Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
После 59 дена штрајк со глад и пет дена штрајк со жед денеска е зачнат компромис помеѓу владата и мигрантите без документи кои штрајкуваат, тие штотуку најавија дека го суспендираат штрајкот, јави дописничката на МИА од Брисел. По недели политички и дипломатски притисок од внатре и од надвор, белгиската влада успеала да постигне начелен договор со штрајкувачите со глад денеска, најавија претставниците на хуманитарниот сектор кои ги поддржуваат мигрантите без документи. -Вчера и денес имаше средби со владата, успеавме да воспоставиме договор кои сѐ уште не се потврдени. Се надеваме дека ќе бидат. За да нема веќе стрес и анксиозност…
Израел формираше тим за истрага на наводната злоупотреба на израелскиот шпионски софтвер „Пегаз“ на глобално ниво. Тимот, предводен од Советот за национална безбедност, му поднесува извештаи на премиерот Нафтали Бенет и има поширок спектар на експертиза од Министерството за одбрана, кое го надгледува извозот на софтверот Пегаз од страна на компанијата НСО. Францускиот премиер Жан Кастекс претходно денеска изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон побарал серија истраги за случајот со шпионскиот софтвер „Пегаз“, откако телефонскиот број на Макрон се најде на списокот на потенцијални цели за можна шпионажа во корист на Мароко.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска побара серија истраги за случајот со шпионскиот софтвер „Пегаз“, информира денеска премиерот Жан Кастекс за францускиот ТВ канал ТФ1. Францускиот дневен весник „Ле Монд“, но и британскиот „Гардиан“ објавија дека телефонот на Макрон е на списокот на мароканска разузнавачка агенција, за да се изврши надзор со помош на шпионскиот софтвер „Пегаз“. Според информациите, телефонските броеви на претседателот, како и на тогашниот премиер Едуард Филип и на уште 14 министри биле избрани за можен надзор со шпионскиот софтвер. Француското претседателство соопшти дека доколку откритијата за телефонот на Макрон се вистина, тоа би била многу сериозна ситуација…
Најбогатиот човек во САД, Џеф Безос, им се заблагодари на вработените и клиентите на Амазон за неговиот лет во Вселената. – Сакам да се заблагодарам на секој вработен во Амазон и на секој клиент на Амазон, затоа што дечки вие плативте за сето ова. Сериозно, за секој клиент на Амазон и за секој вработен на Амазон, Ви благодарам од сѐ срце. Многу го ценам ова, изјави Безос по летот во Вселената. Безос исто така им се заблагодари на инженерите на проектот „Блу ориџин“ кои ја конструираа ракетата „Шепард“ со која што тој и уште неколкумина туристи денеска полетаа на десетминутен…
Пет општини во Србија прогласија вонредна состојба, откако обилните дождови предизвикаа поплави на неколку локации. Општината Чуприја информираше дека вонредната состојба ја прогласува за побрза реакција во санирање на штетите предзвикани од невремето. Вонредна состојба прогласија и општините, Петровац на Млава, Лебане, Црна Трава и Бела Планика, јавуваат српските медиуми. Српскиот хидрометереолошки завод издаде предупредување за силни врнежи во подрачјето на Банат и во јужниот дел од земјата на границата со Македонија. Циклон од Хрватска пристигна во Србија пред неколку дена, кога започнаа обилни дождови и предизвикаа поплави на повеќе места.
