Author: Ivana

„Репортери без граници“ за првпат вклучија шеф на влада на земја-членка на Европската унија на својата листа на „непријатели на слободата на медиумите“. Па така, на списокот се најде унгарскиот премиер Виктор Орбан. „Откако Виктор Орбан и неговата партија Фидеш дојдоа на власт во 2010 година, тие ги ставија медиумите под нивна контрола чекор по чекор“, објавија од организацијата. „Јавните медиуми се централизирани преку државниот медиумски холдинг МТВА, кој во себе ја вклучува и единствената унгарска новинска агенција МТИ“, соопштија „Репортери без граници“. „Регионалниот печат е во целосна сопственост на бизнисмени кои се пријателски расположени кон Орбан, од летото 2017 година. Во есента 2018 година, скоро 500 провладини медиумски компании се споија во холдинг…

Read More

Министерството за труд и социјална политика од Комисијата за заразни болести побарала да дозволи дополнително зголемување на бројот на деца кои ќе бидат згрижени во градинките согласно постојната епидемиолошка ситуација. Дополнително до Комисијата и до Министерството за здравство и до Комисијата испратиле и списоци со лица кои не се вакцинирани против Ковид-19 со цел да се направат листи на приоритети, со оглед на тоа што, како што истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, од голема важност е децата да доаѓаат во средина во која сите се вакцинирани, со што е намалена можноста за ширење на инфекцијата. -Вакцинацијата…

Read More

За Бугарија, Република Северна Македонија е „болна тема“. Ова го изјави бугарскиот технички министер за надворешни работи Светлан Стоев, како одговор на прашањето за отвореноста на патот на Скопје кон Европската унија за време на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ, пренесуваат дел од бугарските медиуми. Стоев истакна дека влезот на Северна Македонија во ЕУ не зависи само од желбата на Унијата. „Мора да има активности и докази од страна на Скопје за да ги убедат не само европските партнери, туку и Бугарија дека се подготвени да ги решат проблемите што постојат и ни пречат да дадеме зелено светло“, рече Стоев. Техничкиот министер за надворешни работи смета дека односите со Северна Македонија мора да се нормализираат,…

Read More

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа денеска уште еднаш повтори дека со ребалансот на Буџетот ќе бидат исплатени сите субвенции за сточарството. За најавениот протест на сточарите во петок, Хоџа оцени дека се работи за група луѓе кои се злоупотребени политички. -Кога се генерализира „битолските млекари“, треба да се каже дека се работи за одредена група која постојано се злоупотребува политички. Сум се видел со луѓето и немам намера да одговарам на таквите прозивки. Во делот на сточарството сум имал средби со Сојузот на сточари, а сум во постојана комуникација со нив и следната недела ќе има јавна дебата…

Read More

Операцијата врз папата Фрациско е успешно завршена и тој се чувствува добро, соопшти Ватикан. Папата Франциско беше примен во римска болница вчера попладне поради закажана операција на дебелото црево. Портпаролот на Ватикан Матео Бруни изјави дека 84-годишниот папа страда од „симптоматска дивертикуларна стеноза“ на дебелото црево. Операцијата беше извршена во римската болница Гемели, институција каде се лекуваат папите. Првпат папата Франциско беше примен во болница откако беше избран во 2013 година.

Read More

Пратеникот и портпарол на СДСМ Коста Костадинов денеска изјави дека тие ќе ја прифатат резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ. -Позициите на СДСМ во однос на македонскиот јазик и идентитет се кристално јасни и многупати досега потврдувани и кажани во јавноста. Македонските идентитетски линии им се јасни на сите и на нашиот народ и на целата меѓународна јавност. Доколку Христијан Мицковски и ВМРО ДПМНЕ не се сигурни во тоа, ако им треба потврда и во Парламентот, ние како конструктивно парламентарно мнозинство без никаков проблем може да направиме и таков чекор и ќе ја прифатиме резолуцијата таква каква што е каква што всушност и…

Read More

Државниот испитен центар денеска ги објави резултатите на државно ниво од полагањето на екстерните испити од државната матура. Директорката Елизабета Наумовска вели дека овогодинешните резултати споредбено со 2019 година се подобри што укажувало на тоа дека и со онлајн наставата се постигнале повисоки резултати и успеси. – Изразено во бројќи средната оценка на државно ниво изнесува 3,61 а во 2019 година средната оценка била 3,48, вели Наумовска. Од попладнево резултатите же бидат објавени на огласните табли на училиштата и на сајтот на Министерството за образование. Од денеска почнува да тече тридневниот рок за приговори на учениците, а цената на поднесокот…

Read More

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец јуни 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 5 јули 2021 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се…

Read More

Младите лекари да не стравуваат затоа што имплементирањето на политиките коишто се однесуваат на нивниот стручен напредок ги правиме заедно со нив, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Тој истакна дека Програмата за специјалистички и супспецијалистички кадри пред две недели беше усвоена на седницата на Владата на Република Северна Македонија. Вкупно 498 специјализации и 87 супспецијализации се одобрени и ќе бидат распишани наскоро, согласно барањата на јавно-здравствените установи. Станува збор за студенти од Медицинскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, но и од Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип. -Минатата година само, немаше рапишано конкурс за специјализации, поради…

Read More

Министерството за образование и наука потсетува дека до 15 јули е отворен Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во земјава за учебната 2021/2022 година. Право на сместување имаат ученици кои се запишани како редовни во средното образование во учебната 2021/2022 година. Треба да се државјани на Република Северна Македонија; да се запишани на наставен план и програми кои не се застапени во општината, односно градот Скопје каде што ученикот има постојано место на живеење; училиштето во кое ученикот е запишан да е оддалечено најмалку 25 километри од постојаното место на живеење и да има организирано јавен превоз; училиштето во…

Read More

Премиерот Зоран Заев денеска треба да биде првиот граѓанин што ќе аплицира за нов пасош со името „Република Cеверна Македонија“. – Јас ќе бидам првиот, во понеделник сабајле што ќе аплицирам, ќе го земам првиот пасош. Тоа се подготвени документи, министерот за внатрешни работи ми ги презентираше во вторникот на Владата и буквално, од петок ќе почне реализацијата. Еве уште едно ново исполнување од наша страна на Преспанскиот договор, наведе Заев во интервјуто за ТВ21. Инаку по правило од 1 јули требаше пасошите што ќе се издаваат да бидат со новото уставно име Република Северна Македонија, согласно Преспанскиот договор. Ова…

Read More

Доколку не се вакцинираме и не постигнеме колективна имунизација, на есен може повторно да се воведат нови мерки поради тоа што новиот делтата вирус е многу позаразна и се пренесува побрзо, вели проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ од соседна Србија. Според него, пресудниот месец е септември бидејќи  тогаш  започнуваат училиштата, луѓето се враќаат од одмори, од странство. Октомври ќе покаже дали претходниот ги почитувавме мерките и стекнавме колективна имунизација, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб, проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ. – Животот мора да се врати и сите го знаеме тоа. Луѓето, особено младите, сакаат да патуваат, да излегуваат, да се…

Read More