Author: НОВА ТВ Balaban

Сепак, сигурен сум дека откако веќе јавно се говори за проблемите и се работи на нивно решавање и откако конечно се носат вистински системски решенија, потребно да се опстои на патот по кој тргнавме. Патот на реформите, а резултатите сигурно ќе дојдат, рече Маричиќ. Во новогодишната честитка упатена до граѓаните, министерот за правда, Бојан Маричиќ, вели дека треба време за да се амортизираат ударите кон правната држава, кои се, нагласува тој, „секојдневни, од различни центри на моќ“. – Реформите во секторот со кој раководам не се ниту брзи, ниту едноставни. Удари кон правната држава има секојдневно, од различни центри на…

Read More

На 30.12.2021 во 16.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(24) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени 800 парчиња пиротехнички средства – петарди. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да се спречи ценовен шок за граѓаните, изјави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. Покачувањето на цената на струјата за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Дополнително се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, евтината тарифа во недела и рестрикции нема да има. Со цел да се помогне на потрошувачите од ранливата категорија граѓани, Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на овие потрошувачи на енергија…

Read More

Новата цена на електричната енергија ќе важи од сабота, 1 јануари в година, а  остануваат да  важат ноќната евтина тарифа и таа во недела.  Цената на струјата се зголемува за 9,48% и се укинува дневната евтина тарифа која важеше од 14 до 16 часот, изјави денеска на прес конференција  претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ), Марко Бислимовски. Новата цена на електричната енергија ќе важи од сабота, 1 јануари в година. Бислимовски рече дека остануваат да  важат ноќната евтина тарифа и таа во недела.  Тој појасни дека доколку не се одвоела дневната евтина тарифа од 14-16 часот,…

Read More

За шест месеци во 2017 година, на пример, граѓаните собрале и  предале само 419 литри употребено масло, а за истиот период оваа година – од јануари до мај 2021 – предадени се 2. 824 литри искористено масло Се зголемува интересот кај граѓаните и компаниите во земјава за собирање искористено масло за јадење, кое потоа се рециклира. Почнувајќи од 2009 година досега, само од домаќинствата во земјава биле собрани над 15 тони отпадно масло, а вкупно и од индустриското  производство, над 5.000 тони. За шест месеци во 2017 година, на пример, граѓаните собрале и  предале само 419 литри употребено масло, а…

Read More

Денеска министерот за здравство д-р Венко Филипче одржа работен состанок со синдикалните здруженија на здравствените работници, на кој се потпиша анекс на колективниот договор според кој во годината што следува е предвидено да се реализира зголемување на платите за 5% за сите вработени во здравството. Вкупно 600 милиони денари се издвоени за оваа намена за 2022 година, информираат од Министерството за здравство. Во изминатите 4 години оваа Влада го врати достоинството на лекарите и медицинскиот персонал. Основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени…

Read More

Секој жител во 2020 година создал по 452 килограми комунален отпад, што е раст од четири килограми во однос на 2019 или дури 68 килограми повеќе споредено со 2016 година. Од вкупно создадени 913 илјади тони комунален отпад, околу две третини или 630 тони се собрани и завршиле на депонија. Најмногу произведен и рециклиран отпад е од хартија, покажува Статистичкиот годишник на Државниот завод за статистика за демографските и социоекономските состојби во Република Северна Македонија во 2020 година. Комуналниот отпад го опфаќа отпадот од домаќинствата, вклучувајќи го масивниот отпад, сличен отпад од комерцијални и трговски дејности, службени згради, институции и мали бизниси,…

Read More

Изминатиов период се завршени сите неопходни процедури за пуштање на жичницата  во функција од технички и безбедносен аспект.  Во изминатиов период направен е редовен годишен преглед од овластена институција, мониторинг од Државен инспектор за жичници, како и редовен технички преглед. Жичницата е повторно функционална и скопјани можат да ја користат –  изјави директорот на ЈСП Иван Илиевски на денешната проверка што ја изврши заедно со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, информираа  од Градот Скопје. Воедно во оптек се пуштени и трите автобуски линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б). За градоначалничката Арсовска жичницата е неопходност за скопјани. – Долго време…

Read More

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка и поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „Узурпација на недвижности“ според член 225, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Јавното обвинителство, обвинетата 63-годишна жителка на Скопје на 10 јуни во селото Маврови Анови, без одобрение почнала да гради градба од левата страна на регионалниот пат во правец кон Дебар. Притоа узурпирала и заградила со метална ограда површина од 100 метри квадратни. 

Read More

Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК се очекува вечерва да излезе од притвор, откако Апелацискиот суд му ја уважи жалбата, потврди судијката Татјана Дуковска за Нова ТВ. Апелацискиот суд пред една недела на Мијалков му определи мерка на претпазливост наместо притвор за судскиот предмет „Трезор“,  според која тој требаше да се јавува во судот и да го приложи пасошот, откако неговите адвокати гарантираа со над 11 милиони евра, дека ќе биде достапен на судот. Ваквата одлука предизвика бурни реакции во јавноста, а отчет од судиите кои решаваа за притворот на Мијалков, побара и министерот за правда Бојан Маричиќ. Поранешниот шеф…

Read More

На 28.12.2021 од страна на полициски службеници од Полициската станица Гази Баба биле лишени од слобода С.Ј.(35) од с.Брест и Б.Х.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“. Имено, според пријава во 15.30 часот од член на комисија за полагање на возачки испит во испитен центар на подрачјето на Гази Баба, при проверка на лична карта приложена од кандидат за полагање на возачки испит било утврдено дека таа била фалсификувана, односно била на име А.Ј., со податоци на С.Ј., а фотографијата била на Б.Х. При  извршениот службен…

Read More

Над 95% од втората фаза од магистралниот пат Куманово – Страцин е завршена, модернизацијата на овој магистрален пат како дел од Коридорот 8 е од особено значење за целата држава, изјави заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, кој денеска, заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, беа на увид на завршување на градежните работи на овој магистрален пат. Во оваа втора фаза се рехабилитираа 16,6 километри од селото Војник до Страцин. Вкупната вредност на инвестицијата е близу…

Read More