Author: НОВА ТВ

Околу 1.500 американски државјани можеби ќе треба да бидат евакуирани од Авганистан по крајот на август, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Тој додаде дека талибанците се обврзале дека ќе им дозволат да заминат по заминувањето на странските војници. – Интензивно комуницираме со нив неколку пати на ден преку голем број комуникациски канали за да утврдиме дали тие сепак сакаат да ја напуштат земјата, рече Блинкен.

Read More

При денешната засилена акциска конторола за откривање на преброз возење во Тетовско полицијата изрекла 39 казни, од кои за 24 лица кои се движеле со над 50 километри на час. – Тројца од вкупно 39 казнети возеле со дури над 70 километри на час над дозволеното. Уште еднаш апелираме до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да придонесат сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот на патиштата во Полог и пошироко, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More

Наместо телото на починатата мајка, семејство од Врапчиште добило тело од непознат маж, јави Телевизијата 21. Семејството на починатата жена од Врапчиште ова го утврдило откако забележало дека тоа не е нивниот покојник, по што почнала потрагата. Првиот повик бил до Инфективната клиника каде починала жената, по што дошло до разврска на непријатниот настан. Инаку, при смртен епилог на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ но и на сите здравствени установи, надлежни за предавање на телата на семејствата се од погребалното претпријатие Бутел, кое најверојатно ги измешало документите, што довело до ваков епилог. Но, по реакцијата од семејството, било утврдено дека телото…

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) не е подготвена во оваа фаза да препорача дополнителни дози на вакцина против коронавирус за да се подобри заштитата, изјави денеска на брифинг главниот научник на СЗО Сумија Сваминанатан. Ставот на СЗО за засилувачи се заснова на научни докази, рече таа. – Постојат и морални и етички аспекти на ова прашање. Научните докази сè уште не се конечни. На некои популации можеби им требаат засилувачки дози, но ние не сме подготвени да ги препорачаме во овој момент, рече Сваминанатан. – Покрај тоа, немаме неограничени резерви, додаде експертот. – Ова значи дека сега мора да се испратат вакцини прво до оние на кои им се потребни. Не…

Read More

По четири години без дожд десетици илјади луѓе во неизвесност за храна. Според Обединетите нации, Мадагаскар е на работ да го доживее првиот „глад во светот поради климатските промени“. ОН посочува дека десетици илјади луѓе веќе страдаат од „катастрофално“ ниво на глад и неизвесност за храна по четири години без дожд. Сушата, најлоша во последните четири децении, ги опустоши изолираните земјоделски заедници на југот на земјата, оставајќи ги семејствата да се хранат со инсекти за да преживеат. – Ова се услови слични на глад и се предизвикани од климата, а не од конфликти, рече Шели Такрал од Светската програма за…

Read More

Без електрична енергија утре заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, ќе останат дел од корисниците во општините Кисела Вода, Чаир, Карпош и Студеничани. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, соопшти дека без струја утре од 07:00 до 11:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Христо Татарчев бр. 7, 16, 18, 20 и 22, како и дел од ул. Вера Јоциќ и дел од ул. Тодор Паница, во општина Кисела Вода. Од 07:00 до 15:30 часот, струја ќе немаат корисниците од дел од од ул. Кемал Ататурк, ул. Цветан Димов бр.139, 144,…

Read More

Утре времето ќе биде малку посвежо особено во северните делови и ќе преовладува променливо облачно време со изолирана појава на повремен пороен дожд со грмежи, краткотрајно и како невреме со засилен ветер, но и појава на град. Во западните делови ќе дува повремено засилен ветер од западен до југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени. УВ=7 Во Скопје, посвежо и променливо облачно, уште од претпладне со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 27…

Read More

На клиниките за Кардиохирургија и Урологија беше извршена трансплантација на срце и бубрези од починат донор. По интензивни подготовки во текот на ноќта, рано утрово беше завршена експлантацијата на срце и бубрези од донорот. Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека утринава е извршена петтата трансплантација на срце во земјава. Хируршката интервенција е завршена, а пациентот ова деноноќие ќе биде на респираторна машина, а од утре ќе го будат. Ова, вели Филипче, е критична фаза, за која се надева дека нема да има позначајни компликации. – Навистина ми е мило што со овој чин е спасен човечки живот и е…

Read More

Актуелниот градоначалник на скопската Општина Аеродром, Златко Марин не е кандидат на СДСМ. Александар Филиповски од СДСМ ќе бара поддршка од аеродромци на локалните избори. СДСМ не ги кандидира актуелните градоначалници на скопските општини Карпош и Аеродром Стефан Богоев и Златко Марин на престојните локални избори закажани на 17 октомври. Кандидат за градоначалник на Општина Карпош ќе биде Душко Весковски кој е директор на јавното претпријатие „Водовод“ – Скопје, додека Богоев ќе добие владина функција, соопшти генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски. – Стефан Богоев ќе биде носител на висока државна, централна позиција, којашто нешто како мотивација е претходно договорено…

Read More

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска се сретна со делегација од Република Косово предводена од министерот за одбрана, Арменд Мехај. На состанокот, како што стои во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се потврдени пријателските односи помеѓу двете држави. – Констатирано е од двете страни дека интеграциите во НАТО значат стабилност и безбедност за државите во регионот и дека овозможуваат економски развој. Изразени се и заложби за евроинтеграциите, како и за примена на европските вредности во земјите, во полза на унапредување на квалитетот на живот на граѓаните и во Северна Македонија и во…

Read More

Нови 1.166 случаи на Ковид-19 од направени 6.458 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 29 лица. Бројот на активни случаи е 12.673. Според податоците што попладнево ги објави Министерството за здравство, најголем број новозаболени има во Скопје – 375 по што следуваат Тетово – 159 и Гостивар – 105. Двоцифрен број на новозаболени има во Струмица – 76, Струга – 75, Охрид – 53, Куманово – 44, Кичево – 43, Штип – 24, Кавадарци – 23, Велес – 22, Кочани – 18, Битола и Свети Николе – по 17, Радовиш – 16, Прилеп – 14, Дебар –…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска се сретна со членовите на едно од најстарите и најбројни здруженија во државата, Здружението на пензионери од Битола. На средбата се разговарало за потребите и предизвиците со кои се соочува највозрасната популација. Таа укажала дека секогаш пензионерите се високо на агендата на Министерството за труд и социјална политика и оти сериозно се пристапува кон изнаоѓање на најдобрите решенија. – Говоревме за усогласување на пензиите, и за тоа  дека Пензискиот фонд е стабилен, со што пензиите ќе течат редовно и ќе растат согласно законот. Тоа им гарантира сигурна егзистенција во нивните пензионерски…

Read More