Author: НОВА ТВ Balaban

Народното собрание на Бугарија денеска како прва точка од дневниот ред ќе расправа за усвојувањето одлука со која се одобрува предлогот на француското претседателство со ЕУ за преговарачка рамка за Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Софија. Повеќе од три и пол часа членовите на парламентарната Комисија за надворешни работи синоќа дебатираа за трите предложени решенија. Не успеаја да ги спојат предлозите во еден, но го поддржаа предлогот на Демократска Бугарија и Христо Иванов. Главниот аргумент на владејачката Продолжуваме со промената да не ги поддржи другите две предлог-одлуки е да нема шпекулации дека гласале заедно со ГЕРБ…

Read More

Претпладнево на места ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд со ретки грмежи. Попладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, максималната ќе достигне од 27 до 34 степени, а УВ индексот – 7. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, претпладне со услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 31 степен. Во…

Read More

По скандалот со приемните испити во СУГС „Орце Николов“ каде од 292 ученици со сите петки, само 11 покажале одличен успех на тестот, се огласи и министерот за образование. Јетон Шаќири за Алфа изјави дека „уписот во гимназијата „Орце Николов“ само ја покажа реалната слика на образовниот систем во Македонија, на кој мора сериозно да се работи“. – Искрено да ви кажам, дали сум задоволен од резултатите – не сум, разочаран сум од последните случувања во скопската гимназија „Орце Николов“, каде голем дел од учениците вештачки добиваа петки, односно одличен успех. Да се имаат предвид, но и да се испитаат…

Read More

На вториот ден од штрајкот во јавниот сектор, зголемување на платите за 2.880 денари ќе добијат сите 190 вработени во ЈП Дрисла. Куриозитет е што ова е најава за прво линеарно покачување на платите откако функционира ова јавно претпријатие.  – Почитувани, со оглед на тешката економска и социјална положба, ценовните шокови и инфлацијата која ја чувствуваат граѓаните, а во насока на нашите заложби за поддршка на стандардот и заштита на економската моќ на вработените, директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски ќе предложи на Управниот одбор на јавното претпријатие носење на одлука за зголемување на платите. Носењето на позитивна одлука од…

Read More

Според прогнозите на ЕЦДЦ, подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5 ќе бидат доминантни во целата Европска Унија. Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија. Инфекциите се во пораст во повеќе земји вклучувајќи ги Португалија, Германија, Франција, Грција, Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија, според податоците од проектот Нашиот свет во податоци (Our World in Data) на универзитетот Оксфорд, што ја следи пандемијата. Според прогнозите на ЕЦДЦ, подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5 ќе бидат доминантни во целата Европска Унија. Нови студии…

Read More

Денеска во 08.50 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.А. (22) од село Глумово, скопско. Тој бил баран со потерница поради бегство од казнено-поправната установа Затвор Скопје. Лицето ќе биде спроведено во установата за издржување на казната.

Read More

За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек. Авионот на „Кроација ерлајнс“ кој синоќа слета на пистата на меѓународниот аеродром во Сараево од Загреб има штета за која се претпоставува дека е предизвикана од огнено оружје, дознава „Кликс.ба“. Пилотот кој управувал со авионот по пристигнувањето на сараевската писта пријавил оштетување на трупот на авионот, а според првите неофицијални информации штетата настанала од истрели од огнено оружје. За случајот е информирано Обвинителството на БиХ, а истрагата на пистата на сараевскиот аеродром е во тек.

Read More

Делумната забрана за движење во шума ќе стапи на сила од 24.06.2022 година и ќе трае се до проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари, односно до нејзиното отповикување, се наведува во соопштението на „Национални шуми“. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите, даде согласност за воведување делумна забрана за движење во шумите и шумското земјиште во периодот од 6:00 до 20:00 часот. Забраната стапува во сила од утре и се воведува со оглед на зголемената опасност од појава на шумски пожари…

Read More

Трговците и извозниците од Струмичко стравуваат дека во јули и август ќе бараат килограм повеќе домати и краставици, бидејќи производството на овие две градинарски култури од година во година постојано се намалува, а во оваа производствена сезона тоа е преполовено. Според трговецот Благој Витанов од компанијата „Империјал фруит“ таквата состојба е карактеристична за последните неколку години и се должи на сменетата структура на градинарското производство. – Високите откупни цени, но и изгор цените на пазарите на мало, ќе се должат на драстично намаленото производство. Пред неколку години а и лани, во текот на летото, доматите и краставиците се откупуваа по…

Read More

Димовски ја повика Владата да се реши проблемот, преку амандман со ребалансот на Буџетот или со општиот колективен договор, укажувајќи дека, за разлика од 1. Мај кога им ветиле повисока плата, денеска никој не ги пречекал. Работникот дојде  по ветеното и своето, порача денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Дарко Димовски, од собирот на членството на ССМ пред зградата на Владата, во рамки на активностите од генералниот штрајк што го спроведуваат во јавниот сектор втор ден со барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари и враќање на правото за регрес на годишен одмор. Димовски ја…

Read More

Рејтингот на Бајден се приближува до најниското ниво на неговиот претходник Доналд Трамп, кој во декември 2017 година имаше поддршка од 33 отсто од испитаниците. Рејтингот на американскиот претседател Џо Бајден четири недели по ред бележи пад и сега изнесува 36 отсто, што е најниско ниво од крајот на мај годинава, покажуваат резултатите од анкетата на Ројтерс и Ипсос. Анкетата покажува дека 73 отсто од демократите го поддржуваат Бајден, што е за еден отсто помалку од минатата недела. Во август минатата година Бајден беше поддржан од 85 проценти од демократите. Кај републиканците рејтингот на Бајден се намали од 11 на…

Read More