Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев, Рама и Вучиќ на „Отворен Балкан“: Да имаме заеднички пазар без граници

0
By НОВА ТВ on July 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 29, 2021 18:00

Премиерите на Македонија и Албанија, Зоран Заев и Еди Рама, како и српскиот претседател Александар Вучиќ во заедничката изјава велат дека „Отворен Балкан“ е заедничка иднина на граѓаните на целиот Западен Балкан, а иницијативата ќе го подобри Регионот. На економскиот форум денеска беа потпишани три договори, за Заедничка реакција на природни и други катастрофи, за Дозвола на граѓаните да работат во државите, како и за Помош за стоките да се движат без непотребно одложување.

– Нашата цел е единствена: да имаме заеднички пазар, без граници. Ние бараме од секој од нашите министри да истапи со практични планови за спроведување на овие договори до средината на октомври. На 4-5 ноември ќе се сретнеме повторно, со релевантните министри, во Белград, за да го ревидираме напредокот и да донесеме одлуки што ќе бидат потребни за целосно да се спроведат овие обврски. Потоа, повторно ќе се сретнеме во декември, во Тирана, за да го проследиме напредокот и ќе се среќаваме редовно, колку што е потребно, за да се продлабочат овие врски, се вели во заедничката изјава на Заев, Рама и Вучиќ.

Тие уверуваат дека граѓаните на Македонија, Албанија и на Србија ќе може да работат во било која од овие три земји.

– Драго ни е што Стопанските комори ќе започнат програма со која ќе се помогне на бизнисите и на работниците да се пронајдат едни со други во регионот, па така, оваа програма веднаш ќе создаде можности. Второ, ќе побараме од нашите министерства да работат заедно на системот за споделување информации во врска со Данокот на додадена вредност – конзистентен со системите што се користат во ЕУ – со цел товарните возила да не сопираат на границите во рамките на Балканот. Камионите сé уште минуваат повеќе време на нашите граници отколку на нашите патишта, велат Заев, Рама и Вучиќ.

Најавуваат формирање на Комисија за балкански филм, за секоја од владите да определи средства за промовирање на филмови што произлегуваат од талентите низ целиот Западен Балкан. Исто така, е најавен и Балкански вински фестивал за охрабрување на продажбата на вина од целиот регион. Но и спортските училишни тимови меѓусебно да се натпреваруваат за да се дружат младите.

Трите земји ќе бараат фондови за инвестиции преку кои ќе се промовира регионалната интеграција и соработка, на кои ќе ги канат меѓународните инвеститори и донатори, за проектите да можат да отвораат нови работни места, развој и раст низ целиот регион, особено во контекст на Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан и зелените и дигитални транзиции на Европа.

– Во Република Северна Македонија ќе поддржиме проект за фото-волтаици кој ќе ги напојува мрежите во регионот и ЕУ. Целта е ова да биде под контрола на регионот, за сите наши луѓе да имаат корист. Ова е дел од зелената транзиција на Европа, но и на регионот. Тоа ќе помогне на нашата животна средина и на нашите економии. Во согласност со целите поставени во Зелената агенда за Западен Балкан одобрена на Самитот во Софија минатиот ноември, Албанија развива стратешки проекти за производство на зелена и одржлива енергија, како и одржлив транспорт со цел да се поврзе регионот со европската Тен-Т мрежа. Хидроелектричната централа „Скавица“ ќе овозможи извоз на обновлива енергија до целиот регион. Градењето на интер-конекции за гас е дел од регионалниот пристап и ќе придонесе кон зелената транзиција на регионот и стабилноста на електричните мрежи. Железничкиот коридор од пристаништето во Драч ќе ги поврзува економиите на Северна Македонија и Бугарија и ќе ги подобри мултимодалните конекции со Италија. Забележавме дека „Рио Тинто“ најавија дека се подготвени да инвестираат 2,4 милијарди долари во развивањето литиум во Србија, што е предмет на одобрени од Владата и вклучување на локалните заедници. Ако овој проект успее, нашите држави ќе работат заедно со цел можностите креирани со ова, да ја донесат индустријата во Србија, Северна Македонија и Албанија и на други места во Европа и регионот, велат Заев, Рама и Вучиќ.

Тие гледаат европска иднина. Заев, Рама и Вучиќ велат дека остануваат посветени на Берлинскиот процес и европската перспектива, а владите се посветени на спроведување на четирите слободи и единствениот регионален пазар, последно на Самитот во Берлин на 5-ти јули.

Вучиќ Заев отворен балкан Рама
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026

По посетата на Фон дер Лајен: Љубезни пораки, но без промена на условите за европскиот пат

October 2, 2026

Фон дер Лајен денеска во Скопје на средби со државниот врв – што може да се очекува?

October 2, 2026

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.