Author: НОВА ТВ

Ако не се врати здравиот разум, ќе се одржат предвремени избори, ова го напиша лидерот на „Има таков народ“ (ИТН) Слави Трифонов на својот Фејсбук профил. Позицијата на Трифонов доаѓа по скандалот што изби меѓу Демократска Бугарија и „Има таков народ“ поради притисокот на Христо Иванов и Маја Манолова да ги вклучи во редовната влада помошниците министри Асен Василев и Кирил Петков. Претходно денеска заменик-претседателот на „Има таков народ“ Тошко Јорданов презентирашде факти за Асен Василев од неговата деловна кариера, поврзани со кражба на интелектуална сопственост и заобиколување на законите. Слави Трифонов напиша дека неговата партија и „Демократска Бугарија“ подеднакво…

Read More

Пекинг го забележа првиот случај на коронавирус за речиси шест месеци или првиот случај по 179 дена, јави Си-Ен-Ен. Веднаш по првиот, пријавен е уште еден. Станува збор за маж и жена кои неодамна престојувале во град во провинцијата Хунан, каде се пријавени неколку случаи на инфекција на Делта сојот. Сите контакти на заразената двојка се ставени во карантин. За последните 24 часа во Кина се регистрирани 49 нови случаи, додека 86 случаи беа регистрирани претходниот ден.

Read More

Бугарската позиција за Република Северна Македонија треба да биде појасно соопштена со нашите партнери во Европската унија, изјави Димитар Гардев, меѓународен секретар на „Има таков народ“ (ИТН), по разговорите со „БСП за Бугарија“на тема „Надворешна политика“. Двете политички сили се обединија дека главната насока во надворешната политика на земјата останува ЕУ. Проширувањето на Унијата кон Западен Балкан е исто така од стратешко значење, убедени се ИТН и левицата. Позицијата за Република Северна Македонија се заснова на одлуката на парламентот, рамковната позиција на Советот на министри и позицијата на БАН, рече Гардев. Во исто време, нагласи тој, добро знаеме дека всушност…

Read More

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на својата 44. сесија, што се одржува во Фуџу, Кина, денеска ја прифати апликацијата „Јакнење на капацитетите за управување со културното наследство на Oхридскиот Регион: Обука за развој на бази на податоци и ГИС-платформа за недвижно културно наследство за Заводот и музеј –Охрид“, информираат од Министерството за култура. – Прифатениот проект за градење капацитети, во износ од 55 илјади американски долари, има цел да ги надгради знаењата и способноста на стручните лица во Заводот и музеј – Охрид во однос на ГИС-вештините со помош од меѓународни експерти, се вели во соопштението од Министерството. Од…

Read More

Премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ во заедничката изјава велат дека „Отворен Балкан“ е заедничка иднина на граѓаните на целиот Западен Балкан, а иницијативата ќе го подобри Регионот. На економскиот форум денеска беа потпишани три договори, за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, за Дозвола на граѓаните да работат во државите, како и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување. – Нашата цел е единствена: да имаме заеднички пазар, без граници. Ние бараме од секој од нашите министри да истапи со практични планови за спроведување на…

Read More

По речиси 15 години одложувања и технички застои, новиот руски научен модул наречен „Наука“ денеска успешно се спои со Меѓународната вселенска станица (МВС) во орбитата на Земјата, соопшти руската вселенска агенција „Роскосмос“. Сепак, потребни се уште неколку месеци работа со серија вселенски прошетки на екипажот со цел „Наука“ да може да се користи. Научниот модул полета со ракетата „Протон-М“ на 21 јули од рускиот космодром Бајконур во Казахстан. Иако „Наука“ е лабораториски модул, тој ќе се користи и за други работи и како магацин за опрема за регенерација на вода и кислород, соопшти „Роскосмос“. Со тежина од 20 тони и…

Read More

Со 95 гласа „за“ и ниту еден против, Собранието ја изгласа Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за државните позиции во преговорите со Бугарија. Пред ова, пратениците од владејачкото мнозинство го изглсаа амандманот со кој во Резолуцијата влезе уставното име Република Северна Македонија. Овој амандман не беше гласан од ВМРО-ДПМНЕ. За опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Резолуцијата е важна за да не се нарушува достоинството на македонскиот народ, јазик и идентитет. Додека за власта тоа е аргумент дека се става крај на лажните вести. Резолуцијата ја поддржаа и пратениците од албанската опозиција.

Read More

Ветерот и сувата вегетација помогнаа попладнево повторно да се активира шумскиот пожар на падините на Осоговските Планини над Кочани, што рано изутрината беше ставен под контрола. Огнената стихија брзо се шири и стигна до Фабриката за вода за пиење и до куќите во нејзина близина и ја загрозува безбедноста на неколку населби во североисточниот дел на градот. Пожарот е под контрола, нема опасност за домовите, но не е локализиран, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Во гаснењето се прклучени околу 400 луѓе, а покрај пожарникарите од Кочани, Виница, Штип и Македонска Каменица, помагаат и луѓе вработени во…

Read More

Тетовската полиција поднела кривична пријава против А.Х.(65) од тетовска Мала Речица и нејзиниот брат С.С.(56) од Босна и Херцеговина до Основното јавно обвинителство Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Од МВР денеска информираа дека двајцата се сомничат дека во периодот од 4 до 8 јуни годинава, А.Х. му помагала на нејзиниот брат С.С. да украде 400.000 швајцарски франци од А.Џ.(80) од Мала Речица, кој е нејзин сопруг и да избега во Босна и Херцеговина. По пријава на случајот во СВР Тетово, А.Х. исто така заминала во Босна и Херцеговина и од нејзиниот брат ја…

Read More

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, поттикнат од големиот успех на Дејан Георгиевски, Наумче Мојсовски ќе се заложи во блиска иднина боречките спортови да добијат свој дом и со тоа значително да се подобрат условите за работа на македонските спортисти. – Георгиевски сите нас не направи горди. Тој во еден ден, за само неколку часа совлада неколку фаворити. Чест ми е што Република Македонија во Токио имаше спортска делегација високо мотивирана, која даде се од себе. Сакам да му честитам и да му посакам уште многу успеси. Освои сребро, но за нас Дејан е златен. АМС со…

Read More

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја обвини владејачката партија СДСМ за прекршување на Изборниот законик. Според партијата, СДСМ дели пропаганден материјал низ скопската Општина Центар, иако не е почната изборната кампања. – ВМРО-ДПМНЕ ќе ја извести канцеларијата на ОБСЕ во Македонија за злоупотребите на власта и предвреме почеток на изборната кампања. Ова е нервоза и паника поради страв од поразот кој им престои. Ништо нема да го спаси СДСМ од пораз, залудни се сите обиди и кршења на закони, само заглавуваат луѓе во криминал кои утре ќе треба да одговараат, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата за ова испратија фотографии.

Read More

Вицепремиерот за корупција и генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски присуствуваше на изборна конференција на ОО СДСМ Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство. – Охрид веќе има потврден кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и  анкетите на јавното мислење покажуваат дека сме фаворити и овде во Охрид и низ многу општини, затоа што со силното присуство на терен, со проектите што ги реализиравме, граѓаните прават разлика меѓу нашата понуда и блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, рече Николовски. Николовски додаде дека е горд што сите функционери на СДСМ се секојдневно на терен, на маалски средби,…

Read More