. „Излезе и го фативме. Имаме еден уапсен“, соопшти полицијата. Безбедносните сили се уште не го знаат мотивот на човекот за овој чин, а полицијата се уште го пребарува возилото. Вработените, вклучувајќи ги и оние од…

Read More

Илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Авганистан во страв од потезите на новите власти. По кризата во Авганистан, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика европските земји да преземат одговорност за мигрантите што доаѓаат од Авганистан. „Турција нема намера да стане европско складиште за мигранти“, истакна турскиот претседател. Откако талибанците минатиот викенд влегоа во Кабул, илјадници луѓе се обидуваат да го напуштат Авганистан во страв од потезите на новите власти, кои најавија дека ќе се придржуваат кон исламските шеријатски закони, јавуваат британските медиуми. Во последните недели илјадници лица влегоа во Турција откако талибанците ги зазедоа големите градови и провинции…

Read More

Рускиот претседател Владимир Путин и италијанскиот премиер Марио Драги денеска се согласија дека најважно е да се спречи хуманитарна катастрофа во Авганистан и да се заштитат неговите жители. „Фокус на денешниот телефонски разговор меѓу претседателот Путин и италијанскиот премиер Драги беше ставен на ситуацијата во Авганистан. Страните ја истакнаа важноста од спречување на хуманитарна катастрофа и потребата од продолжување на борбата против ширењето терористички идеи и закани од трговијата со дрога, кои доаѓаат од Авганистан“, се наведува во соопштението од Кремљ. Путин и Драги, исто така, повикаа на зајакнување на меѓународните напори, особено во рамки на Г20, со која претседава…

Read More

На нешто повеќе од пет недели пред парламентарните избори во Германија владеачката коалиција на ЦДУ/ЦСУ изрази загриженост поради падот на популарноста во анкетите. „Постои реална можност Унијата да не учествува во работата на идната влада“, изјави лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) и премиер на Баварија, Маркус Зодер, на денешниот затворениот состанок на претседателството на патијата, пренесуваат германските медиуми На Зодер зборува за „драматичен“ развој на настаните. Истовремено, тој ја посочи опасноста од формирање коалиција без учество на ЦДУ/ЦСУ, кои се на власт во континуитет од 2005 година. Денеска е објавен резултатот од анкетата на јавното мислење на Институтот „Кантар“, што…

Read More

Областа околу Капитол Хил е под строга безбедносна контрола од упадот во Конгресот на 6 јануари годинава. Американската полиција во моментов проверува дали во возило кај Капитол Хил, седиштето на Конгресот во Вашингтон, е пронајден експлозив, јави денеска американската телевизиска мрежа Си -Ен -Ен. „Ова е истрага за заканата со бомба“, соопшти полицијата, додавајќи дека проверува сомнителен камион во близина на Конгресната библиотека, додава телевизијата од Атланта. Полицијата на Твитер објави дека добила пријава за сомнително возило пред Библиотеката на Конгресот и ги предупреди луѓето да се држат подалеку од оваа област, пренесе телевиизјата Си-Ен-Би-Си. Полицијата испратила преговарачи да разговараат…

Read More

Тоа што се случува во Авганистан е катастрофа за авганистанскиот народ, за европските вредности, довербата во Западот и за развојот на меѓународните односи, рече шефот на европската дипломатија, Борел. Пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент, шефот на европската дипломатија Joсeп Борел откри дека западните разузнавачки служби не веруваа дека е можен толку брз колапс на режимот во Кабул, наведувајќи дека „ниту талибанците не веруваа во тоа“. „Западот во Авганистан веќе 20 години водеше битка против исламскиот тероризам од страна на Ал Каеда и талибанците, но, исто така, направи напори да изгради модерна држава од таа земја“, рече Борел.…

