Author: Biljana

Шефот на европската дипломатија ги повика сите актери во Авганистан да дозволат безбеден и непречен пристап до хуманитарната помош. Европската унија ќе соработува со авганистанската Влада, по враќањето на талибанците на власт, доколку тие ги почитуваат основните права и го спречуваат тероризмот, изјави денеска високиот претставник на Унијата, Јосеп Борел. Борел изјавата ја даде по вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Европската унија што е посветена на ситуацијата во Авганистан, пишуваат британските медиуми. „Соработката со која било идна авганистанска Влада ќе биде условена со мирното и инклузивно решение и почитување на основните права на сите Авганистанци, вклучувајќи ги…

Read More

Кривопаланечките карате шампиони, актуелни прваци во својата конкуренција утре заминуваат на Европското карате првенство за кадети, јуниори и помлади сениори во Тампере, Финска. Вукашин Јовановиќ е петкратен шампион во својата конкуренција, а е актуелен државен првак во кадетска конкуренција до 63 килограми, а Јована Мицовска е актуелен државен првак во јуниорска конкуренција до 58 килограми. Двајцата ги бранат боите на матичниот клуб КК „Шампион“, каде работат под менторство на тренерите Жарко Ангеловски и Стевче Христовски. „Тренинзите и макотрпното вложување од мои пет години досега ме водат кон остварување на големиот сон, да се биде дел од големо Европско првенство во…

Read More

Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех апелираше за „обединет отпор“ против талибанците. Авганистанскиот потпретседател Амрула Салех денеска се прогласи за вршител на должноста претседател на државата и повика на отпор против талибанците. Тој прецизира дека според Уставот се смета за в.д. претседател, имајќи предвид дека досегашниот претседател Ашраф Гани избегал од земјата. „Според Уставот на Авганистан, во случај на отсуство, бегство, оставка или смрт на претседателот, првиот потпретседател станува вршител на должноста претседател. Моментално сум во земјата и јас сум легитимен в.д. претседател. Ги повикувам сите лидери во земјата да ме поддржат со консензус“, напиша Салех на Твитер. Тој апелираше за „обединет…

Read More

Талибанците денеска на своето прво јавно појавување по освојувањето на власта од прозападната влада на Ашраф гани, објавија дека војната во Авганистан е завршена и дека сите нивни противници ќе бидат помилувани. „Војната заврши … лидерот им прости на сите“, рече портпаролот на талибанците, Забихула Муџахид, додавајќи дека тие се посветени да им дозволат на жените да работат во согласност со принципите на исламот. Муџахид на светот му ги соопшти плановите на оваа милитантна група во Авганистан, порачувајќи им на жителите на Кабул дека нема причина да се грижат, но посочи дека нивните постапки биле неопходни поради слабоста на претходната…

Read More

„Кристијано е легенда на Реал Мадрид и јас многу го сакам и почитувам. Но, никогаш не помислив да го потпишам“, рече Анчелоти.  Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се произнесе за можното враќање на напаѓачот Кристијано Роналдо. На 17 август медиумите објавија дека Анчелоти побарал од управата на клубот да го врати Португалецот. „Кристијано е легенда на Реал Мадрид и јас многу го сакам и почитувам. Но, никогаш не помислив да го потпишам. Гледаме напред“, напиша Анчелоти на Твитер. Договорот на Роналдо со Јувентус трае до следното лето. Минатата сезона, тој одигра 44 натпревари за клубот од Торино во сите…

Read More

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, верува дека Ферари ќе се бори за шампионската титула следната сезона во Формула 1. „Верувам дека Ферари ќе може да се бори за титулата во 2022 година. Следната сезона ни треба првенство со четири или пет екипи кои се борат за шампионатот, а Ферари треба да биде еден од тие тимови. Имаат силно дуо пилоти. По слабата сезона во 2020 година, тие станаа многу подобри. Колку има поконкурентни тимови, толку е поинтересно за навивачите. Кога Ферари поминува низ криза, тоа лошо влијае на целата Формула 1. Ферари е икона во светот на мотоспортот и мора…

