Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Културно-информативниот центар во Тирана ќе придонесе за презентирање на традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија

0
By НОВА ТВ on September 14, 2021 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, September 14, 2021 16:58

Ќе се забрза и процесот на отворање на Културно – информативниот центар на Албанија во Скопје.

Премиерот Зоран Заев денеска по работниот ручек на лидерите на Западен Балкан со германската канцеларка Ангела Меркел го посети новоотворениот Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана. Заев изјави дека со отворањето на културно – информативниот центар се проширува соработката меѓу Македонија и Албанија.

– Реализиравме со успех една идеја која започнавме да ја осмислуваме и градиме уште од почетокот на мандатот на оваа Влада во 2017 година. Цврсто бевме решени да започнеме да испишуваме нови, со суштинска содржина исполнети страници на пријателство меѓу Северна Македонија и Албанија. Препознавме дека со една поинтензивна и разновидна културна програма можеме да дадеме сериозен придонес за збогатување и осовременување на традиционално добрите односи меѓу двете земји, рече премиерот Зоран Заев од Тирана.

Со отворањето на Културно – информативниот центар на Македонија во Тирана ќе се презентира традицијата, културата и уметноста на нашата земја во Албанија, и ќе овозможи навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во нашата држава.

– Ќе биде мост за зближување и заемно запознавање меѓу народите на двете земји. Културно-информативниот центар на Северна Македонија ќе биде место за средби и место за иницирање на нови идеи за многубројни взаемни активности во областа на културата и тоа во музичко-сценската, драмската, литературната и издавачката дејност. Културно-информативниот центар е уште едно место за презентација и афирмација за традиционалното учество на албанските поети и писатели на книжевните манифестации во Република Северна Македонија, како што се Струшките вечери на поезијата или за претставувањето на македонската книжевност на Интернационалниот саем на книгата во Тирана, вели Заев.

Во Културно – информативниот центар ќе има настапи и средби за време на гостувањата на македонските театри во Тирана и во другите градови во Албанија, како и место за изложби, камерни концерти и средби на ликовните, музичките и другите уметници за време на нивните гостувања во Албанија.

– Сега граѓаните на Тирана и на цела Албанија во Културно-информативниот центар на Северна Македонија имаат место за запознавање со македонската култура и со сите останати информации за многу содржини од интерес за Северна Македонија. Во Културно-информативниот центар во Тирана, Македонците во Албанија добиваат свое место на кое се секогаш добредојдени за да бидат во директен контакт со културните и другите процеси во Северна Македонија, рече премиерот Заев.

Додека процесот за отворање на Културно – информативниот центар на Албанија во Скопје ќе се забрза, најави Заев.

– Сакаме колку што е можно поскоро да се воспостави реципроцитет за презентација и на албанската култура во Северна Македонија преку организирање разни настани, изложби, литературни и научни предавања, филмски проекции, промоција во медиумите и обезбедување информативни услуги за заинтересираните граѓани. Овие иницијативи се сериозни изрази на длабокото и искрено пријателство меѓу двете земји. Тие се израз на европскиот дух што автентично го негуваат и афирмираат и Албанија и Северна Македонија како соседни земји кои се почитуваат и заеднички ги практикуваат европските вредности за добрососедство. Тие се израз на европскиот дух што автентично го негуваат и афирмираат и Албанија и Северна Македонија како соседни земји кои се почитуваат и заеднички ги практикуваат европските вредности за добрососедство. Овие вредности се доказ дека и двете земји се дел од европското семејство, дека таму припаѓаат, и дека со многу исполнети критериуми го заслужуваат и формално своето место во заедничкиот дом – Европската Унија, изјави Заев.

Албанија Заев култура Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.