Author: НОВА ТВ

Германскиот тенисер Александар Зверев го победи Русинот Карен Хачанов во финалето во машка конкуренција на Олимпијадата во Токио. Зверев победи со 2:0, по сетови 6:3 и 6:1. За потсетување, во мечот за бронзата Шпанецот Пабло Карено-Буста го победи Србинот Новак Ѓоковиќ со резултат 6:4, 6:7 (6:8) и 6:3.

Read More

Од денеска, Владата на Кипар го укинува масовното бесплатно тестирање за коронавирус за да промовира вакцинација против Ковид-19. Во исто време, од денеска, се зголемува бројот на места каде тестот е задолжителен како дел од „безбедната пропусница“. Брзите тестови, кои досега бесплатно ги даваше Министерството за здравство, сега ги плаќаат граѓаните. Максималната цена што ја постави министерството е 10 евра. Досега, Владата плати 26 милиони евра за брзи тестови. Само во последните две недели, речиси 885.000 брзи тестови беа извршени на Кипар, колку што е и вкупното население во земјата. Вчера на последниот „бесплатен“ ден, беа направени повеќе од 94.000…

Read More

Припадници на Министерството за внатрешни работи синоќа спречија меѓународен транспорт на дрога во вредност од околу 250.000 евра. Како што соопшти МВР, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро“, во соработка со Одделението за прекуграничен криминал при РЦ за гранични работи Запад при БЈБ, во координација со Основното јавно обвинителство Струга, вчера во вечерните часови, на регионалниот пат Струга-Охрид, во близина не месноста Сатеска кај Струга, на брегот на езерото, лишија од слобода две лица, во чија непосредна близина се пронајдени четири торби со марихуана во вкупна тежина од околу 80 килограми, во вредност од околу 250.000…

Read More

Од денеска до 31 август 2021 година студентите може да аплицираат за да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, соопштија денеска од Министерството за образование и наука. Со ова, според МОН, се унапредува студентскиот стандард бидејќи се доделува месечен износ од 2400 денари за 9 месеци во годината. – Аплицирањето за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво електронски, преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, каде пополнети и потпишани се прикачуваат и обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк. При аплицирањето, студентите задолжително…

Read More

Од денеска сите кои од странство пристигнуваат во Германија мора да достават негативен тест за коронавирус, документ дека биле заразени со коронавирус или дека се вакцинирани. Мерката не се однесува на деца под 12 -годишна возраст. Исто така, од денеска, Германија ќе ги категоризира земјите само во две зони: „зони со висок ризик“ и „зони со вирусни варијации“. По пристигнувањето од „области со висок ризик“, граѓаните кои не се вакцинирани или претходно немале коронавирус, подлежат на 10-дневен карантин. По пристигнувањето од „зони со вирусни варијации“ ќе мора да минат во задолжителен 14-дневен карантин. Секоја федерална држава самостојно ги уредува деталите…

Read More

По пеколната недела со високи температури во Македонија, која ќе трае до 9 август со температури до 44°С, од 10-ти август се очекува пад на температурите, но неконтролиран раст на Ковид-19 статистиката, прогнозира професор доктор Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија на објава на социјалната мрежа „Фејсбук“. – Почитувани мои здравствени работници и соработници, искористете ги следниве 10 дена да се разладите во солена/слатка/кисела вода, а потоа повторно “ќе пливаме” во сопствената пот, под скафандерите и маските. Ако е за утеха, потењето е најдобар дополнителен начин за детоксикација на организмот, напиша д-р Беќаровски. Инаку, само вчера беа регистирани 81 нови…

Read More

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 158 мерки, во рамки на засилените акциски контроли што ги спроведува Министерството за внатрешни работи во областа на сообраќајот. Како што соопштија од МВР, меѓу мерките 59 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, 22 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола. Изречени се девет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 13 за прекршоци на возачи на мотоцикли. – Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во…

Read More

Црногорската влада им препорача на трговците да ги ограничат маржите на мало до 15 проценти за сончогледово масло, бел шеќер и млеко, и до 18 проценти за јајца. Како што јави Радио-телевизија Црна Гора, владата ја усвои информацијата за спроведената анализа на маржите на трговијата на мало за производите што претставуваат основни прехранбени производи во Црна Гора. Анализата утврдила дека евидентен е трендот на раст на цените на основните производи за широка потрошувачка на пазарот, што, како што додаваат, е делумно условено од растот на цените на горивата на светскиот пазар. – Меѓутоа, зголемувањето на цените на основните прехранбени производи,…

Read More

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ се незадоволни од најавите на премиерот Зоран Заев за намалување на прагот за независни листи од два на еден процент или евентуално негово укинување со измените на Изборниот законик. – Му порачуваме дека учеството во изборната трка на независни граѓани кои не сакаат да се дел од ниедна партија – не е и не може да биде предмет на пазарење. Уште помалку, предмет на пазарење меѓу партиите. Следствено, крајно е понижувачки да се слуша некој кој до вчера беше „на браникот на демократијата“, денес да се става над законот, да зборува во име на…

Read More

Во големиот шумски пожар што избувна на Пелопонез кај Патра, пет лица се повредени, а десетина куќи се изгорени, соопшти грчката цивилна заштита. Повредените имаат проблеми со дишењето и се префрлени во блиските болници, се наведува во соопштението. Болниците во Патра и соседните градови се во состојба на готовност, како и крајбрежната стража од страв дека капачите може да бидат загрозени од чад. Пет села се евакуирани, а според противпожарната служба, 145 пожарникари, 50 камиони, осум авиони и хеликоптери се мобилизирани за гаснење на пожарот. Автопатот помеѓу Пелопонез и копнена Грција е затворен. Грција секое лето е погодена од шумски…

Read More

Талибанските сили напредуваат кон три големи градови во јужен и западен Авганистан, јави Би-Би-Си. Нивните војници веќе се во предградието на Херат, Лашкар Гах и Кандахар и водат жестоки битки со владините трупи. Нивната офанзива против позициите на авганистанската армија започна со повлекување на американските сили од земјата. Според различни проценки, Талибанците сега контролираат околу 50 проценти од територијата на земјата (тие самите тврдат дека веќе зазеле 80 отсто од Авганистан), но досега не презеле ниту еден од поголемите градови. Според авганистанскиот пратеник  Ѓул Ахмад Камин, постои реална опасност Талибанците да го преземат Кандахар, па дури и планираат да го…

Read More

Енергетската транзиција е неизбежна, како во светот, така и кај нас. Ќе дојде денот кога РЕК Битола ќе замине во историјата, но оттаму егзистираат оргомен број луѓе од Битолскиот регион. За чистиот воздух, кон кој сите се стремиме, тоа е единствениот пат, но она што е од курцијално значење е спроведувањето на праведна транзиција. РЕК „Битола“ е најголем производител на струја во државата, а и еден од најголемите работодавачи во градот. Сепак, некои истражувања покажаа дека јагленот кој во моментот РЕК Битола го користи не е со добар квалитет и дека најголемото загадување на некој начин доаѓа од РЕК Битола.…

Read More