Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Македонските и бугарските историчари денеска и вчера дискутирааа за повеќе прашања во рамки на 15-тата редовна средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија, што поради пандемијата со коронавирусот се одржа во онлајн формат. Како што брифираат за МИА од македонската страна во Комисијата, на средбата не се усвоени никакви решенија и препораки што се должи на исклучивиот пристап на колегите од Софија и нивното инсистирање да се наметне нивното гледање за минатото. Ова беше четвртиот состанок од предвидените пет за оваа година, на мешовитата македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања,…
Косовската претседателка, Вјоса Османи објави денеска дека, на нејзино барање, Министерството за надворешни работи на Косово прогласило за „персона нон грата“ двајца службеници на Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово и започнало процедура за нивно протерување од државата, јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението од кабинетот на Османи, прогласувањето за непожелни во Косово на руските дипломати е „поради нивната штетна активност, која е насочена против националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово“. – Неделава побарав од вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала Шварц, да ги прогласи за персона нон грата двајца службеници…
Од почетокот на пандемијата досега во земјава се регистрирани 199.057 случаи на Ковид – 19. Од нив, 185.931 оздравеа, а 7.019 ја изгубија битката со вирусот. Моментално има 6.107 активни случаи на корона вирусот. Министерството за здравство, согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа: Направени се 3.209 тестирањe, а регистрирани се 411 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 198, Куманово – 40, Штип – 19, Велес – 18, Кавадарци и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Битола – 13, Крива Паланка – 10, Тетово и Радовиш – по 7, Струга – 6, Струмица…
Поранешниот американски претседател Барак Обама им се придружи на европските лидери во оддавањето почит на германската канцеларка во заминување Ангела Меркел, заблагодарувајќи и се што е „сидро во бројни бури“. Во видео пораката прикажана на нејзиниот последен самит на ЕУ, Обама рече: „Вашиот сакан народ и целиот свет ви должат голема благодарност што бевте светилник толку многу години“. Поранешниот американски претседател особено ја пофали нејзината способност да ги стави принципите над себичните интереси, алудирајќи на нејзиниот релативно либерален став за време на големиот бегалски бран во 2015 година. Тој ѝ се заблагодари на канцеларката за нејзината „лојалност кон универзалните вредности…
Француската министерка за одбрана Флоренс Парли денеска им порача на колегите од НАТО да не се плашат од заедничките одбранбени планови на Европската унија. Парли истакна дека САД ќе имаат корист и дека европските капацитети само ќе ја зајакнат Алијансата. – Кога слушам некои дефанзивни изјави околу прашањето за одбраната на ЕУ, кога ќе видам одредени закани, вклучително и во оваа организација, велам: „Не плашете се!“, изјави Парли за време на седницата на која присуствуваше и шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. Таа додаде дека европската одбрана не се прави со цел да биде опозиција на НАТО, туку дека напротив,…
Четири лица го загубија животот, а 18 се повредени во невремето што синоќа ја зафати Полска, а беше проследено со силен ветер со ураганска сила, оставајќи зад себе материјална штета и уништени дрвја во западниот и централниот дел на земјата, соопштија полските власти. Пожарникарите пријавиле повеќе од 10.000 интервенции и 930 оштетени згради, јави приватната телевизија ТВН24, додавајќи дека најлошо минале провинцијата Лубуш на запад и Лоѓ во централниот дел на Полска. -Невремето беше страшно, го скрши лимот од покривот и го фрли од едната страна на куќата на другата, изјави Кшиштоф Колчински за ТВН24, чија куќа во Машковице, во…
Нигериските безбедносни сили го убија новиот водач на екстремистичка група поврзана со таканаречената Исламска држава (ИД). – Убиениот екстремист е обвинет за убиство на стотици луѓе во Нигерија и во соседните западноафрикански земји, изјави денеска нигерискиот советник за национална безбедност Бабагана Монгуно. Тој рече дека Малам Бако неодамна го наследил Абу Мусаб ал Барнави како лидер на таканаречената ИД во провинцијата Западна Африка (ISWAP), кој неодамна беше убиен. Бако во август беше назначен за член на Советот Шур, консултативно собрание на ISWAP, во август, откако милитантите ја зацврстија својата позиција во басенот на езерото Чад по смртта на ривалскиот водач…
Истовремената употреба на вакцини против грип и коронавирус е безбедна, покажаа истражувањата за кои денеска во седиштето на СЗО во Женева зборуваше Силви Брајан, директорка на Службата за глобална подготвеност за критични инфекции при Светската здравствена организација. -Постојат неколку студии кои покажуваат дека е безбедно да се даваат двете вакцини истовремено, објасни таа. „Сепак, мора да се консултирате со вашиот лекар за индикациите за употреба на двете вакцини“, додаде таа. Запрашана како пациентот може да ги разликува симптомите на грип од оние на ковид-19, директорката потсети дека вообичаените симптоми на грип се треска, главоболка и болки во мускулите, како и…
Согласно податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2021 година изнесува 28.642 денари. Тоа значи зголемување од четири проценти во однос на истиот месец минатата година, поточно за 1.107 денари. Зголемување на просечната нето плата е регистрирано и во однос на јули годинава, кога платата изнесувала 28.540 денари, информираат од владината прес-служба. Зголемувањето, се вели во соопштението, се должи, пред сѐ, на зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (15.1 %), уметност, забава и рекреација (14.2 %) и други услужни дејности (13.5…
Вакцината „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 била 90,7 отсто ефикасна во клиничките испитувања кај деца на возраст од пет до единаесет години, соопшти денеска американската фармацевтска компанија. Шеснаесет деца кои примиле плацебо се разболеле од Ковид-19, а само три биле вакцинирани, наведува „Фајзер“ во документите доставени до Управата за храна и лекови на САД (ФДА). Главната цел на истражувањето, во кое учествуваа 2.268 деца, не беше да се измери ефикасноста, туку да се спореди бројот на антитела кај вакцинираните деца во споредба со возрасните. Врз основа на овие резултати, „Фајзер“ и „Бионтек“ минатиот месец објавија дека нивната вакцина предизвикува силен имунолошки одговор…
Технички комитет на експерти за справување со пандемијата, денеска одлучи во Албанија да останат во сила веќе постојните ограничувачки мерки, а ја одобри препораката на Комитетот за вакцинација, за аплицирање трета доза на вакцина против Ковид-19. Тоа значи дека полицискиот час, воведен во ноември минатата година, продолжува во период од 23 до 6 часот, музика во угостителските објекти се дозволува до 23 часот, а присуство на настани со 30 отсто исполнетот од капацитетот. Граѓаните кои влегуваат во Република Албанија од сите гранични премини мора да поседуваат сертификат за вакцинација, при што од денот на ревакцинацијата треба да изминале најмалку две…
СДСМ не изгуби од ВМРО – ДПМНЕ. ВМРО ДПМНЕ како и да го споредувате со било кои претходни избори е послаб со бројот на гласови, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервјуто за ТВ21. Тој потсети дека Коце Трајановски имал 101.000 гласови во 2017 година, а за Петре Шилегов поддршка дале 141.000 гласачи, додека пак сега Данела Арсовска и ВМРО – ДПМНЕ имаат 85.000 и тоа во коалиција со Алијанса за Албанците. – ВМРО – ДПМНЕ не само што не држи константа, туку паѓа континуирано паѓа. Проблемот е, ние го добивме жолтиот картон од нашите гласачи. Членството, активностите се…