Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за надворешни работи со загриженост ги следи состојбите со поплавите во Западна Европа. – МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани на РСМ, велат од министерството. Од таму упатуваат апел дека нивните државни конзуларни претставништва стојат на висина на задачата, отворени и во служба на државјаните на Северна Македонија кои живеат во погодените региони. Исто така, МНР е во постојана комуникација со домашните власти во земјите кои доживеа природна катастрофа. Според информациите на нашите ДКП-а во погодените региони нема жртви државјани…
Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го одработи до крај договорот со клубот, информира „Ла Газета дело Спорт“. Како што е забележано, ова е конечна одлука на 36-годишниот Португалец. Неговиот договор со Јувентус истекува на 30 јуни 2022 година. Претходно беше објавено за интересот на ПСЖ за Португалецот. Спортскиот директор на францускиот клуб наводно разговарал за условите на договорот со агентот на португалскиот напаѓач. За потсетување, Роналдо игра за Јувентус од 2018 година. Минатата сезона тој стана најдобар стрелец на италијанскиот шампионат, постигнувајќи 29 гола. Покрај тоа, Роналдо стана најдобар стрелец на Европското првенство во 2020 година, и покрај раната…
Државната изборна комисија (ДИК) денеска изврши избор на компанијата што треба да го набави интегрираниот систем за биометриска индентификација на гласачите, јави МИА. Според најавите, повеќе информации во врска со набавката на овој систем и подготовките за локалните избори Комисијата ќе соопшти во текот на утрешниот ден. На повторениот тендер за набавка на интергрираниот систем се пријавија четири компании. Претседателот на Комисијата Александар Даштевски на 2 јули за МИА изјави дека системот и терминалите за вчитување на отпечатоци од прсти ќе бидат навреме набавени за локалните избори. Идентитетот на гласачите на локалните избори за првпат ќе се проверува со терминали…
Поради поплавите што ја зафатија Белгија оваа недела и кои до сега однесоа најмалку 23 животи, Владата прогласи ден на жалост на 20 јули, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го најави денеска Владата на вонредна прес-конференција.Дваесетти јули е денот пред националниот празник на Белгија, која на 21 јули секоја година го одбележува своето постоење како независна држава, со паради и присуство на кралската фамилија. Комеморациите оваа година ќе бидат сведени на минимум, најави Владата, и ќе се одвиваат под знакот на сеќавање на жртвите од поплавите. https://novatv.mk/bilans-od-nevremeto-vo-germanija-i-belgija-nad-90-zaginati-litsa-stotina-se-ischeznati/
Теренската вакцинација против Ковид-19 ќе продолжи и утре во повеќе населени места, соопштуваат од Министерството за здравство.Како што информираат, вакцинацијата ќе се одбвива во следниве населени места: Тетово – Шемшово, Сиричино, Прелубиште, Озормичте, Ратае, Туденце, Жилче, Раотинце, Јегуновце, Јанчиште, Подбреге, Копанце Долнени – Житоше, Кошино, Локвени, Подвис Прилеп – Мариово Виница – Црн Камен, Истибања Валандово – Јосифово, Удово Берово- Мачево Струга – Луково, Нерези Крушево – Долно Дивјаци, Горно Дивјаци, Пуста Река, Острилци Дебар – Џепиште, Отишани Кавадарци –Бошава, Конопиште Битола – Поешево, Долно Оризари, Карамани, Трн, Логоварди Охрид – Годивје, Сливово, Турије, Мраморец, Врбјани Куманово – Матејче, Отља, Романовце,…
Рестриктивните мерки поради коронавирусот во Бразил не успеаја да ги запрат убиствата во земјата. Според последниот Годишен извештај на бразилските власти за 2020 година, има дури и зголемување од 4,7 отсто во споредба со претходната година. По две години во кои бројките се намалија, во последните 12 месеци има зголемување на бројот на насилни смртни случаи во државата – тие се вкупно 50.033. Ова значи дека во просек биле извршувани 6 убиства на секој час, или по едно на секои 10 минути. Пикот на насилството е регистриран во март и април 2020 година, кога Бразил ги донесе најстрогите мерки поради…
Докторот Борче Јовчевски ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп на претстојните локални избори, објави Антонијо Милошоски на фејсбук. Јовчески е актуелен советник во Советот на Општина Прилеп, а по професија е специјалист по ортопедија, а негов противкандидат од СДСМ најверојатно ќе биде досегашниот директор на царината Горан Сугаревски. За опозициската ВМРО-ДПМНЕ ова е втор кандидат за градоначалник што го објави, откако вчера го промовираше кандидатот Кирил Пецаков за Охрид. Инаку досега од владеачката СДСМ потврдија 30 кандидати за градоначалници.
