Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Англија од следната недела на сите вакцинирани посетители од Европската унија и САД ќе им овозможи да влезат во земјата без задолжителен карантин, соопшти денеска британскиот министер за транспорт, Грант Шапс, што е веста што долго ја очекуваа авиокомпаниите и туристичките компании. Британската туристичка индустрија остро ја критикуваше владата за пребавното отворање на земјата, тврдејќи дека не ја искористи водечката позиција во светот со вакцинирањето, со што на ЕУ и даде предност во привлекувањето туристи Владата соопшти дека од 2 август сите патници вакцинирани со вакцини одобрени во ЕУ и САД нема да мора да одат во карантин. Одлуката ги…
До крајот на денот ќе се намали временската нестабилноста и ќе се намали и ветерот. Во вечерните часови кон југоисток ќе има мала до умерена облачност која ќе се намалува. Во текот на ноќта облачноста ќе се намалува и ќе дува слаб северозападен ветер, соопштија од УХМР. Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 а максималната од 34 до 41 степен. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала локална…
Апелирам до вработените во градинките, до оние кои не се вакцинирани, да се вакцинираат за да може по завршување на годишните одмори, градинките да работат со полн капацитет секако согласно епидемиолошката состојба во државата, вели министерката за труд и социјална политика, Јахода Шахпаска, во интервју за Македонската радио телевизија. Помалку од 50% од вработените во градинките се вакцинирани, иако како приоритетни групи за вакцинација беа токму тие. Шахпаска потенцираше дека со почитување на протоколите од страна на вработените и родителите, градинките беа првите отворени објекти во услови на пандемија.
Заменик министерот за финасии Димитар Ковачевски, кој се обрати пред гласањето за ребаланост, истакна дека клучни приоритети остануваат здравјето на граѓаните, здрава економија и здрави финансии. -Ребалансот за 2021 е одраз на економските состојби грижа во поглед на користење на јавните средства и нивно насочување кон реализација на поставените цели, како и поставеност во справувањето со пандемијата. Приоритетите ќе бидат насочени кон управување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестиции со директна поддршка на активностите на компаниите, отворање на нови работни места преку активни мерки за вработување, како и поддршка и развој на микро, мали и средни…
На меѓународните пазари денеска цената на нафтата се зголеми на 75 долари за барел, во пресрет на извештајот од кој се очекува да покаже пад на американските резерви над очекувањата. На лондонскиот пазар цената на барелот во однос на претходното затворање се зголеми за 23 центи и изнесуваше 74,71 долари, додека на американскиот пазар, барелот „скокна“ за 33 центи, на 71,98 долари. Американските залихи на сурова нафта паднаа над проценките на аналитичарите за 4,7 милиони барели, дознаваат британските медиуми од два извори на пазарот, што се повикуваат на податоците од американскиот Институт за нафта. Официјалните податоци на американската Влада ќе…
Собранието попладнето го усвои дневниот ред од 49-тата седница, на кој се најдоа три точки: Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, предлог-измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите и предлог за именување на член на Советот за статистика на Република Северна Македонија. Претходно, пратениците Димитар Апасиев и Павле Трајанов побараа од дневен ред да се симне точката Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, но нивниот предлог не беше прифатен. Измените и дополнувањата на Изборниот законик предложени од пратениците Јован Митрески, Александар Николоски, Никола Мицевски, Арбер Адеми,…
Третата доза на вакцината против коронавирус може да ја зголеми заштитата од делта сојот на вирусот до 100 пати, се наведува во извештајот објавен од американската фармацевтска компанија „Фајзер“. „Третата доза значително ги подобрува податоците за неутрализирање на делта варијантата. Очекуваниот потенцијал е зголемување до 100 пати во неутрализацијата на делта варијантата по приемот на третата доза”, се наведува во документот на компанијата. Покрај тоа, „Фајзер“ забележува дека по инјектирањето на третата доза на вакцината кај луѓето на возраст од 18 до 55 години, бројот на антитела се зголемува повеќе од пет пати, а кај луѓето на возраст од 65…
По повеќемесечно криминалистичко истражување, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на денешниот ден Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции спроведоа координирана полициска акција за сузбивање на повеќечлена организирана криминална група, при што се лишени од слобода 12 лица. – Во текот на денешната акција постапувајќи по Наредби за претреси во дом и други простории издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 20 локации во Скопје и притоа се одземени материјални докази што ќе…
Собранието попладнево со 56 гласови „за“ и 37 „против“, го донесе ребаланост на Буџетот за 2021 година. За ребалансот се гласаше на петтиот ден од расправата во законодавниот дом. За Власта, буџетот е развоен и насочен кон стопанството и граѓаните, но и за реализација на капитални инвестиции. „Ако го видиме делот на расходите, се дели на два дела, функционален и економски буџет. Овој буџет е социјален, првиот столб е социјалниот аспект и безбедноста, во однос на расходите има повеќе социјални трансфери, а ако ја видиме вредноста на буџетот 4,3 милијарди тој е оптимистички буџет“, рече пратеникот на ДУИ, Фазли Бедри.…
Бугарската Влада го одобри нацрт меморандумот за разбирање помеѓу Министерството за земјоделство, храна и шумарство на Република Бугарија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија за соработка во областа на земјоделството, земјоделските науки, руралните области и шумарството. Како што јави дописникот на МИА од Софија, документот е основа за продлабочување на соработката меѓу двете министерства преку размена на научни и технички информации, пренесување на експертиза, споделување на добри практики и развој и имплементација на заеднички истражувачки програми. Бугарија и Северна Македонија, исто така, ќе соработуваат во области како што се органското производство и преработката на органски…
Организаторите на Олимписките игри во Токио денеска пријавија 16 нови случаи на коронавирус, но меѓу новозаразените нема ниту еден спортист. Ова е првпат во последните четири денови без регистриран случај на заразен со Ковид-19 меѓу олимписките спортисти, пренесуваат јапонските медиуми. Од новозаразените, деветмина се дистрибутери, четворица службеници, двајца новинари и еден волонтер, прецизираа организаторите, додавајќи оти никој од нив не престојувал во олимпиското село. Досега на Олимписките игри се регистрирани вкупно 169 случаи на заразени со коронавирус, од кои 19 спортисти.
Судството во Тунис соопшти денеска дека спроведува истрага на двете најголеми партии во Парламентот, кои го обвинија претседателот Каис Саид дека извршил државен удар, откако во неделата го распушти законодавниот дом и го разреши од должност премиерот Ишам Мешиши. Судството, кое се смета за независно тело од политиката, потврди дека неговата истрага започнала 10 дена пред потезите на претседателот. Парламентарните партии кои се под истрага, не беа веднаш достапни за коментар. Една деценија по завршувањето на автократското владеење со револуцијата во 2011 година, која ја поттикна Арапската пролет, Тунис се соочува со најтешкиот тест на својот демократски систем досега. Претседателот…