Author: Biljana

Бројот на жртви од поплавите во Турција се искачи на 31, јавија турските медиуми. Поројните води носеа десетици автомобили и купишта отпад по улиците, со уништени мостови, затворени патишта и прекината електрична енергија на стотици села. Медиумите јавија дека претседателот Таип Ердоган го посетил регионот. Поплавите, меѓу најлошите што ги доживеала Турција, донесе хаос во северните провинции во моментот кога властите прогласија дека пожарите што две недели беснееја низ јужните крајбрежни региони, се под контрола. „Ова е најлошата поплава што сум ја видел“, рече министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу откако ги прегледа штетите низ провинциите Бартин, Кастамону и Синоп.…

Read More

Русија и порача на новинарка на Би -Би -Си што работи во Москва да ја напушти земјата до крајот на овој месец. Властите во Русија и порачале на новинарката на Би-Би-Си, Сара Рејнфорд да ја напушти земјата како одмазда за, како што велат, „дискриминација на Лондон против руски новинари кои работат во Велика Британија“, објави државната телевизија. Во невообичаен потег што навестува ново влошување на веќе лошите односи меѓу Лондон и Москва, телевизискиот канал Росија-24 објави дека Сара Рејнсфорд, една од двајцата новинари на Би-Би-Си кои што работат во Москва, ќе си оди дома во, како што ја нарекоа „историската…

Read More

Јули бил најтополи месец откако се мери просечната температура на Земјата, објави Американската национална администрација за океани. Американската национална администрација за океани и атмосфера соопшти денеска дека минатиот месец просечната температура на копното и површината на океаните во светот била 0,01 степени Целзиусови повисока отколку во претходниот најтопол јули – во 2016 година. Според нив, тоа е дел од влошување на трендот поврзан со климатските промени. „Јули е генерално најтоплиот во годината, но јули 2021 година се надмина себеси, стана најтоплиот јули и месец што некогаш е регистриран“, наведе Рик Спинрад, директор на одделот. Температурниот рекорд во јули е 0,02…

Read More

Во изминатите 24-часа во Грција е регистриран зголемен број починати од Ковид-19 и хоспитализирани лица со коронавирус. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје, потврдени се 3.493 нови случаи на Ковид-19, починаа 24 лица, 235 се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во грчките болници, а хоспитализирани 255 лица, 27,5 отсто повеќе од вчера. Од новите случаи, 12 се увезени, а најголемиот број, односно 927 се во Атика, поширокиот регион на Атина, 441 на Крит и 316 во Солун. Во Грција, има вкупно 531.967 случаи на Ковид-19, а од почетокот на пандемијата починаа 13.182 лица.

Read More

Маж од Алжир бил убиен поради сомнение дека подметнал пожар. Обвинителството во Алжир почна истрага за смртта на маж кој беше линчуван од топла луѓе откако беше обвинет за подметнување шумски пожар, јавија алжирските медиуми. Во шумските пожари во Алжир, кои не стивнуваат со денови, загинаа 69 лица. Истрагата е започната врз основа на видео снимка која го прикажува убиството на 38-годишниот Џамел Бен Исмаил во Ларба Нат Иратен во провинцијата Тизи Узу, каде што шумските пожари предизвикаа најголема штета и загинаа повеќето луѓе. Луѓето прво ја нападнаа полициската станица каде што беше приведен Бен Исмаили, го извлекоа надвор, го…

Read More

Сојузниците на НАТО денеска се состанаа во Северноатлантскиот совет за да се консултираат за ситуацијата во Авганистан. „Продолжуваме да ги оценуваме случувањата на терен и сме во постојан контакт со авганистанските власти и остатокот од меѓународната заедница. Наша цел и натаму останува поддшка на авганистанската влада и безбедносните сили колку што е можно повеќе. Безбедноста на нашиот персонал е најважна. НАТО ќе го задржи нашето дипломатско присуство во Кабул и ќе продолжи да се прилагодува по потреба“, велат од Алијансата. Сојузниците на НАТО се длабоко загрижени за високото ниво на насилство предизвикано од офанзивата на Талибанците, вклучувајќи напади врз цивили, насочени…

Read More

Целосно вакцинирано е 69,9 отсто од населението во Република Кипар, додека пак 76,3 проценти примиле најмалку една доза, според последните податоци од Министерството за здравство, јави дописничката на МИА од Атина. Генералната директорка во Министерството за здравство на Кипар Христина Јанаки, рече дека е реална целта, до крајот на август да стигнат до 81 отсто вакцинирани. Од почетокот на пандемијата во земјата се регистрирани 107.887 случаи на Ковид-19, а починаа 454 лица. Заклучно со вчера, хоспитализирани се 276 пациенти, од кои 84,43 проценти се невакцинирани, а 95 во сериозна состојба.

Read More

Србија регистрира 1.072 нови случаи на ковид-19 за последните 24 часа. Притоа се заведени и шест починати пациенти, а во болниците има 831 лице од кои 25 на апарати за дишење. Надминувањето на бројката од 1.000 новозаразени ги загрижи епидемиолозите и членовите на кризниот штаб. Тие сметаат дека ова е премунување на црвената линија поради што мора да се заострат мерките.

Read More

Хотелите остануваат да работат со полн капацитет и по 16 август, само со служење пансион, во затворен простор, без потврда за имунизација од Ковид – 19. Ова за МИА го потврди претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ Крсте Блажески, посочувајќи дека редари мора да имаат во објектите, кои нема да примаат надворешни гости во затворените ресторани и сали. „Беше прифатено нашето барање, направени се измени и потврда за вакцинација нема да требаат за служење пансион и за над 30 гости од хотелот. Ќе пробаме во најдобар ред да ги почитуваме времените мерки и што побрзо да излеземе од овие…

Read More

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски вели дека има слаб интерес кај луѓето да се пријават на конкурсот за попишувачи за претстојниот Попис и оти им недостигаат од 1000 до 1500 лица. Тој смета дека слабиот интерес за попишувачи не се должи на пандемијата, туку поради тоа што огласот бил излезен за време на летните одмори, во период кога има работа во земјоделството и кога луѓето се заминати сезонски да работат надвор од државата. Во вечерашното гостување на телевизијата „Сител“ Симовски апелира заинтересираните да се јават на конкурсот. „Пописот напролет се одложи за септември. И ова беше период…

Read More

Министерството за надворешни работи вечерва го осуди сквернавењето на спомен-плочата во Охрид на загинатите бугарски туристи во бродската несреќа во Охрид. Информира дека споменикот е вратен во првобитната состојба и оти станува збор за изолиран случај, што не е во согласност ниту со државната политика, ниту претставува интерес на граѓаните. „Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува последното сквернавење на спомен-плочата „Солзата на Роза“ во Охрид, поставена во сеќавање на жртвите од бродската несреќа во 2009 година, кога 15 бугарски туристи загинаа при потонувањето на бродот „Илинден“ во водите на Охридското Езеро. Веднаш штом добивме информација…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на својот Фејсбук профил напиша дека дел од пожарите во земјава се подметнати или се предизвикани од невнимание на одредени луѓе и токму заради тоа мора да имаме посериозна одговорност. „Досега МВР има приведено 17 лица, повикани во полициска станица се 16 лица, имаме поднесено три кривични пријави и две прекршочни. Се уште се работи на добар дел од овие случаи и штом ќе заврши со целата постапка ќе се поднесат соодветни поднесоци“, напиша Спасовски. Постапката, како што се наведува, се води во координација со Јавен обвинител и од таму се добиваат насоките…

Read More