Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
На аеродромот „Истанбул“ во Турција денеска е уапсен Самир Хандал, осомничен за атентатот на претседателот на Хаити Жовенел Моиз, јави Анадолија. Хандал, за кого Интерпол распиша црвена потерница, патувал од САД во Јордан преку Истанбул, а приведен е на аеродромот во 6:55 часот по локално време. Според инструкциите од Министерството за правда, осомничениот со налог за привремено апсење во траење од 40 дена е префрлен во Главното обвинителство „Гази Осман-паша“, а потоа е пратен во затвор. Претседателот Моиз на 7 јули беше убиен во вооружен напад што група непознати напаѓачи го извела во неговиот дом во Порт-о-Пренс. Потоа привремениот премиер…
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 29 прекршоци односно исто толку пешаци кои не ги почитувале одредбите на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира портпаролот Марјан Јосифоски. Тетовската полицијата казнуваше пешаци за непрописно преминување улица и други прекршоци предвидени со законот за безбедност во сообраќајот на патиштата. Од 8 до 13 часот откриени и санкционирани се вкупно 29 прекршоци, како што се небезбедно преминување улици, непочитување на светлосна сигнализација, некористење тротоари за движење. – На подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола на пешаци и на нивното однесување како учесници во сообраќајот. При контролата биле откриени и санкционирани…
По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната година планираме да се прошириме и во сегментот на мобилната телефонија, рече Лучиќ на прес-конференцијата МТЕЛ, членка на Телеком Србија групацијата од денеска почна со работа на македонскиот телекомуникациски пазар, со продажен салон во Скопје со понуда за сателитска телевизија. Амбициите на групацијата, како што најави раководството, се од следната година да нудат и телекомуникациски услуги и дигитални сервиси. Генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, најави новини и пресврт на телекомуникацскиот пазар во државава. – По првиот сервис со којшто ќе стартуваме – сателитска телевизија, од следната…
Ибрахими објаснува дека, сега-засега, тие остануваат во опозиција, а за секој нов предизвик, како што вели, ќе се произнесат. Сепак, прво ќе почекаат да се случи средбата на нивниот лидер Африм Гаши и Заев, за да слушнат кои се размислувањата на премиерот во однос на партиципирањето на Алтернатива во новото мнозинство, а и неговата понуда, а потоа ќе заседаваат партиските тела. Алтернатива ја прифати поканата на премиерот во оставка Зоран Заев за средба со лидерот Африм Гаши, но каква ќе биде нивната одлука околу можноста партијата да стане дел од парламентарното мнозинство, односно дел од Владата ќе се знае наредната…
Студијата беше спроведена во јули на 196 целосно вакцинирани лица во Монголија, каде што се користеа сите четири типа вакцини, што е ретко. Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на ковид-19. Вакцината на „Фајзер – Бионтек“ го произведе најсилниот имунолошки одговор на телото против ковид-19 од четирите вакцини тестирани во студија објавена во списанието „Cell Host and Microbe“. Според ова истражување, луѓето вакцинирани со „Синофарм“ може да бидат најподложни на ковид-19. Истражувачите го споредија имунолошкиот одговор на телото кај луѓе вакцинирани со „Фајзер“, „Астразенека“, „Спутник“ и „Синофарм“, а студијата беше спроведена во јули на 196…
Јас сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев три“ влада, предводена од претседателот Заев, без разлика дали ќе се сменат 3,5 или 7 министри, а дали ќе добиеме „Заев четири“ влада ќе видиме, мислам дека тој ќе остане на неговата лична одлука за повлекување, но сметам дека во овој период ни е повеќе од потребен, бидејќи не смееме да испуштиме одредени процеси, рече Битиќи, соопштија денеска од СДСМ Потпретседателот на СДСМ Фатмир Битиќи за „Утрински брифинг“ истакна дека во период кога треба да се донесе државниот буџет, кога, за жал, ни претстои тешка состојба со пандемијата, енергетска криза, треба да бидеме…
Командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ, како дел од агендата за воено интегрирање на Република Северна Македонија во структурите на НАТО, кое формално ќе се означи со денешното потпишување на Заедничката декларација за интеграција, претпладнево се сретна со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски. Како што соопштија од ГШ, по церемонијата за прием со воени почести пред Министерството за одбрана, генералот Филип Лавињ најпрвин се сретна со генералот Ѓурчиновски со кого разговарале за активностите кои ги спроведува Армијата во процесот на трансформација и достигнатото ниво на подготвеност во…
Сега следува консолидација на партијата и понатаму нов мандатар за нова влада. Сметам дека наскоро ќе добиеме „Заев 3“ влада, повторно влада предводена од Заев, со тоа што ќе се сменат шест-седум министри. Мислам дека тој нѝ треба за да продолжат некои процеси, вели Битиќи Ние како Влада не функционираме нормално веќе три месеци поради локалните избори. Работата на сите институции е сведена на минимум, што ме изненади, бидејќи сум нов во политиката. Ние овој период требаше да го донесеме Буџетот, нѝ претстои криза со пандемијата, имаме економска криза, а енергетската криза е нов момент, така што сега не е…
Во текот на вчерашниот ден полицијата на територија на град Скопје изрекла вкупно 177 мерки, меѓу кои 59 за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, девет санкции за нерегистрирани возила, осум за возење под дејство на алкохол и 48 мерки за непрописно паркирање, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР информираат дека продолжуваат со засилените акциски сообраќајни контроли и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел поголема безбедност во сообраќајот и посигурни патишта.
За ова, политичките партии најмалку треба да зборуваат зашто од осамостојувањето на државата до денес немаат ништо направено, ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту СДСМ, рече пратеникот од СДСМ, осврнувајќи се на Предлог-буџетот за 2022 година. Во 1988 година е изграден последниот енергетски објект – РЕК Битола, рече Велковски Буџетот е креиран врз основа на очекуваните економски придвижувања и има развојна компонента. Обезбедува редовна исплата на плати и пензии, го следи правилото на јавните финансии и значително ги крати непродуктивните трошења, истакнаа пратениците од СДСМ во врска со Предлог-буџетот за 2022 година. Како што рече Диме Велковски од СДСМ, има средства и за…
Премиерот Зоран Заев за ТВ Алсат потврдил дека во текот на денот имал комуникација со претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и побарал од него да го избере денот кога сака да се сретнат за да разговараат околу можноста Алтернатива да стане дел од парламентарно мнозинство, односно дел од Владата. Како што објавија од Алсат, побарале став и од Гаши дали ќе одговори на повикот на Заев, но засега немале конкретен одговор. Гаши, во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат во петокот на прашањето дали добиле понуда од СДСМ за разговор за влез во Владата одговори дека немаат ниедна понуда. Принципиелно…
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 45 до 400 евра во денарска противвредност, а екстремно пребрзите ги очекува и заштитна мерка-времено одземање на нивните возачки дозволи од три месеци до една година. Полициски службеници на СВР Тетово денеска од 7 до 10 часот на поширокото тетовско подрачје спровеле засилена контрола на брзината со која се движат возилата во и надвор од населено место. Во контролата биле откриени и законски санкционирани 20 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место. – Од нив…