Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ
Основното јавно обвинителство Свети Николе поведе постапка против едно лице за кое постои сомневање дека сторило продолжено кривичното дело – Поткуп при избори и гласање од член 162 став 3 во врска со став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопштија од Јавното обвинителство. Постапка се води и против четири лица кои го примиле поткупот. – Осомничениот на 15 октомври 2021 година, во општина Лозово бил забележан како дава пари на граѓани за да гласаат за независен кандидат. Со потврда одземена е документацијата и паричните средства кои биле пронајдени кај осомничениот. Осомничениот е задржан во полициска станица.…
СДСМ и Коалицијата вечерва на три митинзи – во Куманово, Арачиново и во Велес. Тие го претставија караванот „Најдоброто за мојата општина“ на последниот ден од кампањата за локалните избори закажани за в недела. Централниот митинг на СДСМ беше во Куманово. На овој плоштад ќе грми и ќе ечи кога ќе ја славиме победата во недела во бастионот на СДСМ, истакна претседателот на партијата Зоран Заев на партиската трибина во Куманово. Тој кажа дека Куманово е град на социјалдемократијата и повика да се поддржи кандидатот Оливер Илиевски. – Куманово и кумановци и овојпат ќе бидат на страната кои го нудат…
ДУИ изборната кампања за локалните избори ја заврши со митинг во Гостивар, каде го претстави кандидатот за градоначалник на оваа општина Невзат Бејта и Листата на советници предводена од Африм Аручи. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пред присутните рече дека Гостивар го заслужува подоброто. Тој побара поддршка за кандидатот на ДУИ за градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта и листата на советници предводена од Африм Аручи. – Дојдов денес пред вас да го повикам секој граѓанин на Гостивар, бидејќи нашата агенда е европска, а таа е иднината. Нашата платформа е здравје кое го одржува животот, затоа поддршката нека биде безрезервна. Ги…
Во Солун автобус среде пат пропадна во дупка. Дупката била предизвикана од обилните дождови, а во инцидентот немало повредени. Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 лица, пренесе АП. Во автобусот се превезувале работници од нафтена рафинерија во Солун. Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и други делови на Грција, а поради невремето многу патишта беа затворени.
Кошаркарите на Пелистер во вториот натпревар од својата дебитантска сезона во АБА 2 лигата ја забележаа вечерва првата победа, триумфирајќи над Сутјеска од Црна Гора со 93:73. По поразот во воведното коло во средата од Ловќен со 108:85, битолчани денеска одиграа многу подобар натпревар и сосема заслужено на крајот се радуваа на дебитантскиот триумф во регионалното натпреварување. Трајковски и Малешевиќ со по 16 и Хотон со 14 поени беа најефикасни во тимот на Марјан Илиевски. Вториот „балон“ на АБА2 лигата се игра следниот месец во Осиек.
Полициски службеници од ОВР Свети Николе, денеска во 17.30 часот го приведоа Б.А.(50) од с. Милино, Општина Лозово, по претходно добиени оперативни сознанија дека врши поткуп во врска со претстојните локални избори, при што давал и нудел пари, а лицата кои добивале пари се потпишувале на документ дека примиле пари, соопштија од МВР. Лицето додават од МВР е лишено од слобода по член 162 ст.1 и 2 вв ст 3 „поткуп при избори и гласање“ и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Кипарските власти соопштија дека поништиле пасоши на 45 лица, кои добиле државјанство со укинатата инвестициска програма, која беше во сила повеќе од 10 години до 2020 година. Околу 7.000 луѓе добиле кипарско државјанство со програмата наречена „пари за пасош“. Програмата имаше поддршка од десничарската Влада се додека не се појавија обвинувања за можна корупција. Не се објавени имињата на луѓето чии пасоши се поништени. Кипарскиот пасош овозможува патување без виза во многу држави, како и право на живеење во 27 земји-членки на Европска Унија. Инвестициската програма беше популарна помеѓу Русите и инвеститорите од Азија. Кипарските власти издаваа пасоши на апликанти…
Неодамнешните инциденти на Косово ја продлабочија недовербата меѓу заедниците, поради што дијалогот под покровителство на ЕУ сега е императив, изјави шефот на Мисијата на Обединетите нации на Косово, Захар Танин. На редовната седница на Советот на безбедност на ОН за Косово денеска тој потсети дека при крај на извештајниот период уследиле неколку инциденти кои, како што наведува, биле последица на недостигот на политичко разбирање и комуникација. Танин додава дека е против еднострани акции. Тој наведе дека сè мора да оди низ дијалог, но дека неодамнешните акции на косовската полиција ја зголемиле недовербата на српското население на северот. Седницата се одржува…
Потребно е да се фокусираме на развојот на човечкиот капитал, не само декларативно, туку и суштински, за да ја зголемиме конкурентноста на македонската економија на среден и долг рок. Владата во моментов изработува Стратегија за развој на човечки капитал, којашто треба да овозможи забрзан, инклузивен и одржлив развој. Ова го истакна министерот за финансии, Фатмир Бесими, на состанокот на Конституенцата на ММФ и Групацијата на Светска банка, во којашто членува нашата земја, а којшто беше одржан во рамки на Есенските средби на ММФ и СБ. – Луѓето се најзначајниот извор со којшто располагаат земјите. Земјите коишто дале висок приоритет за…
Претседателот Стево Пендаровски за време на работната посета на Кралството Шведска, денеска во Стокхолм имаше средби со претставници на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претставници на Нобеловата фондација, како и на водечките политички организации и институти и тинк – тенк организации. На средбата со Марие Отесон, заменик генерален директор на Шведската агенција за меѓународна соработка и развој – СИДА, претседателот Пендаровски беше запознаен со приоритетите на новата седумгодишна стратегија за реформска соработка на Кралството Шведска за земјите од Западен Балкан, соопшти кабинетот на шефот на државата. Целта на програмата е доближување на овие земји со Европската…
Маратонците, кои го трчаат и годинешниот ултрамаратон во должина од 900 километри во чест и сеќавање на македонската и балканската музичка ѕвезда Тоше Проески, вчера тргнаа од Нова Градишка, каде што загина Проески, а треба да стигнат до Крушево. На почетокот на овој хуман подвиг ги испрати македонскиот амбасадор во Хрватска Миљаим Фетаи. Годинава се навршуваат 14 години од смртта на Тоше Проески.
СДСМ и Коалицијата изборните активности на карванот „Најдоброто за мојата општина“ ги продолжи меѓу граѓаните на Кичево, Врапчиште, Гостивар и Струга, каде беа промовирани кандидатите за градоначалници. СДСМ и Коалицијата централниот митинг го одржа во Гостивар. Мицкоски и Села се споија околу заедничката безидејност и омраза кон другите. Затоа таа вештачка коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса за Албанците, тој брак од интерес ќе им се распадне уште во недела околу полноќ, кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на трибината „Најдоброто за мојата општина“ во Гостивар. – Кога и двајцата ќе видат дека ниту членови на ВМРО-ДПМНЕ гласале…