Author: НОВА ТВ

На денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Центар, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека оние 400-ни илјади кои не гласаа за Заев и оние милион гласачи кои останаа дома не се никакво зло, туку тоа е Македонија која се обедини против него. – Зоран Заев во писмото кое го напишал и испратил до неговото членство, на индиректен начин вика дека тие што не гласале за него, биле злото. Јас не мислам така, јас велам тие 400 илјади кои излегоа и не гласаа за Заев и тие милион гласачи кои одлучија да останат дома не се никакво зло, тоа е Македонија.…

Read More

Високиот судски и обвинителски совет на Босна и Херцеговина (ВСТВ) денеска го назначи Миленко Кајганиќ за вршител на должноста главен обвинител на Обвинителството на БиХ, откако вчера беше донесена одлука за смена на Гордана Тадиќ од таа позиција. Кајганиќ е обвинител од 2014 година, а пред тоа извршуваше различни полициски функции во Министерството за внатрешни работи на Република Српска и Обвинителството на ентитетот. ВСТВ најави дека наскоро ќе објави конкурс за нов главен обвинител. Како што пренесуваат локалните медиуми, Гордана Тадиќ беше разрешена затоа што во дисциплинска постапка против неа беше утврдено дека таа ја извршувала својата должност несовесно и…

Read More

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на земјите-членки им кажа дека се „премногу зависни од гасот“, во контекст на тековната енергетска криза во која цените на бензинот се искачија на рекордни височини. Фон дер Лејен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата од „зелениот договор“, јави Еуроњус. -Брзата транзиција кон чиста енергија Унијата ќе ја направи понезависен глобален играч, рече Фон дер Лајен. „Денеска Европа е премногу зависна од гасот и увозот на гас“, рече претседателката на ЕК пред пратениците. -Одговорот има врска со диверсификацијата на нашите добавувачи…

Read More

Тело на маж без глава и со отстранета утроба е пронајдено во малиот француски град Болен. Полицијата интензивно трага по Алекс Мартин, осомничен за ова злосторство, пренесуваат светските медиуми. Полицијата ја предупреди јавноста дека осомничениот бил вооружен со нож и дека е опасен. Препорачано е сите што би го виделе да пријават во локалната полиција. Убиството се случило во областа Воклус, во познатата туристичка област Прованса, на  Азурниот брег. Локалните медиуми објавија дека хеликоптер, кучиња и други ресурси биле распоредени во областа за да помогнат во потрагата по осомничениот.

Read More

Претседателот на Бундесбанка, Јенс Вајдман изјави денеска дека ја напушта германската централна банка кон крајот од годинава поради лични причини, но го искористи моментот за да го потврди своето предупредување за ризици од инфлација, пишува Политико. Вајдман побара од германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер да го разреши од должноста на 31 декември, се наведува во соопштението на Бундесбанка. – Дојдов до заклучок дека повеќе од 10 години се добра мерка за време за да се сврти нова страница – за Бундесбанката, но и за мене лично, напиша Вајдман во писмо до вработените во банката, без да наведе повеќе детали. Вајдман стана…

Read More

Во седиштето на Алијансата во Брисел, попладнево министерката за одбрана Радмила Шекеринска ја отвори изложбата насловена „Патот на Северна Македонија до НАТО“. – Задоволство ми е да ја отворам оваа изложба која го претставува нашиот пат кон Алијансата. Моментот на зачленување во НАТО беше момент за паметење, момент на гордост. Успеавме зашто бевме посветени и зашто ја имавме вашата поддршка, рече министерката на отворањето пред амбасадорите во НАТО. Шекеринска, како што се посочува во соопштението од МО, се заблагодари на претставниците на земјите – членки за сета помош низ годините кон полноправно членство и порача дека тоа Северна Македонија го…

Read More

НАТО ја зајакнува воената инфраструктура во непосредна близина на границите на Русија и Белорусија, предупреди денеска рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. – Се модернизира неговата воена инфраструктура, се создаваат резерви на оружје, воена опрема и материјални средства и се практикува трансфер на војници, истакна Шојгу на заедничкиот колегиум на министерствата за одбрана на Русија и на Белорусија. Тој додаде дека оклопна бригада на копнената војска на САД и четири мултинационални баталјонски тактички групи се префрлени во Полска и балтички земји. – Во Романија, Полска и Летонија се формирани штабови на коалициски дивизии на Алијансата. Капацитетот на инфраструктурата во пристаништата…

Read More

Нашите поддржувачи одлучуваат слободно. Никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има контрола врз нив, рече денеска претседателот на СДСМ, Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање дали се договориле со владините партнери ДУИ и БЕСА кого ќе поддржат во вториот круг на локалните избори. – Тука се поставува и уште едно прашање: Што правиме во Долнени или Чашка, Арачиново. Кога како коалициски партнери имаме два кандидати, нормално нашите поддржувачи одлучуваат слободно. За поддржувачите, рековме и во недела вечерта, дека никој од нас нашите гласачи не ги носи во џебот, ниту некој има конторла врз нив,…

Read More

Гласачите сами да проценат за кого ќе гласаат во вториот круг на локалните избори. Движењето „Одлучно за промени” составено од ДОМ и ЛДП останува во владината коалиција. Оттаму соопштуваат дека остануваат во владината коалиција, но најавуваат дека по вториот круг од локалните избори, ќе се размислува за промени. – Сериозно ќе разговараме со нашите политички партии да се смени нешто во начинот на владеење. За вториот круг сметаме дека нашите гласачи се доволно интелигентни и не треба да ги насочуваме за кого да го дадат гласот, порачаа лидерката на ДОМ, Маја Морачанин од Движењето „Одлучно за промени”. Морачанин денеска ги…

Read More

Првата порака до моите партиски другари, е дека добивме „жолт картон“ од граѓаните, од тоа колку ќе го послушаме нивниот глас зависи дали тој ќе стане црвен, за секој од нас и за сите нас. Почитувани граѓани, со чист образ сакам да побарам од вас да дадете шанса за земјата и општеството да продолжат да се движат кон иднината, наместо да се враќаат кон минатото. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на се што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко делување, бидејќи постои ризик…

Read More

Учениците од петто до 12 одделение во Софија од утре ќе се префрлат на онлајн настава по налог на министерот за образование, соопштија општинските власти во главниот град на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, за најмладите од прво до четврто одделение, оперативниот штаб во Софија предложи наставата да продолжи со физичко присуство до крајот на оваа недела. Во шест општини во софиската област – Ботевград, Своге, Сливница, Костинброд, Етрополе и Горна Малина, учениците, исто така, од утре ќе преминат на онлајн учење. Регистрираниот морбидитет во Софија на 14-дневна основа е 812 на 100.000 луѓе, истакна директорот…

Read More

Актуелниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов, кој е и кандидат за уште еден мандат очекува поддршка од ЛДП и ДОМ за вториот круг од локалните избори. Шилегов побара силна поддршка од сите граѓани во вториот изборен круг, за, како што рече, Скопје да продолжи да се движи во вистинска насока. -Политичкиот сингал кој што го пратија ЛДП и ДОМ е сигнал кон сите граѓани дека остануваат во политичкото мнозинство. Не мислам дека е пристојно да се бара од било кој граѓанин или да се насочува кому ќе го даде својот глас затоа што тоа е индивидуално право на секој…

Read More