Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ денеска на прес-конференција најави дека на претстојните локални избори ќе настапи со независна листа предводена од актуелната советничка во Град Скопје, Драгана Велковска и еко-активистот Горјан Јовановски. Тие посочија дека влегуваат во изборната трка за Советот со непартиска коалиција, чие јадро, како што посочуваат, го претставуваат долгогодишни активисти-волонтери кои се посветени на заштита на животната средина, социјалната правда, заштитата на животните и урбаната мобилност. „Нашата кампања е насочена исклучиво на тој Совет наместо на индивидуалните општини, бидејќи го сметаме Скопје за органска целина која мора да биде третирана холистички. Советот ги има најголемите надлежности во…
Силната поддршка од Хрватска за европските интеграции на Северна Македонија е реафирмирана на денешната средба на премиерот Зоран Заев со амбасадорката на Хрватска во земјава Нивес Тигањ. Оценето е дека нашата држава го исполни својот дел од обврските на патот за пристапувањето кон ЕУ и дека сега Европската Унија треба да го испочитува својот збор. – Северна Македонија ги направи потребните реформи. Исто така е пример за соживотот на различни заедници во една држава, што е исто така европска вредност. Нашата држава продолжува со конструктивните политики на дијалог во државата и на меѓународен план и очекуваме дека тие ќе дадат…
Довербата меѓу Северна Македонија и Грција од ден на ден сè повеќе расте – беше заклучено на денешната средба меѓу министерката Радмила Шекеринска и министерот за одбрана на Република Грција, Николаос Панајотопулос. Средбата која имаше работен карактер се одржа во рамки на Меѓународната изложба за одбрана и безбедност која се реализира во Грција и на која присуствува делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија, предводена од министерката Шекеринска. „Од нашиот договор за билатерална соработка за 2021 може да се заклучи дека се движиме во позитивен правец. Околу 70 предвидени активности се потврда дека Северна Македонија и…
Австралиските власти го продолжија заклучувањето во Сиднеј за уште најмалку 14 дена, бидејќи ниту три недели по воведувањето на првичните ограничувања, не е спречено најсериозното ширење на коронавирусот годинава во тој град. Премиерката на Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан, најави дека ограничувањата ќе останат во сила најмалку до 30 јули, наведувајќи дека во изминатите 24 часа се потврдени нови 97 случаи на зараза. – Секогаш е болно да се каже, но ние мораме да го продолжиме заклучувањето најмалку уште две недели. Ние сакаме да се извлечеме од оваа ситуација што е можно побрзо и токму затоа мора да ги спроведеме…
Со исти истрошени кадри СДСМ оди во изборен пораз, народот веќе ги прочита, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно СДСМ ги објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници. – Заев го предложи Шилегов за кандидат за градоначалник за Скопје. Шилегов кој вети и не направи тунел под Кале, продолжување на булевар Илинден со мост преку Вардар кон Ѓорче Петров. Шилегов кој не вети, но брка 84 наставници, купува клупи од 500 евра од тропско дрво и плаќа противпожарно возило 900.000 евра поскапо од тоа што го плаќа град Загреб за исто такво возило, велат од ВМРО ДПМНЕ. Заев, како што…
Педесет и четиригодишен скопјанец загина со велосипед, откако во него удрил автомобил денеска околу 10:30 часот на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Според информациите од МВР, автомобилот го управувал 20-годишен жител на скопско Батинци. По незгодата велосипедистот бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде од страна на лекар била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје. Од иницијативата На точак револтирани, излегоа со неколку барања до надлежните институции: Сакаме Градоначалник на Град Скопје кој после секој изгубен живот во сообраќајот ќе најавува нова порадикална мерка во инфраструктурата, дизајнот на…
На денешната владина седница биле разгледувани предлози преку видеонадзор и боди-камери да се регулира работата на службениците во ситуации кога е неопходно тие директно преку физички контакт да работат со граѓаните. Ваквиот предлог за контролирање на работата на службеници е со цел да служи како механизам за превенција од корупција. – На седницата беа презентирани и предлози за институциите кадешто е неопходно физичко присуство на службено лице во работата со граѓаните, да се регулираат преку видео надзор и боди камери, како механизам за превенција од коруптивни дејствија, се вели во владиното соопштение. Предлозите се разгледувани во рамки на дискусијата за…
Невакцинираните и хронично болните да не одат на свадби, советува микробиологот Никола Пановски откако се зголеми бројот на заразени со коронавирусот во Тетово. Тој ги советува граѓаните да бидат внимателни. Вели дека само вакцинираните и оние кои го прележале вирусот можат да одат на свадби. Додава дека повозрасните и сите луѓе кои имаат хронични болести, треба да си останат дома, во интерес на здравјето. „Нашите иселеници од земјите во кои нагло се шири делта вирусот, слободно влегуваат во државата. Има свадби и слави и на отворено и на затворено, а токму тоа му треба на вирусот. Препорачувам што повеќе луѓе да…
Министерството за здравство информира дека по зголемување на заразени од тестирани во Тетово и тетовскиот регион, во период од неколку дена, Комисијата за заразни болести ја следи епидемиолошката состојба во Тетово и е во комуникација со локалниот центар за јавно здравје каде се анализираат сите овие случаи. Според првичните информации, зголемениот број случаи доаѓаат од два познати кластери. Првиот кластер е од свадба, а вториот е повеќечлено семејство кое исто така било на мала семејна прослава. Она што загрижува и со што се соочиле здравствените работници е што некои од ковид позитивните пациенти не давале точни податоци и информации за…
Исклучителна посветеност и организација при процесот на вакцинација и во непроодните места покажаа екипите на ЈЗУ ЗД Берово, напиша на својот фејбук профил, Министерот за здравство, Венко Филипче. – Во село Ратево со трактор се спуштени неподвижните лица и вакцинирани. Теренската имунизација се спроведува плански и на тешко достапните места. Се што е потребно е да се има желба и заинтересираност од страна на граѓаните, додаде Филипче.
Се согласувам дека прашањата се решаваат билатерално во Скопје или во Софија, изјави премиерот Зоран Заев, коментирајќи ја изјавата на претседателот на Бугарија Румен Радев дека политиката на Бугарија кон Северна Македонија зависи од отворен и конструктивен дијалог меѓу двете земји. -Многу често претседателот Радев кажува дека тоа не се решава во Брисел или Вашингтон и јас се согласувам – тоа се решава во Скопје или во Софија, билатерално, а пријателите што нè храбрат да изнајдеме решенија се секојпат добредојдени. На работниот состанок на 17 јуни мислам дека ги адресиравме сите детали, важни за нашата страна, важни за бугарската страна.…
Министерката за одбрана Радмила Шекеринска денес ќе има работна средба со грчкиот колега, министерот за одбрана Николаос Панајотопулос. Воедно, министерката ќе присуствува на отворањето на Меѓународниот саем за вооружување DEFEA 21 кој се одржува во Атина. Како што соопшти Министерството за одбрана, за време на средбата двајцата министри ќе се осврнат на планот за билатерална соработка во одбраната за 2021 година кој опфаќа седумдесетина активности од кои дел ќе се одржат во Грција, а дел во Северна Македонија, и кој го отсликува позитивниот дух на соработката меѓу двете земји во одбраната и пошироко. Министерката ќе оствари средба и со Хајди…