Read More

Талибанците одржаа прес-конференција откако во неделата влегоа во Кабул и воспоставија контрола врз целата држава. Портпаролот на талибанците Забихула Муџахид, истакна дека никој нема да биде повреден и оти не сакаат проблеми со меѓународната здница. „Сакавме да запреме пред портите на Кабул, но претходната влада се покажа толку некомпетентна, што мораше да влеземе и да ја обезбедиме сигурноста на жителите, да спречиме хаос и грабежи. Имаме право да дејствуваме според нашите верски начела. Авганистанците имаат право на свои сопствени правила и регулативи во согласност со своите вредности. Посветени сме да ги штитиме правата на жените во рамките на шеријатското право.…

Read More

ЕМА е свесна дека многу европски земји размислуваат да дадат дополнителни дози на населението кое е веќе имунизирано. Европската медицинска агенција (ЕМА) денеска соопшти дека ќе одлучи дали ќе биде потребна трета доза на антиковид вакцината, бидејќи американските регулаторни тела размислуваат за дополнителни дози. ЕМА изјави дека е во контакт со производителите на вакцини за да го координираат доставувањето на потребните податоци и дека е свесна дека многу европски земји размислуваат да дадат дополнителни дози на населението кое е веќе имунизирано. „Во оваа фаза, ЕМА се уште не утврди дали и кога ќе биде потребна дополнителна доза на вакцина против…

Read More

По пауза од една седмица, во Грција повторно се регистрирани над 4.000 нови случаи на Ковид-19, односно 4.206. Од новите случаи 28 се увезени, 969 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 470 на Крит, 323 во Солун, додека пак починаа 16 лица, а 258 пациенти, осум повеќе од вчера се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници. Паралелно, според денешните податоци, голем е бројот и на направени тестови, вкупно 106.139, од кои 86.235 се рапид, а останатите ПЦР. Над 4.000 новозаразени имаше и минатиот вторник, а како што тогаш анализираше МИА, од почетокот на пандемијата…

Read More

Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на ранливите авганистански бегалци“. Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на особено ранливите авганистански бегалци“, кои бегаат од талибанскиот режим и призна дека има тешкотии европските партнери да постигнат договор за ова прашање. Германската канцеларка, чија земја во 2015/16 година прими повеќе од милион баратели на азил, сепак, наведе дека прво треба да се бараат регионални решенија со цел тие бегалци да бидат примени во земјите во близина на Авганистан. „Во втората фаза, можеме да размислиме дали луѓето кои се особено ранливи треба да дојдат…

Read More

Буш рече дека повлекувањето на американските војници ќе има огромни последици за Авганистан, особено за жените и девојчињата. Поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, кој ја започна „војната против тероризмот“ во Авганистан по нападите врз САД на 11 септември 2001 година, денеска ја повика американската Влада да го забрза процесот на давање помош на авганистанските бегалци откако талибанците ја презедоа власта. „Владата на САД има законска надлежност да ја намали бирократијата за бегалците за време на итни хуманитарни кризи. И ние имаме одговорност и ресурси да им обезбедиме безбеден премин сега, без бирократско одложување“, се наведува во заедничкото соопштение на…

Read More

Во текот на месец јули, било регистрирано зголемување за 140,6 отсто на бројот на патници на грчките аеродроми. Зголемување на бројот на летови и на патници на грчките аеродроми како во изминатите седум месеци така и во текот на јули, споредбено со лани, но и намалување во споредба со 2019 година, односно пред пандемијата, покажуваат податоците на Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на месец јули, било регистрирано зголемување за 140,6 отсто на бројот на патници на грчките аеродроми, споредбено со истиот период лани, а за 146,9 проценти поголем бил бројот на…

Read More