Author: НОВА ТВ Balaban

Најновиот проект на „Алкалоид“ АД Скопје вклучува бенефиции за децата на вработените, преку финансиска партиципација на компанијата во износ од 1.000 денари од дете на вработен на месечно ниво, наменети за доедукација од областа на странските јазици, курсевите за компјутери, спортските и рекреативните активности, како и на активностите од областа на науката и на културата, во текот на целата учебна година. Во проектот се опфатени деца од сите категории на вработените во „Алкалоид“ АД Скопје – деца од предучилишна возраст и оние кои се редовно запишани во основно и во средно училиште. „Во процесот на иницирање на овој нов проект бевме фокусирани на повисока цел – нашите деца, кои се нашата иднина. Сакавме да поттикнеме практикување воншколски активности и ангажмани, кои, како дополнителни вредности и знаења, активно ќе…

Read More

По минатотогодишното онлајн издание, Винарската визба „Тиквеш“ оваа година ја продолжи традицијата на Фестивалот на младо вино во својот вообичаен формат и на добро познатата локација. Оваа година, наместо два, фестивалот се одвиваше во текот на три дена, со цел да се обезбеди што поголем број јавни личности, соработници на винарницата, претставници на дипломатскиот кор, институциите, бизнис секторот и на медиумите од земјава и регионот да можат да уживаат во младите вина од последната берба, а притоа да се чувствуваат безбедно, почитувајќи ги пропишаните мерки за заштита од ковид-19, соопштија денеска од Винарската визба „Тиквеш“. „Ме радува што сме повторно…

Read More

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 212.375, бројот на оздравени пациенти е 196.636, на починати е 7.449, а бројот на активни случаи изнесува 8.290. Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 1.179 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 113, Кавадарци – 8, Куманово и Битола – по 6, Прилеп и Кочани – по 4, Ресен – 3, Охрид, Гевгелија и Неготино – по 2, Струга, Крива Паланка, Берово, Делчево и Македонски Брод – по 1.…

Read More

Би била најсреќна кога свеста кај луѓето се поттикнува индивидуално, но тоа не е случај. И овие мерки кои сега се предлагаат, се носат и во други држави. Се надевам дека тоа ќе биде прифатено на позитивен начин. И можеби ни е потребна подобра информативна кампања, малку поголема отвореност, дискусија и да видиме зошто граѓаните не сакаат да се вакцинираат, вели Грозданова. Последните недели се соочуваме со намален интерес за вакцинација и следните чекори се во насока на тоа, како да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од имунизација, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет на Универзитетот…

Read More

Сопругата на претседателот, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, денеска учествуваше на панел дискусијата по повод одбележувањето на Европскиот ден за подигање на свеста за цистична фиброза насловена:„Цистична фиброза – надвор од нашата битка“. На панелот се дискутираше за предизвиците при третманот и лекувањето на лицата со цистичната фиброза, за функционирањето на Центарот за цистична фиброза и борбата на заедницата за пристап до модуларната терапија и останатите потребни лекови, согласно европските протоколи. Г-ѓа Ѓоргиевска во своето обраќање ги поздрави напорите на сите надлежни и инволивирани институции, посочувајќи дека е неопходен заеднички ангажман и системски решенија за лицата кои се борат со цистична фиброза…

Read More

Бебе почина како последица од инфекција со коронавирусот на Универзитетската детска клиника Тиршова во Белград, јавуваат српските медиуми. – За жал, првото бебе кое беше хоспитализирано кај нас со само 10 дена старост почина минатата недела по речиси шест недели борба за живот, изјавила д-р Снежана Рсовац, од Детската клиника. Во оваа установа, додава Рсовац, се сместени уште две бебиња, а нивната моментална здравствена состојба е добра. – Едномесечното бебе е на интензивна нега, а другото бебе полека се опоравува иако долго време беше на респиратор, појаснува таа. Сите други деца на Детската клиника Тиршова, како што посочува д-р Рсовац,…

Read More

Новиот објект за исхрана, за чија реконструкција се издвоени околу девет милиони денари, соопштија денеска од МВР, е изграден  по  највисоки полициски и ХАСАП стандарди, а во склоп на објектот се наоѓа кујна оспособена за приготвување храна во текот на 24 часа седум дена во неделата. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, заедно со дел од раководството на МВР, денеска  во касарната  „Илинден“ присуствуваше на пуштањето во употреба на нов објект – кујна за потребите на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“. – МВР инвестираше  во  целосна реконструкција на објект во  касарната „Илинден” што  го  доби на трајно користење од  Министерството за одбрана,…

Read More

Во случај ова барање да не се прифати, КСС најавува дека ќе ги активира сите расположливи синдикални средства за одбрана и унапредување на своите права, не исклучувајќи ги и најрадикалните како што се масовни протести и генерален штрајк во сите дејности во јавниот сектор. Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара од пратениците во текот на расправата за Предлог-буџетот да интервенираат со цел да се овозможи правична распределба на буџетските средства во делот на платите. Од КСС, од името на  50.000 членови, бараат платите да се усогласуваат согласно Законот за минимална плата со цел да нема ситуација во која двајца вработени…

Read More

Дизел гориво                          ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)                        66,50  (денари/литар) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03% во однос на Одлуката од 15.11.2021 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 денари/литар, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 денари/литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за…

Read More

Говорејќи за состојбата во државата, министерот образложи дека болниците се полнат со невакцинирани пациенти, односно процентот на невакцинирани, а хоспитализирани се движи од 75% до 80%. Ваков вид, но и доста поригорозни мерки има насекаде во регионот, Бугарија, Хрватска, Словенија, Грција, како и Австрија, Холандија и други. Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, утрово на Главниот Координативен Кризен Штаб (ГККШ) ги предложи мерките на Комисијата за заразни болести кои со консензус беа усвоени на состанокот, минатата недела. Министерот посочи дека мерките кои ги предлагаат здравствените експерти се целосно издржани и ќе дадат резултат и за одржување на релативно стабилната епидемиолошка…

Read More

Несекојдневна глетка се случила вчера на Шар планина и истата била забележана на видео камерите поставени среде шумата. Имено, додека мајка со двете мали мечиња правеле прошетка низ густата шума на Шар планина или додека можеби биле во потрага по храна, застанале точно пред камерата и ја овековечиле оваа несекојдневна ситуација. Мајката и малите мечиња во еден момент се исправуваат како да наслушнуваат дека се во опасност, а потоа за миг и делуваат како да се исплашиле, но, сепак, на крајот сето тоа изгледа симпатично.

Read More

Оштетениот со својот автомобил и негов роднина се движел по патот низ селото Чегране, а еден од осомничените бил застанат со автомобилот сред пат пред куќата на другиот осомничен. Во тој момент јавниот обвинител им блиндирал со светлата за да го ослободат патот. Откако оштетениот поминал со возилото, осомничените со автомобилот продолжиле да го следат, па кога застанал започнале да го навредуваат и агресивно да се однесуваат затоа што им блиндирал. Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица – двајца полнолетни и еден малолетник, кои се осомничени за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка…

Read More