Author: Biljana

Столтенберг ги повика талибанците да го олеснат заминувањето на сите оние кои сакаат да го напуштат Авганистан. Поради враќањето на талибанците на власт во Авганистан постои закана од меѓународен тероризам изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, додавајќи дека Алијансата „мора да биде будна за да остане во првите редови на борбата против тероризмот “. Тој на прес -конференцијата во Брисел кажа дека била изненадувачка брзината на колапсот на авганистанската национална армија, по напредокот на талибанците, и дека НАТО може да извлече поуки од тоа, но дека главниот фокус денеска е на извлекувањето на луѓето од земјата. Ген-секот на…

Read More

САД веруваат оти имаат капацитет да извлечат од Кабул од 5.000 до 9.000 луѓе дневно. САД остануваат посветени на повлекувањето од Авганистан и ќе настојуваат да евакуираат што е можно повеќе американски државјани и авганистански преведувачи во следните недели, изјави денеска портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. „Остануваме посветени да го завршиме повлекувањето на безбеден и уреден начин. Ќе направиме се што можеме за да извлечеме што е можно повеќе американски државјани, како и многумина толкувачи и преведувачи кои им помагаа на американските сили. Ќе работиме напорно во следните недели за да извлечеме што е можно повеќе луѓе од земјата“, истакна…

Read More

Јувентус и Сасуоло се договорија за трансфер на играчот од средниот ред Мануел Локатели. „Бјанконерите“ го изнајмуваат 23-годишниот играч на две години со безусловна обврска за откуп од 35 милиони евра плус бонуси, стои на веб-страницата на новинарот Џанлука Ди Марцио. Инсајдерот Фабрицио Романо појаснува дека договорот на Италијанецот ќе трае до 2026 година. Страните сега работат да ги завршат сите формалности што е можно поскоро и Локатели да оди на задолжителниот медицинскиот преглед пред да го облече дресот на Јувентус.

Read More

Првите 300 Авганистанци во Албанија треба да пристигнат вечерва пред полноќ. Врз основа на одлуката на владата, овие и сите што потоа ќе допатуваат ќе бидат сместени во Тирана и во Драч, во студенски домови, како и во хотели. Денеска студентите од седмиот и осмиот блок во студентскиот град во Тирана, почнаа да се иселуваат и да ослободуваат место за првата група Авганстанците. Во меѓувреме американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким, изјави дека САД тесно соработуваат со албанската Влада за сместување авганистански државјани во Албанија. По средбата со министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка, амбасадорката Ким изрази благодарност…

Read More

Вакцинацијата е единствениот механизам и спас ние да излеземе од оваа криза истакна министерот за здравство д-р Венко Филипче во вестите на Сител. „Битно е да се вакцинираат граѓаните тоа го покажува и бројот на новодијагностицирани случаи. Од нив, само мал процент се вакцинирани, исто е и со бројот на хоспитализирани кои се во прилично стабилна здравствена состојба. Најбитно од се, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход доколку се зарази некој кој е целосно вакциниран. Тие принципи се наметнуваат во целиот свет. Сите сме свесни дека тоа е единствениот начин да излеземе од пандемијата, да го вратиме…

Read More

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче. Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат ПЦР тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се…

Read More

Активистичката коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД официјално го почнува процесот за собирање потписи за независна листа кој ќе се одвива во сите подрачни одделенија на ДИК на територија на Град Скопје, но и кај нотари во Општините Центар, Карпош и Аеродром. „Новина е тоа што освен за советничката листа за Град Скопје, ќе собираме потписи и за кандидат за градоначалник чиешто име ќе го откриеме на утрешната та прес-конференција. Се работи за професионалец со висок интегритет кој долги години е активен на македонската политичка сцена и чиишто принципи и работна етика целосно се поклопуваат со целите и заложбите на ЗЕЛЕН ХУМАН…

Read More

Следните денови ќе се задржи сончево и топло време со умерена облачност. Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претпладне од јужен, а попладне во горниот дел на Повардарието од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. УВ индексот ќе изнесува 8. Во Скопје ќе биде сончево, попладне со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен…

Read More

Во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе. Еден македонски и еден црногорски хеликоптер попладнево ќе го гасат пожарот во Општина Сарај кај селата Раовиќ и Буковиќ иако веќе е локализиран во делот на селото Раовиќ. „Дел од пожарот во село Раовиќ во Општина Сарај е локализиран, но на потегот село Буковиќ, село Чајлане кон Матка се уште е активен. Во попладневните часови на овој пожар ќе се интервенира и од воздух со 26 луѓе од Воздухопловниот винг со еден македонски армиски хеликоптер и еден хеликоптер на Република Црна Гора“, информира Надица В’чкова…

Read More

Тринаесет уметници ќе бидат дел од традиционалната меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2021“.  Вкупно тринаесет уметници се дел од традиционалната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“. Уметниците, кои ќе творат во Свети Николе денеска ги прими градоначалникот, Сашо Велковски. Ликовната колонија е во организација на Дом на култура „Крсте Мисирков“ и Општина Свети Николе, а какошто вели Велковски денеска го означиле стартот на 16-та по ред ликовната колонија „Ѓуриште 2021“. „И годинава колонијата има меѓународна димензија со учество на ликовни уметници не само од нашата држава, туку и од Србија и Црна Гора. Вкупно 13 уметници, наредните денови ќе творат на подрачјето на…

Read More

Првата група од 250 Авганистанци се очекува во Албанија да пристигне во текот на неделава. Дипломатски извори за „Гласот на Америка“ потврдиле дека станува збор за преведувачи и соработници на различни нивоа на американските структури во Авганистан. Тие ќе бидат префрлени заедно со нивните семејства. Еден од членовите на кабинетот на премиерот Еди Рама доби задача да го организира целиот процес на прием и сместување на Авганистанците, кои се очекува да бидат поделени во неколку групи и засолнети во посебни структури, пренесе Ора њуз. Албанија вчера официјално потврди дека одговорила позитивно на барањето на американската Влада. Премиерот Еди Рама објасни…

Read More

Сите државни службеници, и мажи и жени, можат да се вратат на своите работни места, соопшти авганистанската телевизија „Аријана њуз“, повикувајќи се на заменик шефот на талибанската политичка канцеларија во катарската престолнина Доха, Абдул Салам Ханафи. „Вработените во дипломатските мисии, воените бази и цивилните оддели можат да ја продолжат својата работа без страв. Ничии права нема да бидат повредени. Жените можат да одат на работа со хиџаб“, рече тој. „Талибанците се обидуваат да го отворат патот за коалициска влада и сите Авганистанци ќе бидат вклучени. Ниту еден Авганистанец не треба да се плаши од некој што работел со претходната влада.…

Read More