Author: НОВА ТВ
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека негов нов приоритет е 70 проценти од возрасната популација во САД да примат барем една доза од вакцината против коронавирус до 4 јули, кога САД го слават Денот на независноста. Во исто време, Бајден ги повика младите на возраст од 20-30 години да се вакцинираат. – Ќе гарантираме дека вакцинацијата е полесна од кога и да е. За два месеца од денеска, семејствата низ целата земја ќе го прослават 4 јули. Нашата цел е на тој датум 70 проценти од возрасните Американци да примат барем една доза вакцина и најмалку 160 милиони да бидат…
По 27 години брак, Бил и Мелинда Гејц вчера објавија дека планираат да се разведат. Бил и Мелинда ја објавија оваа вест со идентични статуси на нивните Твитер профили – забрането е коментирање на двата статуси. Тие го напишаа следното: „После многу размислување и многу работа на нашата врска, донесовме одлука да го прекинеме нашиот брак. Во текот на последните 27 години, воспитавме три неверојатни деца и изградивме фондација која работи низ целиот свет за да им овозможи на сите луѓе да водат здрави и продуктивни животи. Ние продолжуваме да веруваме во таа мисија и ќе ја продолжиме нашата заедничка…
Ковид кризата во Индија е на катастрофално ниво во последните две недели. Нови рекордни бројки на Корона вирус случаи се регистрираат скоро секој ден: на 22ри април, во само еден ден регистрирани се 314,835 случаи, а од тие 2,104 се смртни случаи – просекот на смртни случаи претходната недела беше 1,648 дневно што значи дека смртноста сега е значајно зголемена. Вчера во Индија беа регистрирани 368.147 нови случаи на Ковид-19, и ова е 12-ти ден по ред како бројот на новозаразени не се спушта под 300.000. Многумина сметаат дека овие бројки се дури и ниски и дека многу од новите Корона случаи воопшто не…
Време е да почнеме пристапни преговори. Вистински тест за ЕУ е токму нашиот случај, бидејќи ние сме земја кандидат 16 години, изјави денеска вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на заеничката кој по билатералната средба со австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер. Одговарајќи на новинарско прашање дали се очекува и други земји да го блокираат почетокот на преговорите за нашето членство во Унијата, Димитров нагласи дека императивот за успех е навистина огромен годинава, потенцирајќи дека она што го говори за ЕУ и за реформите, се потпира на ветувањата од Брисел. – Нас во јуни 2018 година ни рекоа…
Светската здравствена организација ќе донесе одлука оваа недела дали ќе ги одобри кинеските вакцини Синофарм и Синовак за итна употреба, изјави претставник на СЗО. Маријанџела Симао, помошник генерален директор за пристап до лекови, вакцини и фармацевтски производи, вели дека треба да се направат некои „последни упатства“ пред советничката група на СЗО да донесе конечна одлука за вакцините Синофарм и Синовак. – Очекуваме да ги имаме и двете одлуки до крајот на неделава, изјави таа. СЗО наведува дека прво ќе се донесе одлука за Синофарм, а потоа и за вакцината Синовак.
Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во периодот од 26 април до 2 мај тестирани се вкупно 14.975 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 17,6 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани сe 2.076 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 39,7 отсто во однос на минатата недела, соопшти Министерството за здравство. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=857; 41,5 отсто), со неделна инциденца – 138,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 211,0/100.000 е регистрирана во Виница. Процентот на позитивност се…
Објавен е конкурс за стипендии за ученици со попреченост запишани во прво одделение во учебната 2021/2022 година во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, кој го реализира Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, во соработка со Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието и со финансиска поддршка од Европската Унија. Целта на проектот е целосна и рамноправна вклученост на децата со попреченост во редовните основни училишта. Во текот на учебната 2020/2021…
Надвозник се урна во главниот град на Мексико во време кога метро минувало нa него при што загинаа најмалку 13 луѓе и над 70 се повредени. Засега не се познати причините за трагедијата. Повеќе од пет милиони луѓе го користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.
Албанските социјалисти собраа потписи од 50 пратеници, колку што се доволни во Парламентот да почне иницијатива за смена на шефот на државата, Илир Мета. Она што може да се забележи во документот за смена на Мета е фактот дека меѓу потписниците не се наоѓа премиерот Еди Рама, кој уште за време на изборната кампањата изјави дека е за негова смена. Во образложението за смена на актуелниот претседател, меѓу повеќето прекршувања на неговите уставни надлежности, се споменува и обвинувањето адресирано до американската амбасадорка Јури Ким, на која Мета и порача да не се меша во внатрешните работи на Албанија. Според најавата…
По изјавата на германскиот министер за надворешни работи дека не треба да се раздвојат Северна Македонија и Албанија во преговарачкиот процес до ЕУ, со сличен став реагираше и Европската комисија, јави дописничката на МИА од Брисел. Портпаролката за проширување Ана Писонеро на денешниот редовен брифинг за новинари одговарајќи на прашање го повтори ставот на Европската Комисија. – Европската Комисија со нетрпение очекува одржување на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија што е можно поскоро, ова е јасна позиција на Комисијата, но Советот е тој што треба да ги одобри преговарачките рамки што ги поднесовме веќе пред некое време,…
Германија е категорично против какви било поместувања на границите, изјави денеска во Берлин германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас на заедничката прес-конференција со шефт на дипломатијата Бујар Османи, одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар на нон пејперот што се појави минатиот месец, а во кој се предлага прекројување на границите на Западниот Балкан. – Ова е нон-пејпер, а не е официјален документ. Не треба да се занимаваме со тоа понатаму. Не постои никакво учество на Германија, во никакви нон-пејпери, ако има за тоа гласини тоа се лажни вести. За германската надворешна политика секогаш основа на нашата политика за…
Одлуката на австралиските власти своите државјани кои сакаат да се вратат од Индија да ги испратат во затвор, предизвика критики и е оценета како расистичка мерка со која се кршат човековите права. Откако владата во Канбера ги забрани сите летови од високо ризичните земји до 15 мај, од денеска секој Австралиец кој ќе пристигне од Индија, се соочува со парична казна и затворска казна до пет години, пренесува Би-Би-Си. Австралискиот премиер Скот Морисон ги негираше обвинувањата за расизам. – Истите обвинувања беа упатени до владата пред повеќе од една година кога ги затворивме границите за континентална Кина. Во пандамија нема…