Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгија, по два месеца мигрантите без документи го прекинаа штрајкот со глад

0
By НОВА ТВ on July 21, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 21, 2021 17:09

После 59 дена штрајк со глад и пет дена штрајк со жед денеска е зачнат компромис помеѓу владата и мигрантите без документи кои штрајкуваат, тие штотуку најавија дека го суспендираат штрајкот, јави дописничката на МИА од Брисел. По недели политички и дипломатски притисок од внатре и од надвор, белгиската влада успеала да постигне начелен договор со штрајкувачите со глад денеска, најавија претставниците на хуманитарниот сектор кои ги поддржуваат мигрантите без документи.

-Вчера и денес имаше средби со владата, успеавме да воспоставиме договор кои сѐ уште не се потврдени. Се надеваме дека ќе бидат. За да нема веќе стрес и анксиозност во Црквата решивме да го прекинеме штрајкот со жед и да го суспендираме, за сега штрајкот со глад, изјавија денеска претставници на мигрантите.

За потсетување од 23 мај во центарот на Брисел над 450 мигранти без документи штрајкуваат со глад, а од пред пет дена и со жед, поради тоа што Белгија одбива да го регулира нивниот престој во земјата.

Некои од нив повеќе од 30 години живеат и работат во Белгија без никакви документи поради фактот што белгиското законодавство не е јасно и одлуките за регуларизација на мигрантите неретко се арбитрарни.

Обединетите Нации реагираа пред неколку дена со низа препораки до белгиската влада да се најде решение за стотиците илјади мигранти без документи и побараа Белгија да го подобри својот закон и да воведе независна комисија.

Бројни познати личности од целиот свет, како Кен Лоуч и Роџер Вотерс, упатија апел до властите во Белгија под итно да најдат решение за мигрантите.

Дел од владината коалиција во Белгија се закани дека ќе ја напушти владата предизвикувајќи нова политичка криза во државата доколку не се преземе итно нешто за овие луѓе.

Државниот секретар за азил, Сами Мади, реагираше на Твитер.

-За мене ова не беше битна против луѓе туку за коректна политика, да се надеваме дека никој нема да има трајни последици, напиша Мади.

За сега нема детали за договорот со властите кој овозможи да се суспендира штрајкот со глад.

 

Белгија Мигранти штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.