Телефонскиот број на францускиот претседател, Емануеал Макрон и на уште на 13 други претседатели на држави и на Влади, се најдоа на спсокот на шпионскиот софтвер „Пегаз“, објави Гардиан. Според медиумот, Макрон бил селектиран како личност од интерес од Мароко во 2019 година. Макрон не е таргет на ниту еден од клиентите, тврдат од НСО Груп. Компанијата негира дека тој бил избран за шпионирање преку софтверот „Пегаз“, бидејќи според нив со стамото тоа што се појавил на списокот не значи дека бил следен преку софтвер. И актуелниот претседател на Советот на Европската Унија, Шарл Мишел бил селектиран како личност од…
Невообичаениот обилен дожд предизвика поплави во централниот дел на Кина. Надојдената вода го поплави метрото во градот Џенгџоу. Луѓето се заробени во метрото во вода до појас. Автомобили пливаат на поплавените улици. Храмот Шаолин, познат по боречките вештини на будистиките монаси е оштетен во поплавите. Засега нема информации за евентуални човечки жртви Chinese social media are abuzz with apparently heavy rain & subsequent flood-like situation in central Henan Province. Provincial capital Zhengzhou has raised local alert level to the highest Level I. There are unsubstantiated but troubling accounts of civillians being trapped. pic.twitter.com/eIAuhEdMQr — Zichen Wang (@ZichenWanghere) July 20, 2021
НАТО ги осуди киберактивностите на Кина со цел нанесување штета на евроатлантската безбедност, јави агенцијата Анадолија. – Ја осудуваме злонамерната киберактивност осмислена да ја дестабилизира и да ѝ наштети на евроатлантската безбедност и да го наруши секојдневниот живот на нашите граѓани, се наведува во соопштението на НАТО. Нагласувајќи ја одлучноста на НАТО да ги одврати и сузбие киберзаканите, се истакнува дека таквите активности ја нарушуваат безбедноста и стабилноста на киберпросторот: „Ги поздравуваме изјавите на сојузниците како што се Канада, Велика Британија и САД кои одговорноста за хакирањето на серверот Мајкрософт ексчејнџ ѝ ја припишуваат на Кина.“ Сите држави, вклучувајќи ја…
Околу 30 лица загинаа, а шеесетина се повредени во еден од најголемите терористички напади што денеска се случи во Багдад, пренесува Бгнес, повикувајќи се на телевизијата Ал Арабија. Првично беше објавено дека експлозивна направа експлодирала на полн пазар во претежно шиитското предградие Мадинат Садр. Во тоа време имало особено многу луѓе, бидејќи многу Ирачани и цели семејства со деца биле на пазарот за да купат сè што е потребно еден ден пред големиот муслимански празник Курбан Бајрам. Експлозијата предизвика значителна материјална штета, неколку продавници се запалиле, а луѓето во паника се обидувале да избегаат по тесните ходници меѓу трговските центри…
По обилните дождови во Внатрешна Моноголија во Кина се урнаа две брани, соопшти кинеското Министерство за вода и предупреди на безбедносните ризици од старата инфраструктура за време на летната сезона на поплавите. Луѓето кои живеат во близина на браната се евакуирани и сè уште нема информации за евентуално настрадани. Според официјалните информации, изминатиот викенд паднале во просек 87 милиметри дожд, а метеоролошката станица Морин Дава измерила дури 223 милиметри врнежи од дожд. Two dams in northern China collapsed. The waters of the corresponding reservoirs are flooding nearby towns. Video shows water overtopping one of the dams and minutes later the…
Креаторите на скандалозниот софтвер „Пегаз“ НСО Груп соопштија дека ја извезувале програмата според извозните правила на Бугарија, Израел и Кипар. „НСО Груп сериозно ги сфаќа етичките размислувања, регулирана е од режимите за контрола на извозот на Израел, Кипар и Бугарија и се продава само на проверени владини клиенти“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Бгнес, повикувајќи се на британскиот весник Гардијан. Кипарскиот огранок на компанијата беше затворен лани во август. НСО Груп го објасни ова со преструктуирање на бизнисот. Поранешни нејзини вработени од Кипар велат дека таа има уште една база којашто се наоѓа во Бугарија. Во мај 2019…
Велика Британија, Соединетите Американски Држави и Европската Унија ја обвинија Кина за голем сајбер напад насочен кон серверите на Мајкрософт Ексчејнџ на почетокот на оваа година. Во нападот биле опфатени околу 250.000 сервери на Мајкрософт Ексчејнџ, а влијаел врз најмалку 30.000 организации во светот, јавува Би-Би-Си. Одговорни се кинеските државни чинители, сметаат од Велика Британија, додека од Европска Унија рекоа дека нападот доаѓа од теротирија на Кина. Кинеското министерство за државна безбедност, го обвинија за шпионажа. Кон осудите се приклучиле НАТО, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Канада. Кинеските власти претходно ги негираа обвинувањата за хакерскиот напд и се спротиставија на…