Author: НОВА ТВ Balaban

Тој потврди дека Горан Стојков, поранешен командант на Единицата „Лавови“, кој се бараше со потерница за издржување казна затвор од една година, е лоциран и уапсен вчера.   Преземеме сериозни активности во насока на борба против тероризмот или спречување на какви било активности коишто би можеле да предизвикаат загрозување на безбедносната состојба. Во овој момент нема никакви индикации за какво било нарушување на безбедносната состојба во државата, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Ова е сериозен предизвик и предизвик којшто не е сега и нема да заврши, туку предизвик којшто стои пред нас и токму заради тоа сите надлежни органи…

Read More

МВР информира дека вчера во 17.10 часот на улица „Цветан Димов” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги од СВР Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Б.М. (55). Тој бил баран со потерница од Основен суд Скопје 1 за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната, соопштуваат од МВР.

Read More

Со американска донација од 475.000 долари реновиран е објектот во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“, кој е оперативен штаб на Единицата за брзо распоредување. Донирано е и едно санитетско возило за потребите на оваа Единица. На пригодната церемонија по повод пуштањето во употреба на реновираниот објект на која присуствуваше и американската амбасадорка во нашата држава Кејт Мари Брнз, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски истакна дека станува збор за уште важна донација од Европската команда на Армијата на САД реализирана преку ИЦИТАБ Програмата – Меѓународната програма за поддршка во обука во доменот на кривичните истраги при американската Администрација. а добиена преку…

Read More

Без вода денеска ќе бидат корисниците на дел од Долно Лисиче. Прекинот во водоснабдувањето, како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје е поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „2/56“ Долно Лисиче. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:40 часот до завршување со санација на дефектот. Поради уличен дефект ф- 80 мм на ул. „Јордан Мијалков“ 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:40 часот до завршување со санација на дефектот.

Read More

Најбрзо растечки осигурителен производ и годинава останува приватното здравствено осигурување. Десет осигурителни компании од продажба на вакви полиси инкасирале 35 отсто повеќе од истиот период лани. Продажбата  достигна 300 милиони денари (4,9 мил.евра). Продажбата на полиси за осигурување имот достигна 30 милиони евра. Во приватно здравствено осигурување се вложени 4,9 милиони евра. Осигурувањето од општа одговорност порасна за 27 отсто, а вложувањата во осигурување од финансиски загуби надмина еден милион евра што е 10 отсто повеќе од лани. Осигурениците за девет месеци склучија 1,13 милиони договори за неживотно осигурување или 277.000 повеќе од лани Граѓани, фирми и институции вложија 7,5…

Read More

Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе биде изведена операта „Травијата“ од Џузепе Верди под диригентската палка на Бисера Чадловска, во режија на Верена Штојбер (Германија). Главната улога на Виолета Валери ќе ја толкува Наде Талевска, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи Благој Нацоски, а во улогата на Жорж Жермон,  Марјан Јованоски. Во останатите улоги ќе настапат Марика Поповиќ, Александра Лазарoвска Василевски, Васко Здравков, Драган Ампов, Дејан Стоев, Борко Биџовски, Игор Гиновски и Диме Петров. Сценографијата и костимографијата е на Софија Шнајдер од Германија, а кореограф е Саша Евтимова. Настапуваат оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл на Националната опера…

Read More

Садетин и Несрин Узеирови не можат да ѝ се изнагледаат на својата ќеркичка Бехра, која завчера стаса во својот дом во велешкото село Јаболчиште, по 67 дена поминати на интензивните одделенија на ЈЗУ Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Таа е бебе – херој, родена е предвреме на 8 октомври, со тежина од само 665 грама, со должина од 30 сантиметри, а од клиниката беше испишана со 2.190 грама телесна тежина. Состојбата била многу сериозна, а за да преживее, бебето Бехра морало да дише и преку машина за вештачко дишење. – Пресреќни сме што нашата прва рожба, Бехра, нашиот…

Read More

Во случај на победа над актуелните европски прваци, македонските фудбалери во финалето за пласман на Мундијалот ќе играат против победникот од дуелот меѓу Португалија и Турција, кој ќе се игра на стадионот „Драгао“ во Порто. Македонската фудбалска репрезентација ќе има поддршка од 1.300 свои навивачи на трибините на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, на кој на 24 март против домаќинот Италија ќе го одигра полуфиналниот бараж за пласман на Мундијалот 2022 во Катар. Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), соопшти денеска дека за македонските навивачи се предвидени пет проценти од вкупниот капацитет од 36.000 седишта на стадионот во Палермо. Во случај…

Read More

Пендаровски по оставката на Заев треба да му додели мандат на новиот мандатар. Согласно Уставот, претседателот е должен во рок од десет дена да го довери мандатот на партијата, односно партиите што имаат мнозинството во Собранието. Претседателот Стево Пендаровски следната недела, в среда, на 22 декември, ќе се обрати пред пратениците во Собранието. Пендаровски, како што веќе е најавено на веб страницата на законодавниот дом, ќе го одржи своето обраќање пред пратениците во рамки на 56 собраниска седница. Обраќањето на шефот на државата, според агендата, објавена на собранискиот сајт е најавено за 12 часот. Пендаровски, како што е вообичаено, ќе…

Read More

Да не останеме слепо црево и во иднина патот да го гледаме на двеста метра, а да мораме со километри да вртиме да се приклучиме на тој брз пат. Ја добивме поддршката и од градоначалникот и од советниците во Советот на општината, соопшти Коцев. Градоначалникот на Росоман да реагира кај надлежните државни институции во врска со проблемот на жителите на село Сирково, кои бараат приклучок кон новиот брз пат Градско-Прилеп и да се вратат во првобитна состојба двата патни правца кои се користат при градбата на новата делница. Ова е заклучокот од седницата на Советот на росоманската општина, за кој…

Read More

Денеска (16.12.2021) околу 07.00 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Б.А.(21) од Штип, со живеалиште во с. Старо Балдовци, општина Босилово. При претрес во неговото живеалиште, извршено со судска наредба, во дворот и внатре во куќата биле пронајдени и одземени марихуана, стебла од растението канабис и други предмети. Известен е  Јавен обвинител и по целосно документирање и расчистување на случајот против Б.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Read More

Ахмети и Баумгартнер разговараа за последните политички случувања во Северна Македонија, важноста на политичката стабилност и конзистентност за земјата да продолжи со нејзиниот пат кон Европската Унија и што побрзото решавање на спорот со Бугарија, информираа денеска од  Демократската Унија за Интеграција.  Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети се сретна денес со Амбасадорот на Република Франција во Северна Македонија, г. Кирил Баумгартнер. Ахмети и Баумгартнер разговараа за последните политички случувања во Северна Македонија, важноста на политичката стабилност и конзистентност за земјата да продолжи со нејзиниот пат кон Европската Унија и што побрзото решавање на спорот со Бугарија,…

Read More