Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека воената мисија на САД во Авганистан ќе заврши „брзо и безбедно“ до 31 август. -Не отидовме во Авганистан за да градиме нација, рече тој во говорот за напорите на неговата администрација за ставање крај на американската војна во Авганистан, додавајќи дека „авганистанските лидери треба заедно да одат кон иднината“. Бајден ја потврди сопствената одлука да ги прекине воените операции на САД во Авганистан, и покрај успехот на талибанците во преземањето контрола над делови на авганистанската територија. Тој оцени дека авганистанската администрација ќе најде начин да го реши конфликтот во наредните денови, додавајќи дека…
Доцна попладнево полицијата го уапси бегалецот Ајвази Ајдиљраман алијас командант Тануша за издржување на казна затвор од 20 години. Тој се бараше за кривичното дело обиство, по наредба на скопскиот Кривичен суд. Од МВР соопштија дека Тануша ќе биде однесен во затвор. -Полициски службеници од ЕВР Кисела Вода-Отсек потраги и Единицата за интервентна полиција денеска околу 19 часот го лишија од слобода А.А. (37) од с.Мојанци, скопско, за кого била распишана потерница на Основен Кривичен Суд- Скопје вв чл.123 ст.1 (убиство) од КЗ на РСМ, се наведува во соопштението на МВР.
Премиерот Зоран Заев вечерва присуствува на свечената гала на конференцијата на „Економист“ во Атина, на која се обрати премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, соопштија од Владата. На гала вечерата присуствуваат министерот за внатрешни работи на Грција, Макис Воридис, министерот за туризам, Харис Теохарис, поранешниот претседател на Европскиот Парламент Мартин Шулц, поранешната претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, поранешниот француски премиер, Доминк Де Вилпен, амбасадорот на САД во Атина, Џефри Пајат, како и бројни дипломати, бизнисмени, стопанственици. Заев, како што најавуваат од Владата, утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата…
Министерот за надворешни работи Бујар Османи за предложената Резолуција на опозоциската партија ВМРО-ДПМНЕ вели дека проблемот не го гледа во содржината, туку во формата за усвојување на Резолуцијата без консензус на политички партии. Во случај да се постигне согласност, ДУИ ќе ја поддржи резолуцијата, вели Османи, но покредибилна ќе биде позицијата на сите чинители ако се задржи консензус по однос на овие прашања. -Важно беше иницијативата во Собранието да биде донесена со консензус, затоа што макотрпно работевме во овој период да изградиме државна позиција по однос на овие сензитивни прашања коишто имаат елементи на етнички позиции… За нас како дипломатија…
Бројот на нови случаи на коронавирус во Холандија вртоглаво се зголемува, со 5 500 нови случаи пријавени само денеска, додека бројот на хоспитализирани лица со Ковид-19 не расте. Според Националниот институт за здравство, ова е најголемиот дневен број од 14 мај. Пред една недела имаше 800 новозаразени за 24 часа, а во последните седум дена, во просек по 67 нови случаи на 100 000 жители. Поради ширењето на пандемијата, Владата размислува да воведе нови мерки за борба против коронавирусот. Холандија на 26 јуни ги укина скоро сите ограничувања и маски во моментов треба да се носат само во јавниот превоз.…
Членот на кризниот штаб на Владата на Србија, Предраг Кон, изјави дека влошувањето на епидемиолошката состојба е „евидентно“, затоа што граѓаните на Србија се „сериозно непослушни“. – Опуштањето зема замав. Некои (анти-епидемиолошки) мерки се доживуваат како непријатност, како да е срамота да се потсети некого да носи маска, изјави тој за РТС, додавајќи дека секогаш треба да се предупредува дека маски мора да се носат. Според Кон, мерките што важат во Србија се добри, но проблемот е што тие не се почитуваат. Во врска со таканаречениот „карантин туризам“, Кон рече дека за тоа не се разговарало во Кризниот штаб и…
Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања, на кој присуствуваа и министрите од земјите членки на Европската унија и од земјите од Западен Балкан, кој се одржа во Брдо кај Крањ, Словенија. На состанокот, на кој се дискутирало за младинските политики и за обезбедување на одржлива интеграција на младите лица на пазарот на трудот, присуствувал и еврокомесарот за работни места и социјални права Николас Шмит, кој најавил силна поддршка за имплементирање на Младинската гаранција во сите земји од Западен Балкан. Министерот за труд, семејство, социјални работи и еднакви…
Веќе трет ден во Грција, бројот на новозаразени бележи нагорен тренд, а денеска по пауза од месец и половина се регистрирани над 2 000 нови случаи на Ковид-19, додека пак потврдени се и уште 67 случаи од делта сојот, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција, во изминатите 24-часа регистрирани се 2 107 новозаразени, починаа десет лица, а 153 се приклучени на апарати. Најголемиот број, повеќе од половина нови случаи, односно 1.115 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а 241 на островот Крит. Во однос на делта сојот,…
И во услови на пандемија покажуваме грижа за студентите и креираме мерки и политики кои се во интерес на младите и нивната иднина. Вложувањето во подобри услови за студентите го сметаме за капитално вложување во иднината на државата, напиша премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил, посочувајќи дека околу 40 000 студенти од октомври ќе добиваат финансиска поддршка за субвенциониран оброк. Премиерот истакнува дека финансиската поддршка за субвенционираниот студентски оброк на месечно ниво изнесува 2 400 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на МОН. – Средствата ќе се уплаќаат директно на трансакциска сметка на студентите кои ги исполнуваат законските…
Глобалната програма за дистрибуција на вакцини КОВАКС планира годинава да испорача 520 милиони дози вакцина против коронавирус во Африка, изјави директорката на програмата Аурелија Нгуен. Таа на прес-конференција организирана од Светската здравствена организација за африканскиот регион кажа дека Програмата не е задоволна од досегашната дистрибуцијата на вакцините, но дека распределбата треба значително да се зголеми од септември. Доцнењето во испраќањето на вакцината делумно се должеше на индиските ограничувања на извозот, што спречија КОВАКС да преземе дози од Индискиот институт „Серум“, еден од најголемите светски производители на вакцини, што ја произведува вакцината „АстраЗенека“. Нгуен додаде дека КОВАКС досега доставила околу 25 милиони…
Обвинителот Љубомор Лапе, кој го застапува обвинението за случајот „Тортура“, денеска во скопскиот Кривичен суд не предложи нови докази за случајот, откако скопска „единица“ претходно на закажаното рочиште за објава на пресуда го реотвори случајот. Според Лапе, нема начин како да се измери кој колку сила од полицајците употребил при апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, туку тој имал душевно страдање од висок степен, нешто што го покажало вештачењето. – Нема простор за предлжување нови докази, фактичката состојба е целосно утврдена. Oд друга страна секое понатамошно дополнително предлагање на докази од страна на обвинителството или на одбраната…
Изминатиов месец во болницата во Гевгелија лекарска помош побарале 50 деца и бебиња со симптоми за респираторни инфекции, неспецифични за овој период од годината. Докторите Аспазија Софијанова, Весна Мицевска и Валентина Јовановска Огненовиќ од Клиниката за педијатрија утре ќе се упатат на испомош на педијатрите во Општата болница Гевгелија за евентуални дополнителни испитувања во делот на специфична дијагностика, велат од министерството за здравство. Моментално во гевгелиската болница хоспитализирани се само две бебиња поради возраста, а дваесетина деца се на терапија, но не се задржани на болничко лекување. – Општата болница Гевгелија досега ги има преземено сите здравствени протоколи за третман…