Author: НОВА ТВ

Земјотрес со епицентар во Албанија, почувствуван во северозападните делови од земјава. Земјотрес чиј епицентар се наоѓа во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје денеска е регистриран во 14 часот и 26 минути, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. – Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Read More

Политиката на проширување со земјите од Западниот Балкан е од особена важност за адресирање на прашањата кои ја засегаат иднината на Европа, потенцираше вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, кој попладнево во Солун, се обрати на специјалната дискусија за европската перспектива на регионот „Западниот Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“, иницирана од страна на грчкото МНР како дел од Конференцијата за иднината на Европа. -Главниот фокус на дискусијата беше ставен на важноста од вклучување на земјите и граѓаните од регионот во делиберативниот процес за иднината на Европа со цел заеднички придонес во дефинирањето на приоритетите на европската интеграција,…

Read More

Во земјава пристигнаа уште 44 Авганистанци. По сместувањето ќе им се направат ПЦР тестови. На Меѓународниот Аеродром во Скопје попладнево пристигна втората група граѓани од Авганистан. Од авионот излегоа 44 лица, а меѓу нив има деца, жени, и мажи. На скопскиот аеродром ги пречекаа членови на Црвен крст, а со автобус тие беа однесени во хотел. На нив ќе им се направи ПЦР тест за ковид-19 и ќе им се понуди вакцинација. Меѓународната организација чиј членови се граѓаните на Авганистан кои попладнево пристигнаа во Скопје, е основана во 2006 година од Принцот Чарлс. Станува збор за организација со хумана мисија…

Read More

Државниот секретар во Министерството за одбрана, Драган Николиќ денеска се сретна со заменикот командант на американските сили во Европа, генерал мајор Џозеф Џерард. На средбата, соопштија од МО, Николиќ истакнал дека Северна Македонија останува кредибилен сојузник во НАТО-Алијансата. Државниот секретар порачал дека приоритет за Министерството за одбрана остануваат опремувањето и модернизацијата на Армијата и потенцирал дека воената интеграција во НАТО тече според плановите. Генерал мајор Џерард, стои во соопштението, упатил благодарност во име на Соединетите Американски Држави за дваесетгодишното учество на припадниците на Армијата во мисијата во Авганистан, нагласувајќи дека истата кулминираше со привремениот прифат на бегалците што се смета…

Read More

Ниту една политичка партија не вршела притисок врз Државниот завод за статистика околу тоа како да се спроведе пописот, тврди директорот на заводот, Апостол Симовски за Телевизијата 24. – И власта и опозицијата дадоа поддршка на овој процес и тоа е добро. Таа политичка порака да се поддржи овој процес е апсолутно коректна. Она што професионално го работиме, е наша работа и никој не се обидел да се меша, рече Симовски. Добиените податоци од пописот се користат само за статистички цели, до кои ниту една институција нема пристап до нив, уверува Симовски. А, за отпорот кон статистичката операција, тој вели…

Read More

Куба од оваа недела почнува да вакцинира деца од 2 години против Ковид – 19, јави „The New York Times“. Ова е првата земја светот која воведува вакцинација на деца од толку рана возраст. За ова, кубанските власти користат вакцина која е произведена во земјата, а сè уште не е препорачана од Светската здравствена организација. Во Куба живеат 11,2 милиони луѓе. Властите имаат намера да ги вакцинираат децата за да се вратат во училиштата, кои повеќето се затворени од март 2020 година. Иако новата учебна година веќе е почната, часовите се одржуваат преку телевизиски програми, бидејќи повеќето кубански домаќинства немаат…

Read More

Сопственикот на најдобриот резултат на сите времиња во фрлање кладиво, Русинот Јуриј Седих, почина на 66-годишна возраст поради проблеми со срцето, соопшти денеска Атлетската федерација на Русија. Роден во руското гратче Новочеркаск во 1955 година, Седих на рана возраст се пресели во Украина, а по распадот на Советскиот сојуз живееше во Франција. Во исклучително успешната кариера, Седих освои две златни и еден сребрен олимписки медал, а беше и светски првак и трикратен европски шампион. Неговото постигнување од Штутгарт 1986 година (86.74 метри) и натаму е светски рекорд во дисциплината фрлање кладиво.

Read More

Европратениците во дебатата за иднината на Авганистан ја истакнаа потребата ЕУ да им помогне на луѓето безбедно да ја напуштат земјата по враќањето на талибанците на власт, јави дописникот на МИА од Париз. – Сите оние што се во фокусот на талибанците – без разлика дали се активисти, застапници за правата на жените, наставници или државни службеници, новинари – мора да се осигураме дека можат да дојдат кај нас, рече Микаел Галер (ЕНП, Германија). Тој, исто така, рече дека соседните земји мора да бидат поддржани во помагањето на бегалците кои пристигнуваат. Иратсе Гарсија Перез (С & Д, Шпанија) рече дека…

Read More

Русија сака да ја подели Европската унија преговарајќи само со одредени членки, на што треба да одговори со единство, изјави денеска министерот за надворешни работи на Европа, Жозеп Борел, на пленарната седница на Европскиот парламент. – Нашето единство треба да биде најголемото богатство во односите со Русија. Сакаат да не поделат, не им е грижа за Европската унија, рече Борел во расправата со европратениците за односите ЕУ-Русија. Тој смета дека Русија сака да разговара со земјите -членки поединечно и само со одредени, „со оние што се важни“. – Русија секогаш се обидува да ја подели Европската унија, а Унијата како…

Read More

Ќе се забрза и процесот на отворање на Културно – информативниот центар на Албанија во Скопје. Премиерот Зоран Заев денеска по работниот ручек на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Ангела Меркел го посети новоотворениот Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана. Заев изјави дека со отворањето на културно – информативниот центар се проширува соработката меѓу Македонија и Албанија. – Реализиравме со успех една идеја која започнавме да ја осмислуваме и градиме уште од почетокот на мандатот на оваа Влада во 2017 година. Цврсто бевме решени да започнеме да испишуваме нови, со суштинска содржина исполнети страници на пријателство меѓу…

Read More

Вода ќе нема од 8 до 13 часот на неколку улици во Тафталиџе. Без вода утре ќе останат неколку улици во општина Карпош поради уличен дефект од Ф-150 мм и дефект на шибер Ф-80мм на улица „Дрезденска“ 38 и „Анкарска“ во населба Тафталиџе. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЈП „Водовод и канализација“, без вода ќе бидат корисниците на улиците „Њу Делхиска“, „Дрезденска“, „Анкарска“, „Атинска“, „Алжирска“, „Бахар Моис“, „Римска“, „Наум Евро“, „Панче Пешев“, „Генерал Михајло Апостолски“, „Борка Талевски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9 до 13 часот.

Read More

ОН денеска во Женева е домаќин на донаторска конференција на која се надеваше дека ќе собере 606 милиони долари (513 милиони евра) потребни до декември за одржување на програмите за помош во Авганистан. До крајот на попладнето, генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш информира дека донаторите ветиле повеќе од милијарда долари. – Оваа конференција целосно ги исполни моите очекувања во врска со солидарноста со народот во Авганистан, рече Гутереш. Од распадот на авганистанската влада поддржана од Западот и преземањето од страна на талибанците во август годинава, Авганистан е на работ на растечка хуманитарна криза. Многу земји подготвени да дадат помош…

Read More