Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Креаторите на софтверот „Пегаз“ преку кој се шпионирале новинари и политичари тврдат дека сè е по Закон

0
By НОВА ТВ on July 19, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 19, 2021 20:51

Креаторите на скандалозниот софтвер „Пегаз“ НСО Груп соопштија дека ја извезувале програмата според извозните правила на Бугарија, Израел и Кипар.

„НСО Груп сериозно ги сфаќа етичките размислувања, регулирана е од режимите за контрола на извозот на Израел, Кипар и Бугарија и се продава само на проверени владини клиенти“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Бгнес, повикувајќи се на британскиот весник Гардијан.

Кипарскиот огранок на компанијата беше затворен лани во август. НСО Груп го објасни ова со преструктуирање на бизнисот. Поранешни нејзини вработени од Кипар велат дека таа има уште една база којашто се наоѓа во Бугарија.

Во мај 2019 година, невладината организација „Пристап сега“ (Access Now) ги предупреди властите во Бугарија и Кипар, повикувајќи ги да обрнат внимание на извозот на компанијата поради злоупотреба на технологијата на НСО Груп.

Глобалниот скандал избувна по обзнанувањето дека илјадници новинари и политичари ширум светот биле шпионирани од владите на различни земји користејќи ги нивните Ајфони или Андроид телефони. Истрагата на Гардијан, Вашингтон пост, Ле Монд и 16 други медиуми откри дека шпионскиот софтвер „Пегаз“ на НСО Груп може да ја вклучи камерата или микрофонот на телефонот и да украде податоци од него без знаење на сопственикот.

„Пегаз“ може да се инсталира од далечина без да треба да се наведува корисникот да го преземе, а откако ќе се вклучи, телефонот ефикасно се шпионира. Може да обезбеди пристап до апликации како што се WhatsApp, Telegram и Signal и пораки, е-пошта, текстуални пораки, GPS податоци и списокот со контакти на телефонот. Пегаз им овозможува на оние што ја следат целта не само да го следат објектот и да откриваат со кого разговара и за што, туку и да имаат пристап до компромитирачки слики и информации со кои можат да уценуваат или малтретираат.

Корисници на софтверот биле репресивни режими, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Азербејџан.

Владите мора да воведат глобален мораториум на трговијата со меѓународен шпионски софтвер или да се соочат со свет во кој ниту еден мобилен телефон не е безбеден од државно спонзорирани хакери, изјави Едвард Сноуден за „Гардијан“ по откритијата за клиентите на НСО Груп.

Фон дер Лајен: Неприфатлива e употребата на софтвер за шпионирање новинари

новинари Пегаз политичари софтвер Шпионажа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 19, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

ВЕСТИ June 19, 2026

Израел и Хезболах постигнаа договор за примирје којшто стапи во сила денеска во 16 часот…

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.