Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. д-р Грозданова: Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката, тогаш не би требало да бидат дел од здравството

0
By НОВА ТВ Balaban on November 22, 2021 ПОЛИТИКА
Aleksandra Grozdanova
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 22, 2021 15:28

Би била најсреќна кога свеста кај луѓето се поттикнува индивидуално, но тоа не е случај. И овие мерки кои сега се предлагаат, се носат и во други држави. Се надевам дека тоа ќе биде прифатено на позитивен начин. И можеби ни е потребна подобра информативна кампања, малку поголема отвореност, дискусија и да видиме зошто граѓаните не сакаат да се вакцинираат, вели Грозданова.

Последните недели се соочуваме со намален интерес за вакцинација и следните чекори се во насока на тоа, како да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од имунизација, вели проф. д-р Александра Грозданова од Фармацевтскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) и национална координаторка за имунизација.

На денешниот онлајн разговор на тема „Имунизација во државава“ таа посочи дека во нашата држава се вакцинирани околу 48 отсто од полнолетните граѓани, што е оптимален процент во сите држави во регионот, но е далеку од она што треба да биде.

– Во овој есенски бран ги гледаме бројките и во околината и пошироко, кои се далеку од добри. Има најава за сериозен пик и тука е нашата интенција, на некој начин да го зголемиме опфатот на вакцинирани, вели професорката Грозданова, која додава дека процентот на оние кои самоиницијативно се решаваат за вакцинација се движи околу 50 отсто, а потоа се применуваат мерки за да се стимулира имунизацијата.

– Би била најсреќна кога свеста кај луѓето се поттикнува индивидуално, но тоа не е случај. И овие мерки кои сега се предлагаат, се носат и во други држави. Се надевам дека тоа ќе биде прифатено на позитивен начин. И можеби ни е потребна подобра информативна кампања, малку поголема отвореност, дискусија и да видиме зошто граѓаните не сакаат да се вакцинираат, вели Грозданова.

Таа потенцира дека досега во светот се дадени 7,7 милијарди дози на ковид-вакцини, 53 проценти од светската популација е вакцинирана.

– Сега прашањата се околу безбедноста на вакцините и нивната ефикасност, дали е потребна трета доза. На овие прашања треба да одговориме. Свесни сме дека медиумскиот простор, особено социјалните мрежи, дозволија да се шират голем број на дезинформации. Кога се говори за здравје, тие дезинформации делуваат и на друго лице. Огромен број на индивидуални ставови, кои не се поддржани со ниту една референца, ниту со релевантна институција, а тие ставови се шират. И како што велат, неколку пати кажана невистина, станува вистина, посочува Грозданова, која напоменува дека тој проблем со дезинформации е на светско ниво.

Особено, за неа е опасно, кога такви невистини шират медицински лица.

– Како здравствен работник, ова ми е болна тема. Овој четврток ќе биде 30-иот семинар за здравствени работници, за едукација за вакцините. Ако здравствените работници се промотори на невакцинирањето, ако не веруваат во науката и медицината, тогаш не би требало да бидат дел од здравството, смета Грозданова.

Таа потенцира дека за здравствените работници не би требало да се дискутира дали се вакцинирани или не, тие треба сите да се имунизирани. Кај нас тој процент на вакцинирани здравствени работници е околу 75.

Директорката на Комитетот за имунизација нагласи дека сите вакцините се безбедни, но кинеските се покажале помалку ефикасни кон делата сојот од мРНА вакцините, особено кон делата сојот, па затоа за засилувачка доза се препорачува „Фајзер“. Во однос на несаканите ефекти, досега кај нас не бил пријавен случај некој да биде доведен во живото загрозувачка состојба од вакцина. Грозданова напомена дека експертите излегуваат со препораки во однос на вакцините. Па така, за вакцината на „Фајзер“ кај помлади мажи, под 35 години, се појавило воспаление на срце.

– Но, од она што го гледаме станува збор за минлива состојба, далеку од живото загрозувачка. Истото тоа го имавме и со „Астра Зенека“. Имаше препораки таа да не се дава на помладата популација. Но, потоа се виде дека оваа вакцина е високо безбедна и за помладата популација, објаснува професорката, која посочи дека досега имало разни препораки за разни вакцини, но сега имаме доволно искуство за да се види која вакцина како реагира.

Таа посочи дека најкомпетентни за одговор за несакани дејствија од вакцините се од МАЛМЕД. Но, доколку имало некој случај на некој да му биде загрозен животот поради вакцина, тогаш од МАЛМЕД сигурно би го информирал Комитетот за имунизација, а такво нешто досега нема.

За оние кои треба да патуваат во држави во кои не се признаени некои вакцини, како „Спутник В“, Грозданова вели дека тој проблем би требало да се реши со примање на трета, „бустер“ доза од вакцината „Фајзер“.

Професорката Грозданова меѓу другото посочи дека кај луѓето ковидот делува различно и поради тоа е потребен индивидуален пристап кон лекувањето на пациентите.

Александра Грозданова вакцинација Интерес Фармацевтскиот факултет
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.