Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меркел подготвена за контролиран прифат на бегалците од Авганистан

0
By Biljana on August 17, 2021 СВЕТ
Ангела Меркел
Ангела Меркел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 17, 2021 17:56

Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на ранливите авганистански бегалци“.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека е отворена за „контролиран пристап на особено ранливите авганистански бегалци“, кои бегаат од талибанскиот режим и призна дека има тешкотии европските партнери да постигнат договор за ова прашање.

Германската канцеларка, чија земја во 2015/16 година прими повеќе од милион баратели на азил, сепак, наведе дека прво треба да се бараат регионални решенија со цел тие бегалци да бидат примени во земјите во близина на Авганистан.

„Во втората фаза, можеме да размислиме дали луѓето кои се особено ранливи треба да дојдат во Европа, на контролиран начин и со поддршка“, рече таа на прес -конференција.

Меркел, која зборуваше по состанокот со нејзината естонска колешка Каја Калас, рече дека има намера да разговара за ова прашање со Високиот комесар на ОН за бегалци Филип Гранди.

Откако талибанците во неделата ја презедоа власта, илјадници Авганистанци побрзаа на аеродромот во Кабул за да се обидат да ја напуштат земјата, што доведе до сцени на хаос што го вознемирија светот.

Меѓутоа, прашањето за прифаќање мигранти останува многу деликатно во ЕУ, особено во Германија, каде што политиката на прифаќање мигранти во 2015 година ја дестабилизираше Ангела Меркел и нејзината конзервативна партија и предизвика зајакнување на крајнодесничарската антимуслиманска партија.

Авганистан Ангела Меркел повлекување авганистан
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.