Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Започнува чистењето на линданот од малата депонија во поранешната фабрика „ОХИС“, најавуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање. По тој повод, денеска во близина на фабриката ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, првиот секретар на норвешката Амбасада Стефан Сандста, шефот на Канцеларијата на УНОПС за Северна Македонија, Микела Телатин, националниот координатор на проектот Сузана Андонова од Канцеларијата за ПОПс и претставникот на изведувачот Полиеко.
Новинарот Зејнула Весели почина вчера попладнето по тешко боледување. Погребот ќе биде денеска. Весели е новинар кој остави силен печат во медиумите на албански јазик во Македонија. Има долга кариера и работеше во повеќе телевизии, беше репортер во весниците Лајм и Факти. Освен што покриваше теми од економија, Весели беше и собраниски известувач. Ќе го паметиме како добар другар и професионален новинар.
Шпанските власти во дел од регионите повторно го враќаат полицискиот час, како и ограничувањата за дружење и ноќниот живот, за да се спречи наглиот пораст на бројот на новозаболени од коронавирусот, додека Делта варијантата се пренесува меѓу невакцинирани млади луѓе во државата. Каталонија и Валенсија, два региона на медитеранскиот брег кои се главните жаришта на епидемијата, ограничуваат собири на 10 лица и ги враќаат ограничувањата на сите активности во текот на ноќта, додека северниот регион на Астуриас забрани работа на барови. Поради почетокот на летото и забавите организирани со цел да се одбележи крајот на учебната година, бројот на заразени со Ковид-19…
Собраниската Законодавно-правна комисија денеска на седница ќе расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање. Како што стои во образложението на предлог-текстот, донесувањето на законот ќе имплицира ревидирање на подзаконскиот акт со кој се уредува образецот на барањето за издавање на личната карта, образецот на потврдата за поднесено барање за издавање на личната карта, образецот на личната карта, постапката за издавање и замена на личната карта, како и за начинот на водење евиденција за издадените лични карти, во насока на нивно усогласување со новиот Закон за употреба на јазиците, како и нивно усогласување…
Претседателот Стево Пендаровски вечерва се обрати на свеченото отворање на 61-то издание на „Охридско лето“, во Античкиот театар во Охрид. Во продолжение е интегралното обраќање на претседателот Пендаровски: Пред век и половина големиот Фјодор Михајлович Достоевски напиша „Убавината ќе го спаси светот“. Еден век потоа, анализирајќи ја оваа мисла низ мачните искуства на Втората светска војна, Холокаустот и мрежата на гулази, дисидентот во едноумието, Солженицин праша: „Кога во нашата историја, гладна за крв, убавината спасила некого од нешто. Убавината секако нѐ облагородила, ни го поткренала духот – но кого некогаш спасила?“ Минувајќи низ нашиве години на пандемија, ние можеме да се надоврземе на овие прашања. Колку убавината нѐ заштити од акутната закана на…
Четири години, политиките што ги реализира СДСМ носат успеси и радости и на домашен и на меѓународен план, порача вечерва секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, од трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен. – Пред четири години бевме изолирана држава која се плаши од своите соседи, држава која мислеше дека сите и се непријатели, држава која не веруваше во својата иднина. Денес, ние сме членка на НАТО, нашето знаме се вее пред седиштето, очекуваме да ги почнеме преговорите со ЕУ. Во сите тие преговори влеговме со самодоверба, со јасен идентитет како Македонци кои зборуваат македонски јазик и…
Во изминатиот период работевме на благосостојбата на сите земјоделци, а најголемата придобивка е што ги тргнавме канџите на политиката од земјоделството, нема повеќе наши и ваши земјоделци, ставивме крај на една деценија во која селективно се делеа субвенции, грантови и државна помош, денес имаме тотално неселективен пристап во кој важни се сите земјоделци, од сите вери и нации, од сите региони. Ова на граѓанската трибина под мотото „Најдоброто за нашата општина“ во Ресен го истакна членот на ИО на СДСМ Никица Бачовски, додавајќи дека Ресенчани најдобро знаат како е да се биде силен поддржувач на земјоделството. Субвенционирањето на јаболкови насади…
Откако поради пандемијата со Ковид 19 лани по втор пат беше одложена, годинава од 16-ти до 18-ти јули, ќе се одржи 47-мото издание на културната манифестација Галичка свадба 2021. Оваа година љубовта во Галичник ќе ја крунисаат Филип Бундовски и Катерина Илиевска кои лани беа избрани за зет и невеста. Планирано е Галичката свадба да се одржи согласно протоколите за заштита и спречување на ширењето на Ковид 19 кои ќе се применуваат за организација на настани на отворено. – Повторно дојде времето да се постави мостот меѓу минатото, сегашноста и иднината. Создавајќи магија во која времето и не игра којзнае…
Министерката за култура Ирена Стефоска не е задоволна од работата на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за спроведување на препораките од УНЕСКО, но вината ја лоцира во институциите кои требало да го санкционираат. Локалната власт има свои ингеренции и секој треба да си понесе одговорност за тоа што е надлежен, вели министерката која на Мерко му порача дека не му се плаши. Граѓаните од туристичките центри имаат проблем и со депониите кои често горат и го загадуваат воздухот, а се наоѓаат на самите влезови кон Охрид и Струга. Рамиз Мерко вели дека депонијата во неговиот град се одржува и е добра…
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил објави дека родителите или старателите доколку наидат на потешкотии при пријавување на своето дете за вакцинација на сајтот vakcinacija.mk, треба да го проверат статусот на неговото евидентирање, односно дали тоа е осигуреник во базата на Фондот за здравствено осигурување. Оние деца кои немаат здравствено осигурување, или немаат одбрано матичен лекар, посочува министерот, исто така ќе може да се вакцинираат, а информации за термините ќе може да добијат директно на вакциналните пунктови каде ќе се одвива вакцинацијата на деца. Како што денеска информираше Филипче, сајтот vakcinacija.mk за закажување на термини за вакцинација на децата ќе…
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски доби син. Среќната вест ја објави на социјалните мрежи. – Денес ми се роди син, станав татко. Фала на Бог и на жена ми Соња Тодорова што ми дари син и што ме направи најсреќен татко на овој голем празник христијански. Сине жив, здрав и среќен да растеш, пишува тој.
„Ми беше чест и задоволство да бидам директор на една ваква институција како што е Царинската управа“, напиша Горан Сугарески од СДСМ на својот Фејсбук профил. Денес беше неговиот последен работен ден како директор на Царинската управа, откако во меѓувреме беше донесена одлука тој да се кандидира за градоначалник на Прилеп на локалните избори. – Почитувани колеги, Искрено Ви посакувам успешна работа во периодот кој следи. Знам дека сите заедно како тим ќе успеете во унапредувањето на институцијата и Царинската управа ќе остане да важи за водечка царина во регионот, целосно усогласена со стандардите на Европската Унија. Ви благодарам на…