Author: Ivana

Јавното обвинителство смета дека сите битни факти се целосно утврдени и фактичката состојба е целосно јасна и концизна, поради што не предлага повторно изведување на докази, изјави обвинителот Љубомир Лапе на преотворената постапка на судењето за предметот „Тортура”. Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, е вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни, не ја објави најавената пресудата за овој случај со образложение дека на судот не му било јасно кои дејствија ги презеле обвинетите и закажа ново рочиште. Обвинителот Лапе, на денешното рочиште, рече дека…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело „Задоволување на полови страсти пред друг“. Како што соопшти Јавното обвинителство, шеесетгодишниот жител на село Миладиновци е осомничен дека на 3 февруари, на улицата „Беровска“,  во Скопје вршел полови дејствија пред три деца кои не наполниле 14 години. Настанот го забележал сведок кој изреагирал и го избркал обвинетиот од местото. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот, поради опасност од бегство, можност за влијание врз…

Read More

Летните дискотеки во Градскиот парк ќе работат уште оваа сезона, а наесен ќе се уриваат поради изградбата на забавниот парк. Од Град Скопје велат дека изградбата според новиот план, треба да биде проширен и на местото каде сега се наоѓаат летните дискотеки. „Поради кризата и рестриктивните мерки утврдени од Владата, угостителите не беа во можност да ја извршуваат угостителската дејност и претрпеа значајни финансиски потешкотии. Воедно, со подобрување на состојбата со бројот на заболени во земјата, сметаме дека е добро за младите да се овозможи заживување на социјалниот живот во градот, во рамки на она што е дозволено од страна…

Read More

Во пресрет на Вториот министерски состанок за вработување и социјални прашања меѓу министрите на земјите – членки на ЕУ и Западен Балкан, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска утринава присуствуваше на работен појадок, што го организираше австрискиот министер за труд Мартин Кохер за министрите за прашањата од областа на трудот од Западен Балкан. На состанокот, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, присуствуваа и министерката за цивилни прашања на Босна и Херцеговина, Анкица Гуделјевиќ, како и министерот за финансии, труд и трансфери на Косово, Хекуран Мурати. Министерката Шахпаска на состанокот истакна дека Република Северна Македонија и…

Read More

Премиерот Зоран Заев од денеска ја започнува дводневната работна посета на Атина, Грција, а утре ќе учествува на панел дискусијата во рамките на конференцијата на „Економист“ – 25 Тркалезна маса со Владата на Грција на тема: „Од социјално дистанцирање до социјална солидарност“. Премиерот Заев ќе дискутира на важни прашања, како подобрување на соработката и солидарноста во Југоисточна Европа, регионалната соработка, проширувањето на ЕУ, како и зголемување на трговијата и инвестиции во време на превирања. Заедно со премиерот Заев се и заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, како…

Read More

Министерството за образование и наука ќе му додели две парични награди на ученикот Дамјан Давков од Штип за освоени високи места на меѓународни математички натпревари, односно за освоениот сребрен медал на Јуниорска балканска математичка олимпијада и за освоениот бронзен медал на Балканската математичка олимпијада. Двата натпревара беа одржани во 2020 година. – Откако на јавниот повик на МОН за доделување парична награда за освоена прва, втора или трета награда или златен, сребрен, односно бронзен медал на меѓународен натпревар од областа на математиката, информатиката и природните науки, на ученикот, на наставникот кој му го предава предметот од овие области, како и…

Read More

Во последните 24 часа се направени 2.743 тестирање, а регистрирани се 9 нови случаи на КОВИД-19: Тетово – 6, Гостивар – 2 и Охрид – 1. Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Струмица – 3, Крива Паланка и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 897.647 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.741, бројката на оздравени пациенти е 150.114, на починати е 5.486, а бројот на активни случаи изнесува 141. Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е…

Read More

Откако минатата недела, пратениците во Собранието на Република Северна Македонија со мнозинство од 66 гласови, за жал не 90 како на првото читање, го изгласаа нашиот предлог за прогласување на македонскиот дел од Шар Планина за Национален парк, оваа недела беше потпишан и указот од страна на претседателот, со што нашата држава донесе историска одлука и го доби четвртиот Национален парк по прогласувањето на последниот во 1958 година и првиот по осамостојувањето, истакна на денешната прес-конфернеција министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој посочи дека со донесувањето на овој закон се стави под заштита и се овозможи…

Read More

Со зелените коридори на граничните премини овозможуваме брз транспорт и добра регионална соработка, напиша попладнево министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Фејсбук. Како министри од регионот се согласиле да работат на олеснување на процедурите за да го забрзаат транспортот на стока од регионот во земјите од ЕУ. – Ние сме пример за добрата регионална соработка преку иницијативите за изградба на заеднички гранични премини со Србија и останатите земји од регионот, пишува Бочварски.

Read More

Целта е да продолжиме да живееме нормално вакцинирани. Доколку сме вакцинирани во висок процент и има одреден степен со вакцинален колективен имунитет, колку и да е позаразен новиот сој, нема да се повтори претходната слика од претходниот бран бидејќи вакцината е таа што не штити, апелира министерот за здравство Венко Филипче. – Апелирам граѓаните да се јават на пунктовите и да се вакцинираат. Веќе од понеделник сите пунктови ќе бидат отворени и ќе може да се вакцинираат сите оние кои сакаат да се вакцинираат и без да се пријават. Ако сакаме да се вратиме во нормала, ќе мора сите да…

Read More

На високите стручни школи и на факултетите во земјава, во академската 2020/2021 година се запишале 50 881 студент, што е помалку за 1,7 процент во однос на  2019/2020 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, повеќе од половина од вкупниот број запишани се студентки односно 29 482 или 57,9 отсто. Најголем број студенти (83,8 проценти) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 проценти  на приватните високообразовни установи. На прва година студии во 2020/2021 година се запишале 12 365 студенти или 24,3 отсто, соопшти ДЗС и посочува дека тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година втор, трет и повеќепати.

Read More