Меркел изрази надеж дека што е можно повеќе луѓе ќе бидат заштитени и безбедни.

Германската канцеларка Ангела Меркел ја опиша операцијата за евакуација во Авганистан како „многу компликувана мисија“ и им се заблагодари и на Бундесверот и на Узбекистан, јави ДПА.

„Сега работиме за да ги вратиме луѓето од Авганистан, германски државјани, но и што е можно повеќе локални сили или Авганистанци на кои им е потребна заштита“, истакна денеска Меркел за време на посетата на градот Гисен.

Таа изрази надеж дека сепак ќе се успее да се донесат што е можно повеќе луѓе дома или да бидат заштитени и безбедни.

„Тоа е координирана меѓународна операција во која Германија, исто така, игра важна улога“, додаде Меркел и им се заблагодари на војниците кои се распоредени во Авганистан.