Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Зелен хуман град“: За пратеник се потребни помалку потписи отколку за независни советници во Скопје

0
By НОВА ТВ on August 1, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, August 1, 2021 09:53

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ се незадоволни од најавите на премиерот Зоран Заев за намалување на прагот за независни листи од два на еден процент или евентуално негово укинување со измените на Изборниот законик.

– Му порачуваме дека учеството во изборната трка на независни граѓани кои не сакаат да се дел од ниедна партија – не е и не може да биде предмет на пазарење. Уште помалку, предмет на пазарење меѓу партиите. Следствено, крајно е понижувачки да се слуша некој кој до вчера беше „на браникот на демократијата“, денес да се става над законот, да зборува во име на други институции кои – ако во Македонија се практикува поделбата на власта – се целосно независни од него и неговата функција, се вели во соопштението на „Зелен хуман град“.

Алармираат дека за независна советничка листа за Град Скопје ќе бидат потребни повеќе граѓански потписи отколку за кандидидирање на пратеници на парламентарни избори.

– За кандидирање на парламентарни избори, независна листа треба да собере 1.000 потписи од цела изборна единица, а за Град Скопје со зголемувањето на прагот на 1% треба да се соберат 5.000 потписи, колку што на локалните избори во 2017 г. „тежел“ еден советнички мандат. Интересно, членот од Изборниот законик во кој е уреден бројот на потребни потписи за кандидирање пратеници преку независна листа не е предмет на измена сега. Ќе биде ли менуван пред следните парламентарни избори ако се кандидира ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со своја, независна, листа, прашуваат од иницијативата.

Тие од шефот на државата Стево Пендаровски, министерството за правда и од Собранието бараат за Изборниот законик да се отвори јавна дебата во која ќе учествува престставник на „Зелен хуман град“, за изборните правила да не решаваат само поголемите политички партии кои, според „Зелен хуман град“, носат одлуки во нивни интерес. Иницијативата бара прагот за потписи за независни листи да се намали десеткратно за сите општини и да се воведе собирање потписи надвот од општинските канцеларии на ДИК, односно на улица со приложување лична карта, согласно со препораките од ОБСЕ/ОДИХР од 2017 година, каде што е наведено дека „треба да се размисли за обезбедување алтернативни методи за собирање потписи, со цел да се намали потенцијалот за заплашување“. Иницијативата, исто така бара и измени на Изботниот законик со кои нема да се овозможи рекламирањето во медимите да биде во корист на големите политички партии. „Зелен хуман град“ бара да се почитуваат препораките на ОБСЕ/ОДИХР, а во овој случај да не се менува Изборниот законик непосредно пред одржување на локалните избори кои се закажани на 17 октомври.

Изборен законик избори Совет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

ЦИВИЛ МЕДИА: Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Изборите во БиХ не донесоа пресврт: Додик останува силен фактор, европскиот пат под знак прашалник

October 5, 2026

Франција: Нов бран ученички и студентски протести најавен за 6 октомври

October 4, 2026

Попустот на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – продолжува

October 3, 2026

На која страна си ти?

October 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.