Read More

Полска не се согласува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко на тој начин „да и држи пиштол во чело“. Полскиот премиер Матеуш Моравиецки изјави денеска дека неговата земја е подготвена да дозволи влез на некои од околу 30-те бегалци од Авганистан, кои со денови се блокирани без храна и вода на ничија земја меѓу Полска и Белорусија. „Некои луѓе би можеле да бидат пуштени во Полска, но важна е веродостојната идентификација. Ние имаме должност да ја браниме нашата граница. Замислете таа да не е непропустлива. Пиштолот кој г -дин Лукашенко ни го држи впрен на нашите чела, би можел тогаш…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, се сретна со претставници од Здружението на воени ветерани и воени инвалиди од 2001 година – „ФЕНИКС“, предводени од претседателот на здружението Лазо Наумов. На состанокот е изразена голема благодарност до премиерот Зоран Заев и му е дадена плакета за отвореноста за соработка и покажаното разбирање за решавање на прашањата што ги засегаат воените ветерани и воените инвалиди од 2001 година. На средбата е истакнато дека за прв пат, како што беше речено, после многугодишна запоставеност, еден премиер покажува заинтересираност за нивна помош и поддршка. Разговарано за повеќе актуелни прашања, посочени…

Read More

На прашањето дали мисли дека талибанците се промениле, Бајден кусо кажа -„не“. Талибанците мора да одлучат дали сакаат да бидат признаени од меѓународната заедница, изјави американскиот претседател Џо Бајден во денешното интервју за телевизијата Еј-Би-Си, додавајќи дека не мисли дека групата ги променила своите основни уверувања. „Мислам дека тие минуваат низ некаква егзистенцијална криза: Дали сакаат меѓународната заедница да ги признае како легитимна влада? Не сум сигурен дека го сакаат тоа“, рече Бајден. Тој додаде дека му се чини дека групата е посветена на своите уверувања. Во интервјуто за телевизијата Бајден забележа дека заканата од Ал Каеда и нејзините поврзани…

Read More

Меркел изрази надеж дека што е можно повеќе луѓе ќе бидат заштитени и безбедни. Германската канцеларка Ангела Меркел ја опиша операцијата за евакуација во Авганистан како „многу компликувана мисија“ и им се заблагодари и на Бундесверот и на Узбекистан, јави ДПА. „Сега работиме за да ги вратиме луѓето од Авганистан, германски државјани, но и што е можно повеќе локални сили или Авганистанци на кои им е потребна заштита“, истакна денеска Меркел за време на посетата на градот Гисен. Таа изрази надеж дека сепак ќе се успее да се донесат што е можно повеќе луѓе дома или да бидат заштитени и…

Read More

Општина Карпош работи и на реконструкција на улиците „Иван Аговски“ и „Париска“. Општина Карпош ја реконструираше улицата „Мирка Гинова“ во населбата Карпош 1, позади гимназијата „Орце Николов“. Службите ја асфалтираа сообраќајницата во должина од 240 метри и ширина од 4.5 метри, а се обновија и пристапните краци од улицата. „По коловозната лента поставен е завршен слој асфалт – бетон, со дебелина од 5 см, со што се подобрува безбедноста за сите учесници во сообраќајот. Исто така, локалната самоуправа постави и нови рабници, а направено е поплочување и на тротоарите, за побезбедно движење на сите граѓани“, информираат од Општината. Општина Карпош…

Read More

„Газпром“ има за цел да испумпува 5,6 милијарди кубни метри руски гас преку речиси целосно завршениот гасовод до Германија. Руската енергетска компанија „Газпром“ планира годинава да почне со транспорт на гасот преку гасоводот „Северен тек 2“ под Балтичко Море до Германија, откако ќе заврши изградбата на целиот проект, соопшти денеска компанијата, пренесе ДПА. Гасоводот ќе ја заобиколи Украина, која се потпира на приходите од транзит на гас. Вашингтон постојасно го критикуваше проектот, па дури се закануваше и со санкции кон Германија, како зголемување на зависноста на Германците од Москва. Работата за поставување на цевките треба да заврши до крајот на…

Read More