СДСМ ја има најдобрата кадровска и програмска понуда и затоа со Томе Христовски ќе победиме во Крушево, изјави заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска на партиската трибина. Таа потсети дека програмите за претстојните локални избори, СДСМ ги пишува заедно со граѓаните, слушајќи ги нивните предлози, преку трибините и маалските средби. – Од друга страна, нашите политички опоненти како се уште да се во некое бунило. Извадија само еден кандидат и се спремаат за повторен пораз. Да не заборавиме дека во 2017 година ни ги оставија општините со големи долгови. На следните локални избори не смееме да дозволиме да се вратиме…
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли последните тврдења дека планирал државен удар во САД доколку Џо Бајден победи на претседателските избори во 2020 година. – И покрај масовните измами и нерегуларности за време на претседателските избори во 2020 година, никогаш никому не сум се заканил, ниту сум разговарал со некого за државен удар, напиша поранешниот претседател на Телеграм. Трамп го исмеа претседателот на Советот на генералштабовите на вооружените сили на САД, генерал Марк Мили, кој наводно ги изнел таквите обвинувања. Според него, Мили би бил последната личност со која ќе изврши државен удар доколку некогаш сака на таков начин…
Многу е важно креаторите на политики и оние кои носат одлуки, да го слушнат глас.от на младите, смета Министерката за образобание и наука, Мила Царовска, но анализите покажуваат дека младите се чувствуваат обесхрабрени затоа што не веруваат дека на властите им е важно нивното мислење. Затоа, како што рече, токму тоа е еден од приоритетите со реформите што ги правиме во образованието, да ја поттикнеме гласноста на учениците, но таа да биде заснована на критичко размислување и носење на заклучоци врз основа на анализа на факти. „Ќе ја зајакнеме самодовербата на младите и ќе ги научиме да се борат за своите…
СДСМ се определи да ги враќа парите назад кај граѓаните, наместо да ги троши на барок, на споменици и лажен барок и тоа денес се потврдува со повисок животен стандард за сите граѓаните, порача членот на Извршниот одбор Димитар Ковачевски, на вечерашната трибина “Најдоброто за нашата општина” во Крушево. – Економските мерки и политики што ги преземавме доведоа до тоа и во време на светска економска криза и пандимија, да имаме раст на минималната и просечната плата, да имаме пад на невработеноста. Она што ВМРО-ДПМНЕ го зборува е голема лага, денес и по пандемијата имаме најниска стапка на невработеност од…
Хомеопатот од Калифорнија, Џули А. Мази е обвинета за продажба на лажни сертификати за вакцинација и неефикасни апчиња против Ковид-19. Таа е уапсена и обвинета по две точки за медицинска измама. На Мази и се заканува до 20 години затворска казна и стотици илјади долари парична казна. Мази продавала апчиња за имунизација по цена од 243 долари. Таа тврдела дека тие содржат „многу мало количество“ коронавирус, што предизвикува имунолошки одговор и обезбедува „доживотен имунитет на Ковид-19“. За да ги убеди клиентите да ги купат нејзините апчиња, Мази им кажувала дека вакцините одобрени во САД содржат „токсични состојки“. Таа, исто така,…